Јурген ван ден Брук (; р. во Херенталс) — поранешен белгиски професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 2004-2017.

Бил насочен кон хронометри, станувајќи светски јуниорски првак во хронометар во 2001. Формата најпрвин прикажана на помалите етапни трка, како што се Тур де Романди и Енеко Тур, подоцна била потврдена и со завршувањето во првите десет возачи на сите три Гранд Тур трки: Џиро д’Италија, Тур де Франс и Вуелта а Еспања.

Велосипедска кариера Рана кариера

Ван ден Брук го освоил светското јуниорско првенство во хронометар во 2001 и го направил неговото прво деби како професионалец во 2003 како практикант за екипата Квик Степ-Давитамон-Латексо.

УС Постал/Дискавери: 2004-2006

Меѓутоа, наместо да остане во Белгија, тој потпишал со американската екипа Американска пошта п/б Бери Флор на Ленс Армстронг за неговата прва целосна сезона како професионалец во 2004. Неговиот единствен забележан резултат таа година било шестото место во крајниот пласман на Трката околу Белгија.

Ван ден Брук останал со екипата на Јохан Брујнел во 2005, кога Дискавери Ченел го презел спонзорството и продолжил со Американците во 2006, откако Армстронг се пензионирал. Во текот на тој период, тој завршил на подиум во етапи на Трката околу Германија и Трката околу Белгија (каде исто така го освоил и планинскиот пласман) и влегол во првите 20 возачи во генералниот пласман на Тур де Романди. Меѓутоа, во јуни, Ван ден Брук ја објавил намерата дека сака да се врати во Белгија, кога се согласил со двегодишен договор со тогашната екипа Давитамон, која подоцна била преименувана како Предиктор-Лото во 2007. Следниот месец Ван ден Брук ја забележал неговата прва победа како професионалец, освојувајќи ја Шрик-Дерни во Белгија пред Ервин Вервекен и идниот велокрос светски првак Нилс Албер. (Претходни победници биле Ник Нијенс, Дејв Брулантс, Жо Планкерт и Свен Нис).

Предиктор-Лото (2007–2015) 2007–2008

мини|лево|Ван ден Брук на Енеко Тур 2009

Со само 24 години, Ван ден Брук успеал да заврши во првите 10 возачи во генералниот пласман на Енеко Тур 2007 со неговата нова екипа, иако тој исто така го освоил и бронзениот медал на белгиското национално хронометарско првенство. По завршувањето на неговиот прв Гранд Тур на анонимното 74-то место на Џиро д‘Италиа 2007, Ван ден Брук конечно покажува дека има талент како етапен тркач, кога се враќа следната година во Италија и доаѓа до седмото место во генералниот пласман на Џиро д‘Италиа 2008.

2009

Покажувајќи извонредна форма на Тур де Франс 2009, Ван ден Брук се искачувал со водачите низ Алпите. И иако тој имал страшна несреќа на четвртата етапа и загубил повеќе од шест минути, неговата постојаност го довела до 15-то место во генералниот пласман и на деветто место во пласманот за точкестата маичка. Бидејќи резултати дошле на крајот на договорот на Сајленс-Лото со Кедел Еванс, белгиската екипа решила дека Ван ден Брук е доволно способен и сигурен да стане нивниот водач за генерален пласман.

2010-2011

Така, следната сезона тој вози за важното и сè уште изненадувачко петто место на Тур де Франс 2010, станувајќи првиот Белгиец во првите пет возачи од Клод Крикелион во 1986. По Тур де Франс, Ван ден Брук освоил два критериуми: еден во Пер и другиот во неговиот роден град Херенталс.

На Тур де Франс 2011, по поттикнувачката прва недела и целта за подиум во генералниот пласман, Ван ден Брук ја напуштил трката заедно со другата надеж за генерален пласман, Александар Винокуров, по масовната и спектакуларна спуст-несреќа, која му нанела пневмоторакс, скршени ребра и фрактура на рамото. Меѓутоа, Ван ден Брук не се заплашил и се повратил од неговите повреди на време за да учествува на Вуелта а Еспања 2011, каде завршил осми во генералниот пласман.

2012-2015

Во 2012, Ван ден Брук завршил трет на Волта а Каталуња и петти на Критериум ду Дофине, покажувајќи добра форма за претстоечкиот Тур де Франс. На етапата 7 на Тур де Франс, Ван ден Брук изгубил над две минути откако се здобил со пукање на гумата. Меѓутоа, Ван ден Брук потоа ја покажал неговата одлична форма на планините и се сместил на четвртото место во генералниот пласман на крајот на трката.

Во 2013, Ван ден Брук го напуштил Тур де Франс 2013 по падот на петтата етапа.

Во 2015 година завршил дванаесетти на Џиро д’Италија. Во јуни го освоил националното хронометарско првенство по првпат во својата кариера.

Тим Катјуша (2016)

Во септември објавиле дека Ван ден Брук ќе им се приклучи за 2016 година, по девет сезони со Лото.

ЛотоНЛ-Џамбо (2017)

По една сезона со , потпишала со Ван ден Брук двегодишен договор. Во мај било објавено дека Ван ден Брук ќе се повлече на крајот од сезоната 2017.

Достигнувања

2001 Светски јуниорски хронометарски првак 2002 1. Краен пласман Трка околу Лимбург 2003 1. Зелик-Галмарден 2. ГП Истра 1 2. ГП Крка 2. Национално хронометарско првенство 2004 5. Краен пласман Редландс Класик 6. Краен пласман Трка околу Белгија 2005 8. Краен пласман Енеко Тур 2006 8. Курне-Брисел-Курне 2007 3. Национално хронометарско првенство 10. Краен пласман Енеко Тур 2008 7. Краен пласман Џиро д’Италија 2009 1. Критериум Херенталс 4. Краен пласман Енеко Тур 2010 2. Краен пласман Вуелта а Андалусија 4. Краен пласман Критериум ду Дофине 4. Краен пласман Тур де Франс 10. Краен пласман Трка околу Баскија 2011 2. Краен пласман Вуелта а Андалусија 4. Краен пласман Критериум ду Дофине 1. Етапа 1 Критериум ду Дофине 8. Краен пласман Вуелта а Еспања 2012 3. Краен пласман Волта а Каталуња 4. Краен пласман Тур де Франс 4. Краен пласман Волта ао Алгарве 5. Краен пласман Критериум ду Дофине 10. Краен пласман Флеш Валон 2013 2. Краен пласман Вуелта а Андалусија 5. Краен пласман Тур де Сан Луис 7. Краен пласман Тур де Романди 9. Краен пласман Волта а Каталуња 2014 3. Краен пласман Критериум ду Дофине 2015 1. 20п Национално хронометарско првенство 2016 8. Краен пласман Трка околу Калифорнија

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 20п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро747——————12—91 20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур——154СО4СО13—СО— 20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта————8СО—СОСО——

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1983 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Белгиски велосипедисти Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2008 Категорија:Олимписки велосипедисти на Белгија Категорија:Велосипедисти на Тур де Франс Категорија:Луѓе од Херенталс