Пинјин (кин. , пинјин: pīnyīn; ) — официјален систем на транскрипција на кинеските знаци на латиница во Кина, Малезија, Сингапур и Тајван, а се користи и нашироко во целиот свет. Честопати наоѓа примена и како помагало за изучување на кинескиот јазик, за претставување на кинески имиња и поими во други земји, но и како метод за внесување на кинеските знаци кај сметачите.

Автор на системот е Џоу Јоугуанг (р. 1906) кој го осмислил во првобитна верзија кога претседавал со комитетот посветен на романизација во рамките на владата на НР Кина во 1950-тите. Reprinted in part as Владата го објавила системот во 1958 и оттогаш неколкупати е преработен. Во 1982 пинјинот го прифатила и Меѓународната организација за стандардизација како меѓународен стандард ISO 7098. Во 2009 Тајван го усвоил системот како официјален, каде се нарекува „Нов фонетски систем“.

Пинјин е една од двете појдовни азбуки преку кои е добиена македонската транскрипција на кинескиот јазик (другата е Вејд-Џајлс).

Примена Пинјин ги заменил постарите системи на романизација како Вејд-Џајлс (1859; измен. 1892) и Поштенскиот систем на романизација и го заменил џујин како фонетски метод на јазична настава во Кина. Меѓународната организација за стандардизација (ISO) го прифатила како светски стандард во 1982 (ISO 7098:1982, потоа ISO 7098:1991); а ООН го направиле истото во 1986. По ова, системот го усвоиле и владата на Сингапур, Конгресната библиотека на САД, и Американското библиотекарско здружение, како и многу други меѓународни установи.

Системот наоѓа примена и како лесен начин на внесување на кинески знаци кај сметачите.

мини|лево|300п|Гесло во училиште што ги советува учениците да зборуваат путунгхуа. Под знаците стои пинјин, но без тонски знаци. Децата на училиште и дома учат пинјин и така ги поврзуваат зборовите што веќе ги знаат или нови зборови во наставата.

Истото важи и во наставата на кинески јазик за странци, каде пинјин се користи како помагало за учење на гласовите и зборовите, заедно со кинеските знаци („ханце“).

Преглед thumb|Патен знак во покраината Хубеј: текстот е напишан со кинески букви и проследен со пинјин Во системот пинјин, некои букви гласовно не одговараат на вообичаените гласови на латиницата во европските јазици.

Изговорот и пишувањето на кинескиот збор се дава во два дела: почеток и рима, а не буква по буква. Почетоците се првите согласки, а римите се сите можни комбинации на средишта (полусамогласки што доаѓаат пред самогласката), јадрената самогласка и завршеток (или „кода“, завршна самогласка или согласка).

Почеток и рима За разлика од европските јазици, фундаменталните елементи не се поединечни букви, туку групи од букви – почетоци (声母, shēngmǔ) и рими (韵母, yùnmǔ). Секој мандарински слог може да се запише со еден почеток проследен од една рима (освен во случај на посебниот слог er и кога завршното -r се смета за дел од слог).

Иако најмногу почетоци содржат согласка, римите не секогаш се прости самогласки, особено кај сложените рими (复韵母, fuyunmu), т.е. кога пред римата стои „средиште“. На пример, средиштата [i] и [u] се изговараат со така тесни отвори на почетокот на римата, што некои говорници (особено кога настапуваат или пеат) го изговараат yī (衣, „облека“, правилен изговор: ) како , wéi (围, „опкружува“, правилен изговор: ) како или . Честопати овие средишта не се сметаат за дел од римите, туку како посебни единици. По тоа се раководи и следнава табела.

Почетоци Се секој квадрат, првиот ред е изговор по МФА, а вториот е пинјин.

ДвоуснениУснено-забниВенечниСвиениВенечно-преднонепчениПредно-непчениЗадно-непчениИзбувниbpdtgkНосниmnСлеаниzczhchjqСтрујни  fsshxhТечниl1rПолусамогласка      2  или 3y  2w 1 може фонетски да биде (звучна свиена шушкава согласка). Овој изговор зависи од говорникот и не претставува друга фонема. 2 буквите „w“ и „y“ не се наведени во табелата на почетоци во официјалниот систем на пинјин. Се користат како правописна конвенција за средиштата „i“, „u“ и „ü“ кога нема почеток. Кога „i“, „u“ и „ü“ се рими и нема почеток, тогаш се пишуваат како „yi“, „wu“ и „yu“. 3 „y“ се изговара како (уснено-преднонепчена приближна согласка) кога стои пред „u“.

Прифатениот редослед (со исклучок на w и y) изведен од системот џујин е следниов: {|cellspacing="0" cellpadding="3" |- |style="background: #cfc;"|b p m f |style="background: #ccf;"|d t n l |style="background: #fcc;"|g k h |style="background: #fcf;"|j q x |style="background: #ffc;"|zh ch sh r |style="background: #cff;"|z c s

Рими

Во секоја ќелија на табелата е наведен прво изговорот по МФА, во вториот ред стои пинјин во самостоен (беспочеточен) облик, а пак во третиот ред е пинјин во комбинација со почеток. На табелава наведени сите можни рими во кинескиот јазик, освен оние што трпат еризација (-r).1 Можете да слушнете и звучни снимки римите .

Единствените согласки што стојат на крајот слогот во стандардниот кинески јазик се -n и -ng, како и -r, кој принадлежи на граматичка наставка. Секој слог што завршува на некоја друга согласка е или од немандаринско потекло (од кантонски или малцинските јазици), или се работи за некоја друга романизација (каде тоновите се претставуваат со завршни самогласки).

РимаЗавршеток∅Средиште∅-ie-ea-aei-eiai-aiou-ouao-aoen-enan-an-ongeng-engang-angyi-iye-ieya-ia you-iuyao-iaoyin-inyan-ianyong-iongying-ingyang-iangwu-uwo-uo 3wa-uawei-uiwai-uai wen-unwan-uan weng wang-uangyu-ü 2 yue-üe 2 yun-ün 2yuan-üan 2 1 се пишува er. Пинјин нема посебен правопис за другите рими што ги образува наставката -r. Наставката -r едноставно се додава на римата, без оглед на промените во звучноста што може да се јават. 2 „ü“ се пишува како „u“ по j, q, x и y. 3 „uo“ се пишува како „o“ по b, p, m и f.

Технички, i, u, ü без самогласки по нив се рими, а не средишта, па затоа ги преземаат тонските знаци. Покрај ова, ê (欸, 誒) и слоговните носовки m (呒, 呣), n (嗯, 唔), ng (嗯, 𠮾) се користат како извици.

Изговор на почетоците

ПинјинМФАМак. транскр.b пp пm мf фd тt тn нl лg кk кh хj ѓq ќx сјzh џch чsh шr , ж, рz ѕc цs сy , ј w в' , , нов слог*v —не се користи, резервиран е за говорен кинески и малцинските јазици.

* Белешка за апострофот Апострофот (') се користи пред слог што почнува со самогласка (a, o, or e) во повеќесложен збор каде слогот не го започнува зборот (најчесто се реализира како [ɰ]), освен ако слогот стои веднаш по црта или тире. Ова има за задача да спречи забуна, како во примерот Xi'an (градот Сиан), кој се состои од двата слога xi („西“) и an („安“), наспроти зборови како xian („先“ = сјуен) кои се едносложни.

Изговор на римите Ова е список на рими во стандардниот кинески, со исклучок на оние што завршуваат на -r.

Дадена рима се пронаоѓа вака: Со отстранување на почетната согласка. Zh, ch, и sh се сметаат за почетни согласки. Со менување на почетокот w во u и почетокот y во i. За weng, wen, wei, you, погледајте ong, un, ui, iu. За u по j, q, x, или y, погл. ü.

ПинјинМФАОблик со нулти почетокМак. транскр.-i — —-i означува брмчливо продолжение на согласката по z-, c-, s-, zh-, ch-, sh- и r-.a a аe , e еai ai ајei ei ејao ao аоou ou оуan an анen en енang ang ангeng eng енгong — венгer er ар Рими што почнуваат на i- (y-)i yi ји ia ya јаie ye iao yao јаоiu you јуian yan јенin yin јинiang yang јангing ying јингiong yong јунг Рими што почнуваат на u- (w-)u wu вуua wa ваuo, o wo воuai wai вајui wei вејuan wan ванun wen венuang wang ванг — weng венг Рими што почнуваат на ü- (yu-)u, ü yu јиue, üe yue јуеuan yuan јуенun yun јин Извициê — еo — о io — јо

Тонови мини|десно|180п|Графичка претстава на промените на четирите тона Пинјин користи и дијакритики за да ги означи четирите тона во мандаринскиот јазик. Стојат како надредени знаци врз буквата што го претставува јадрото, освен ако таа буква недостасува.

Првиот тон (рамен или висок тон) се претставува со горна црта позната и како макрон (ˉ):

Вториот тон (растечки тон) се претставува со остар акцент (ˊ):

Третиот тон (паѓачко-растечки тон) се претставува со ченгелче (ˇ) како кај српскохрватската латиница.

Четвртиот тон (паѓачки тон) се претставува со тежок акцент (ˋ):

Петтиот тон (неутрален тон) се претставува со нормална самогласка, без никаков надреден знак:

Упростени знаци:

Традиционални знаци: Зборовите се „мајка“, „коноп“, „коњ“, „укорува“ и прашална честичка.

Бројки наместо тонски знаци Пред времето на сметачите, машините за пишување обично немале надредени знаци, па затоа тоновите се претставувале со тонски броеви на крајот од секој слог. На пример, tóng се пишува tong2. Броевите го следат горенаведениот редослед на тоновите, освен неутралниот тон, кој или нема бројка, или има 0 или 5. Тон Тонски знак Тонски број Пример сотонски знак Пример сотонски бројМФА Прв горна црта ( ¯ ) 1 mā ma1 Втор остар акцент ( ´ ) 2 má ma2 Трет ченгелче ( ˇ ) 3 mǎ ma3 Четврт тежок акцент ( ` ) 4 mà ma4 Неутрален без знак или средна точка пред слогот (·) без број50 ma·mamama5ma0

Табела на споредба со други транскрипции

Поврзано Вејд–Џајлс Бопомфо Јитпинг (најсличен на МФА) Тонски број Стандарден мандарински јазик Македонска транскрипција на кинескиот јазик Википедија:МФА за кинески јазик

Наводи

Надворешни врски Основи на правописот на пинјин — Национален стандард на НР Кина (ICS 01.140.10), 1996 Интерактивна табела на пинјин Табела на комбинации од почетоци и рими (Pinyin.info) Кинески изговор Самопроверка — препознавање на кинеските тонови

Категорија:ISO-стандарди Категорија:Романизација на кинескиот јазик Категорија:Кинески јазик Категорија:Фонетски азбуки Категорија:Кинески зборови