Вевчани — село во областа Дримкол, во околината на градот Струга, во југозападниот дел на Македонија и седиште на истоимената општина, единствената во Македонија со само едно населено место.

Потекло на името

Името на Вевчани потекнува од старословенскиот збор вес, што значи село. Со додавање на наставка за демоним се добива името на селото — Весчани. Во 17 век селото се викало и Вешчано, а во 20 век се користело и името Вехчани, за конечно да се прифати денешното официјално име Вевчани.

Географија и местоположба

мини|300п|лево|Сретселото на Вевчани мини|300п|десно|Поглед на Вевчанската Локва на Јабланица

Селото се наоѓа во областа Дримкол, во западниот дел на Струшко Поле, чиј атар на источната страна на планината Јабланица, се издига на нејзиниот срт каде што се допира со државната гранична линија со Албанија. Селото е ридско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 820 до 980 метри. Од градот Струга, ова големо село е оддалечено 13,5 километри, а од регионалниот пат Струга-Дебар околу 7 километри.

Вевчани е сместено во подножјето на источните падини на планината Јабланица, на надморска височина од 800 метри. Поточно, селото е сместено на границата односно допирот помеѓу планинската падина на Јабланица на запад и рамнината на котлинското дно на исток.

Атарот на Вевчани се наоѓа северозападно од Охридското Езеро на западната страна на Струшкото Поле на источната страна на планината Јабланица. Се протега во насока исток-запад, од подножјето, преку ридестиот терен, сè до сртот на планината Јабланица. Се граничи со Општина Струга, а во потесен дел ја допира државната гранична линија со Албанија.

Месностите во нискиот дел на атарот на селото ги носат следниве имиња: Суво Поле, Пелвец, Петрушин Ред, Врбиче, Попои Костење, Буклеј Костење, Садој, Црвени Брегој, Нисторчиња, Велкова Кошара, Каланова Кошара, Ѓушкова кошара, Марул, Буален, Средни Пот, Дуракор, Тумбулка, Средорци, Илаја Водејнца, Мали Лог, Св. Петка и Св. Димитрија.

Месностите во планинскиот дел на атарот на селото ги носат следниве имиња: Варвара, Ѓонец, Калајџина Кошара, Мивко, Бранејнца, Св. Спас, Смолејца, Голема Ливада, Гропа Ќат, Попов Кутел, Средни Рид, Шкала Вевчанска, Бачила Вевчански, Голина, Црн Камењ, Чума, Извор Вевчански, Ѓорејца, Цветков Костенар, Попадина, Лелеци, Пешински Кутли, Старци, Градиште, Писаник, Равен, Митрина Глава, Парталој Кутли, Сува Чешма, Шурбановско, Лазаров Мев, Кула, Дупни Дол и Грданова Чешма.

До Вевчани води асфалтиран пат кој од Струга минува низ селата Враништа и Велешта. Вевчани е големо село налик на гратче („паланка“) и тоа доста добро урбанизирано, уредено и регулирано. По средината на населбата минува главната улица во правец исток-запад на која се сконцентрирани повеќето продавници, хотели, ресторани, трговски и занаетчиски дуќани, домот на културата и отворената сцена на амфитеатарот и Здравствениот дом.

Вевчани претставува седиште на истоимената општина и тоа е единствен случај во Македонија, само една населба да претставува засебна општина.

Соседни села на Вевчани се: Подгорци на север, Октиси на југ, Велешта на исток и Горна Белица на југозапад.

Историја

Траги од населбата постојат од III век пред Христа. Неговата прва локација не била денешно Вевчани, туку тоа се наоѓало нешто подолу од подножјето на планината Јабланица, на местото што денеска се вика Селиште. Можно е и да дошло до некакво спојување на античкомакедонска населба која се наоѓала во областа Вајтос која се наоѓа непосредно над Вевчани, со споменатата населба Селиште, така формирајќи го на денешната локација (меѓу Вајтос и Селиште).

Првите легенди и писанија за Вевчани велат дека е стара населба, а нејзините почетоци датираат од крајот на VI, односно почетокот на VII век, кога племето Берзити (Брсјаци) го преплавиле Струшкиот Крај и ја населиле локацијата на денешно Вевчани, југоисточно од планината Јабланица. Тука повторно има мала неконзистентност, затоа што денес Вевчани е денес претежно мијачка населба.

Среден век

За тоа од кога се среќава населбата Вевчани запишана во документите, низ вековите има повеќе изворни документи. Еден од нив е Калимановата грамота, како досега најстар истражен документ. Во него се говори дека Вевчани како селска населба е евидентно од крајот на IX век и тоа како мошне развиена, економски јака и обврзана да дава данок во натура на бугарскиот кнез Борис I, а по него и на царот Симеон Велики. Следен пишан запис каде се среќава селото запишано под името Вешчани се среќава во XIV век, односно од 1342-1345 година кога царот Стефан Душан со грамота го приложил на црквата Света Богородица Перивлепта во Охрид.

Нешто подоцна во XVI век, во османлиските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Охрид според турските записи на населението од 1509 година имало 208 домови, а при вториот запис на населението во 1519 година имало 223 домови и било поголема населба од Струга, што тогаш броела 176 домови.

На почетокот на XVII век во 1633-1634 година населбата е заведена под името Вешчано со 154 домаќинства.Турски извори за българската история, т. VІІ, София 1986, с. 359.

XIX век

мини|300п|десно|Куќата на Ставре Гогов во селото

За време на доцниот период на Отоманското Царство, жителите на Вевчани се одликувале со голема храброст, бестрашност и јунаштво, непокорност, слободољубивост, патриотизам и посветеност на православната христијанска вера и Македонија, одлики со кои вевчанци и денес пркосат на околните муслимански и албански соседи и се познати ширум Македонија и надалеку.

Кон крајот на век, Вевчани било село во рамките на Струшката Нахија во Охридската Каза на Отоманското Царство.

Постојат бројни примери од крајот на и во текот на целиот XIX век. Еден кмет на Вевчани, по име Тасе, Турците го терале да премине на ислам, но тој откако одбил бил обесен во Вевчани. Источно од Вевчани се наоѓа месноста наречена Рамов Гроб која го добила своето име поради тоа што таму некојси Албанец Рамо од Велешта недозволено земал од вевчанската вода и ја пуштал во своето село поради што тој бил убиен од вевчанци. Запаметен е и свештеникот поп Наум познат и под прекарот „Мал Оџа“, кој се спротивставувал на некојси богат жител по име Гроздан-паша од селото Горна Белица кој сакал да ги присвои вевчанските пасишта на Јабланица, заради што попот Наум отишол да бара правда дури до Цариград.

Во средината и кон крајот на XIX век жители на Вевчани (од родот Велкој) кои биле на печалба во Романија, учествувале и ги дале своите животи како војници - доброволци војувајќи на страната на руската војска против турскиот аскер во Кримската војна во 1856 и Руско-турската војна на планината Балкан во 1878 година. мини|Куќата во која било основано месното тело на МРО во Вевчани. Во време на националноослободителната и револуционерна борба против отоманското власт, од Вевчани биле двајца војводи на струшката чета на ВМОРО - Јаким Алулов и Ставре Гогов кој од летото, 1904 година, по убиството на Јаким Алулов, станал војвода на струшката чета на ВМОРО. Во април 1907 година, Ставре престојувал во куќата на вујко си Трпе Шекутков во родното село Вевчани, за што Турците дознале и со редовна војска заедно со башибозук од соседните села Октиси, Лабуништа и Подгорци ја опколиле куќата. Ставре Гогов заедно со домаќините јуначки издржал над 20 часа во нерамната битка, додека неговата свршеница Кота Христова успеала да ја помине опсадата и да им носи бомби и патрони. По завршувањето на куршумите, Ставре Гогов се самоубива. Со него загинуваат и Трпе Шекутков и брат му Кузман Шекутков. Снаата Андрица и трите внуци на Кузман Шекутков биле ранети, а од нападот на аскерот и башибозукот загинале 27 души. Турците ќе ја запалат куќата. По убиството на Ставре Гогов, неговата свршеница Кота Христова го убива предавникот и се вклучува во една од четите на ВМОРО. На влезот на возобновената спомен-куќа денес стои натписот:

За оваа јуначка битка е испеана и познатата народна песна позната како „Од Битола до Вевчани сè сардисано“ или „Ура, ура Ставре војвода“.

Спомен-плочи во селото

Втора светска војна

Во месноста Свети Спас во 1943 година во близина на селото Вевчани бил создаден НОПО „Дримкол“ од дваесетина борци, главно од албанска националност.

Вевчански случај

Кон крајот на XX век, во времето додека Македонија сѐ уште била дел од СФРЈ, во селото Вевчани се случиле протести околу планот за водоснабдување на соседното село Октиси со вода од Вевчанските Извори.

Вевчанскиот случај е случај од 1987 година, кога тогашната власт имала намера да ги каптира Вевчанските Извори, под изговор дека носи вода за жителите од соседното село Октиси, а всушност, имала намера водата да ја користи за елитната викенд-населба Елен Камен, каде што се наоѓале вилите на тогашните челници на власта. На тоа се спротивставиле жителите на Вевчани со поставување на барикади и не се дозволило да се постават водоводните цевки. Покрај согласноста на двете месни заедници на Вевчани и Октиси, ноќното приклучување на водата од Вевчанските Извори за Октиси на 25 мај 1987 не било извршено бидејќи се случило организирано и насилно спротивставување на населението на Вевчани.

Покрај напорите за надминување на ситуацијата, проструените информации дека со водата од Вевчанските Извори ќе се снабдуваат и Струга и туристичката населба Елен Камен, а Вевчани при вода ќе остане без неа, попусти биле напорите на властите во разубедување на населението и градежните активности биле повлечени. По извршените проценки и подготвителни активности на властите и вклучувањето на можноста за употреба на сила од органите на редот, доколку повторно се појави насилен организиран отпор било решено работните активности за поврзување со вода на селото Октиси од Вевчанските Извори да започнат на 6 август 1987 година. Меѓутоа, истиот ден градежните работници на влезот на селото Вевчани биле пречекани од 500-600 жители кои направиле барикада со дрва и камења и носејќи стапови, земјоделски алати и други предмети и покрај повиците на припадниците на СВР Струга да го напуштат местото, тие не го сториле тоа. Во текот на денот во Вевчани имало голема раздвиженост на жителите и нивно групирање на местото каде требало да се изведуваат градежните работи, а неколку пати се огласила и црковната камбана со цел да ги повика граѓаните да се дособерат и да ги попречат градежните работи.

Немирите ја достигнале кулминацијата на 7 август 1987 година, кога интервенирале специјални полициски сили, кога за првпат во тогашна Југославија биле употребени „електрични пендреци“.Зошто Вевчани и вевчанци се толку често интересни за медиумите, новинарска лекција од Веле Митаноски, Сервис за проверка на факти од медиумите (08.10.2014.) Имено, идниот ден, 7 август 1987 година околу 10 часот, 23 работници повторно биле попречени од група на 500-600 жители на Вевчани, кои поставиле 5 барикади од влезот до центарот на селото, при што морала да интервенира полицијата со електрични и гумени палки што довело до судир со жителите при што биле повредени 23 жители и 11 милиционери, 19 жители на Вевчани (од кои 3 жени) биле приведени. Покрај собирот и штрајкот со глад на група младинци и испратените телеграми до раководните органи на републичко и сојузно ниво, заклучно со 18 август 1987 градежните работи биле завршени, а водата од Вевчани кон Октиси конечно протекла. Овие настани ја разбранувале пошироката македонска и југословенска јавност и општество, а добиле и (необично) пошироки димензии и политички импликации. Месната заедница на селото Вевчани примила телеграми со поддршка за демонстрираниот отпор, околу овие настани било поставено и делегатско прашање до Собранието на СФРЈ, а и било напишано и протестно писмо од Друштвото на словенечките писатели до организацијата и учесниците на 26. Струшки вечери на поезијата при што за сево ова тогашните власти го обвиниле организираното дејствување на групи поединци од Вевчани од самото село и некои кои живееле во другите републики (пред сè во Словенија).