Врановци — село во Општина Врапчиште, во околината на градот Гостивар.

Географија и местоположба

Историја Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.

Стопанство

Население

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 350 Албанци.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 480 жители, од кои 2 Турци, 477 Албанци и 1 останат.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 312 жители, од кои 303 Албанци и 9 лица без податоци.

Родови

Врановци е албанско село.

Според истражувањата од 1946 година, родови во селото:

Камберовци (5 к.), Фетоски (10 к.) и Уљароски (9 к.) наведените три рода во селото биле староседелски. Основачите на родовите зборувале само македонски, но преку брачни врски со доселените родови од Албанија целосно се албанизирале. Јонуз (1 к.) доселени се од селото Пожаране. А таму од Долна Река. Основачот на родот бил Торбеш. Рамовци (7 к.) доселени се од Љума во северна Албанија. Јонузовци (4 к.) доселени се од Љума во северна Албанија. Ељезовци (4 к.) доселени се од Љума во северна Албанија. Мемедови (20 к.) доселени се од Чаје кај Љума во северна Албанија. Ајвазовци (10 к.) исто потекло како и претходниот род. Аџијоски (4 к.) доселени се од некое место во северна Албанија. Куртовци (6 к.) доселени се од Љума во северна Албанија. Дане (1 к.) основачот на родот е доселен како домазет од северна Албанија. Мета (1 к.) доселени се од селото Прошовце. А таму од Љума во Албанија Бектеш (1 к.) доселени се од селото Речани. А таму од северна Албанија.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 453 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Ново Село.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 697 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Гостиварски села Категорија:Села во Општина Врапчиште