Калиште — село во Општина Врапчиште, во околината на градот Гостивар.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Горни Полог, во источното подножје на Шар Планина, оддалечено 16 километри северозападно од Гостивар.

Историја

Стопанство

Население

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 500 Албанци.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 681 жител, од кои 1 Македонец, 668 Албанци и 12 останати.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 511 жители, од кои 482 Албанци и 29 лица без податоци.

Родови:

Калиште е албанско село.

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото:

Доселеници

Меметолар или Скавица (25 к.) доселени се од селото Скавица во Љума, северна Албанија. Овде се доселиле преку превојот Враца на Шар Планина. Го знаат следното родословие: Шефик (жив на 65 г. во 1947 година) Али-Емрула-Јакуп-Ајваз-Алија, кој се доселил. Имаат иселеници во Гостивар (едно семејство), Врапчиште и Сенокос. Монолар или Дреч (26 к.) доселени се од некое село во Албанија. Според П. Јовановиќ, доселени се од некое село на планината Кораб. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство) и во Турција (едно семејство). Фератолар или Хасњан (23 к.) доселени се од Хаса во северна Албанија (некои кажуваат од Бицаја во Љума). Постои и трето предание според кое се доселени од областа Матија. Имаат иселеници во Пожаране, Пирок, Сенокос и Турција (три семејства). Реч (28 к.) доселени се од истоименото село во Калиса во северна Албанија. Имаат иселеници во Турција (едно семејство). Ѓани (1 к.) доселени се од селото Штировица во Горна Река. Подалечно потекло од северна Албанија. Исмаиловци (1 к.) доселени се од селото Пожаране. Таму припаѓале на истоимениот род. Имаат православни Македонци за роднини (Шутевци).

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 452 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 814 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности Рухи Бакиу (р. 1964) - дипломиран правик, публицист и член на РКЕИменуван за член на РКЕ со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр.07 - 5574/1 од м.декември 2007, објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 156/07.

Култура и спорт

Иселеништво Од Албанците покрај наведените иселеници во Тетово, Гостивар, Турција и некои полошки села. Иселени се и Таироски во селото Новаќе. Калишт во селото Сенокос. Калиш во селото Радуша.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Гостиварски села Категорија:Села во Општина Врапчиште