Јаношево или Енешево — село во Општина Неготино, Средна Македонија. Денес нема жители.

Географија и местоположба Селото е сместено во Тиквешијата, во крајниот северозапад на општината и северно од градот Неготино.

Историја Во XIX век Јаношево било турско село во Штипската Каза на Отоманското Царство.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Енеш Обаа имало 250 жители, сите Турци.

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажал Енеш Оба (Eneš Oba) како турско село.Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 10 до 25 Македонци.

Население

Јаношево традиционално било турска населба. Податоците за него се крајно оскудни, веројатно бидејќи во повоениот период се сметало за маало на соседно село, или било официјално отпишано. Почнува да се попишува како одделно село од 1971 г. па натаму, кога веќе немало ниеден жител. Ова е случај со сите понатамошни пописи.Јаношево — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) Според пописот од 2002 година, Јанешево немало ниеден жител. Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Неготински села Категорија:Села во Општина Неготино Категорија:Раселени села во Македонија