Лае (маршалски: LaeMarshallese-English Dictionary - Place Name Index) е корален атол во Тихиот Океан составен од 20 мали островчиња. Атолот е дел од Раличките Острови во Маршалските Острови и претставува една од општините во државата. Атолот има вкупна површина од 1.5 км2 и лагуна од 17.7 км2. Атолот се наоѓа на околу 47 км источно од Уџае. Според податоците од 1998 година на атолот живееле 319 жители. Надморската височина на атолот е 3 метри.
Историја Во 1884 година Лае бил под германска контрола. По Првата светска војна атолот бил под јапонска контрола, а по Втората светска војна под американска. Во 1986 година атолот станал дел од независни Маршалски Острови.
Наводи
Поврзано Маршалски Острови Острови во Маршалските Острови Ралички Острови
Надворешни врски Маршалски Острови Лае на Oceandots.com
Категорија:Ралички Острови Категорија:Општини во Маршалските Острови