Меџит (маршалски: MājejMarshallese-English Dictionary - Place Name Index или MājeejMarshallese-English Dictionary - Place Name Index) е остров во Тихиот Океан. Островот е дел од Ратачките Острови во Маршалските Острови и претставува една од општините во државата. За разлика од останатите атоли и острови во државата, Меџит е карпест остров одошто корален атол, но сепак е опкружен од корален гребен и има тесна лагуна. Островот се наоѓа 110 км североисточно од Вотје. Според проценките на островот живеат 300 жители. На островот има езеро со свежа вода и исто така има аеродром.

Историја Првично островот бил именуван „Нова Година“ од страна Ото фон Коцебуе. Во 1884 Германија тврдела дека островот е под нејзина контрола. По Првата светска војна островот бил под јапонска контрола, а по Втората светска војна под американска. По независноста на Маршалските Острови островот станал дел од новата држава.

Наводи

Поврзано Маршалски Острови Острови во Маршалските Острови Ратачки Острови

Надворешни врски Маршалски Острови Меџит на Oceandots

Категорија:Ратачки Острови Категорија:Општини во Маршалските Острови