Дарио Каталдо (; р. во Ланчано) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата .

Кариера Ликвигас (2007-2008)

По изненадувачката победа на Бебе-Џиро во 2006, Каталдо потпишал како професионалец за Ликвигас за сезоната 2007. Во јануари 2007, Каталдо бил удрен од автомобил додека тренирал. Подоцна истата година, Каталдо освоил две етапи на Тур де л‘Авенир. По разочарувачката година во 2008, Ликвигас не го обновил неговиот договор.

Квик Степ (2009-2012)

Така, во 2009, Каталдо се префрлил во екипата Квик Степ. Првите две години Каталдо не успевал да го покаже својот талент, меѓутоа во 2012 ги покажал своите вештини. Победил на националното хронометарско првенство 2012 и завршил 12. на Џиро д’Италија. Каталдо ја освои „кралската“ етапа на Вуелта а Еспања 2012, етапата 16 завршувајќи прв на искачувањето, кое било возено по првпат на Вуела, Суиту Негру. Тој побегнал со Томас де Гент од на почетокот на етапата и тие никогаш не биле достигнати од групата. Каталдо се одвоил од Де Гент на помалку од 2 километри до целта на најстрмниот дел на етапата (повеќе од 20%). Успеал да ги подигне рацете кога поминал низ целта за победнички израз, пред да му паднат на дршките за раце на неговиот велосипед поради замор. Каталдо го напуштил на крајот на сезоната 2012 и се приклучил на за сезоната 2013.

Тим Скај (2013–2014)

Неговиот успех во 2012 го привлекло вниманието на прваците во Светската турнеја на UCI , каде се очекува да има улога на суперпомошник за Бредли Вигинс на Џиро д’Италија или Крис Фрум на Тур де Франс.

Астана (2015-2019)

Во октомври 2014 година, објавиле дека потпишале со Каталдо за сезоната 2015, а генералниот раководител на екипата ја опишал неговата улога како помошник во искачувањето за Винченцо Нибали и Фабио Ару, како и придонесувајќи кон резултатите на екипата на екипните хронометри.

Во јуни 2017 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2017. Се повлекол поради повреда на 12 јули, предизвикана од пад во зоната за хранење.

Достигнувања

2006 1. Краен пласман Бебе-Џиро 2007 1. Етапа 1 (ТТТ) Сетимана Сиклистика Ломбарда 3. Трка околу Франкфурт на Мајна 4. Џиро дел Венето 10. Краен пласман Тур де л’Авенир 1. Етапа 2 1. Етапа 7 10. Копа Уго Агостони 2008 1. Етапа 1b (ТТТ) Сетимана интернационале ди Копи е Бартали 2009 4. Трка околу Мисури 5. Гран Премио Бруно Бегели 2010 1. Гран Премио Бруно Бегели 2. Национални хронометарски првенства 2011 7. Трофео Магалуф-Палманова 9. Краен пласман Трка околу Пекинг 2012 1. 20п Национално хронометарско првенство 1. Етапа 2b (ТТТ) Тур де л’Ен 1. Етапа 16 Вуелта а Еспања 9. Краен пласман Волта а Каталуња 12. Краен пласман Џиро д’Италија 2013 1. Етапа 1b (ТТТ) Џиро дел Трентино 1. Етапа 2 (ТТТ) Џиро д’Италија 2014 2. Краен пласман Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали 1. Етапа 1б (ТТТ) 1. Етапа 4 (ITT) 2015 4. Краен пласман Џиро дел Трентино 2016 1. Етапа 2 (ТТТ) Вуелта а Бургос 8. Вуелта а Мурсија 9. Краен пласман Трка околу Полска 2017 4. Национално друмско првенство 2018 1. 20п Планински пласман Критериум ди Дофине 2019 1. Етапа 15 Џиро д’Италија 1. Етапа 1 (TTT) Вуелта а Еспања 8. Краен пласман Трка на Алпите

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка200820092010201120122013201420152016 2017 20182019 20п ЏироСО54СО1212562625—14—48 20п Тур—————————СО—— 20п Вуелта——711315174СО5751—6468

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски

Профил на Cycling Base

Категорија:Италијански велосипедисти Категорија:Родени во 1985 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Ланчано Категорија:Италијански етапни победници на Вуелта а Еспања Категорија:Италијански етапни победници на Џиро д’Италија