Тераина (кирибатски и англиски: Teraina) или Вашингтон (Washington Island) е корален атол во Тихиот Океан. Атолот е дел од Линиските Острови во државата Кирибати. Низ историјата островот бил познат и под други имиња како што се Проспект или Њујорк. За разлика од типичните атоли, Тераина има извор на свежа вода, односно езерото Вашингтон, кое се наоѓа во шума од кокосови дрва. Езерото е единственото езеро со постојана свежа вода на Кирибатите.Teeb'aki in Scott (1993)
Димензиите на островот се 5.4 со 2.1 километри и има вкупна површина од 14 км2. Општо гледано островот е низок каде највисоката точка е 5 метри надморска височина. Во источниот дел од островот се наоѓа главниот островски центар Тангкоре. Според податоците од 2006 година, на островот живеат околу 1200 жителиKNSO (2006)
Демографија
thumb|300px|Карта на Линиските Острови. Населението на Тераина живее во 9 села. Во 1978 година на островот имало 416 жители, а во 1990 година биле избрани 936 жители. Табелата ги вклучува селата со податоци од пописот од 2005 година.
број село население(попис од 2005) 1 Абајанг 91 2 Кауамвемве 106 3 Утеуте 72 4 Кајтера 34 5 Тангкоре 203 6 Матанибике 191 7 Арабата 190 8 Мвакејтари 92 9 Онауеја 176 Тераина 1,155
Наводи
Користена литература (2006): 2005 Census of Population and Housing (provisional results). (2007): Rimitara Lorikeet Species Factsheet. Retrieved 2008-FEB-24. (1942): American Polynesia and the Hawaiian Chain (2nd ed.). Tongg Publishing Company, Honolulu, Hawaii. (2007): Constitution of Kiribati . Version of 2007-SEP-10. Retrieved 2007-OCT-10.
Поврзано
Кирибати Острови во Кирибати Линиски Острови
Категорија:Линиски Острови