БРИКС (англ. BRICS) — меѓународна политичка организација на водечките сили во развој и наследник на претходната организација БРИК, укината со вклучувањето на Јужноафриканската Република (ЈАР) во 2010. СегашнитеПодаток од 2012 г. пет земји-членки се Бразил, Русија, Индија, Кина и ЈАР (BRICS = Brazil, Russia, India, China и South Africa). Нова епоха со приклучувањето на ЈАР кон БРИКС - southAfrica.info Со исклучок на Русија,, 17 октомври 2011 членките на БРИКС се земји во развој што се сметаат за нови сили поради нивните големи стопанства и значајно влијание во регионалните и меѓународните случувања. Во нив живее речиси една половина од светското население, со збирен БДП од 13,6 трилиони долари,ММФ, септември 2011 и заедно имаат надворешни резерви од 4 трилиони долари.„Во подемот на БРИКС и Арапската пролет, нови облици на глобален поредок“ - Christian Science Monitor, 18 октомври 2011 мини|350п|БДП БРИКС 2000-2022 Претседателот на Кина Ху Ѓинтао изјавил дека земјите од БРИКС се бранители и застапници на земјите во развој и поборници за мир светот. Меѓутоа, некои аналитичари велат дека постојат и знајачни спорни теми во рамките на организацијата, особено несогласувањата помеѓу Кина и Индија за статусот на Тибет.„Самитот на БРИКС го изложи високиот ѕид помеѓу Индија и Кина“ - ''Asia Times", 2 април 2012
Историја Во септември 2006, шефовите на дипломатиите на првичните четири членки на БРИК (Бразил, Русија, Индија и Кина) се состанале во Њујорк, започнувајќи низа средби на високо ниво. Како целина, членките на организацијата за првпат се состанале на 16 мај 2008 во Екатеринбург, Русија.Соработка во рамките на БРИК- kremlin.ru. пров. 16 јуни 2009 19 јуни 2009
Самити на БРИКС мини|десно|300п|Државните водачи на петте земји на IV Самит во Њу Делхи. Од лево кон десно: Дилма Русев, Димитриј Медведев, Манмохан Синг, Ху Ѓинтао (Кина) и Џејкоб Зума. Групата одржува годишен самит секоја година од 2009 наваму. Пред приклучувањето на ЈАР, БРИК одржале два самита: во 2009 и 2010 г. Првиот самит на петчлената група БРИК е одржан во 2011, проследен од најновиот, одржан на 29 март 2012 во Индија.БРИКС: IV Самит во Њу Делхи - Министерство за надворешни работи на Индија. пров. 21 март 2012 Самит Учеснички Датум Домаќин Државник-домаќин Град I БРИК 16 јуни 2009 Русија Димитриј Медведев Екатеринбург II БРИК 16 април 2010 Бразил Луиз Игнасио Лула да Силва Бразилија III БРИКС 14 април 2011 Кина Ху Ѓинтао Санја IV БРИКС 29 март 2012 Индија Манмохан Синг Њу Делхи V БРИКС 2013 ЈАР Џејкоб Зума сн
Земји-членки Земји-членки на БРИКС
Еве табела со земјите-членки на БРИКС, нивните водачи, министери за финансии и гувернери на централните банки. Дадени се и податоци за бруто-домашниот производ (БДП) и индексот на човековиот развој (ИЧР) на секоја членка. Членка Водач Мининстер за финансии Гувернер на централната банка БДП/жит во 2011(ном·ПКМ)$USD ИЧР во 2011 Бразил Претседател Дилма Русев Министер за финансии Гвидо Мантега Александре Томбини 12.916 11.845 0,718 Русија Претседател Владимир Путин Министер за финансии Антон Силуанов Сергеј Игнатјев 13.235 16.687 0,755 Индија Премиер Манмохан Синг Министер за финансии Пранаб Мукерџи Дувури Субарао 1.527 3.703 0,547 Кина Претседател Ху Ѓинтао Министер за финансии Сјие Сјижен Џоу Сјаочуан 5.183 8.394 0,687 ЈАР Претседател Џејкоб Зума Министер за финансии Правин Гордан Гил Маркус 8.342 10.977 0,619
Поврзано Г-20 Група 77
Наводи
Надворешни врски Информативен центар на БРИКС - Универзитет на Торонто САД треба да учи од новите сили во економската арена како Индија и Бразил - Ројтерс
Категорија:Класификација на земјите Категорија:Политички организации Категорија:Меѓународни организации Категорија:Дипломатски конференции Категорија:Меѓународни односи Категорија:Неологизми од 2000-тите