Топлица — село во Општина Врапчиште, во околината на градот Гостивар.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Горни Полог, во источното подножје на Шар Планина. Оддалечено е 9 километри североисточно од Гостивар.

Историја Во XIX век селото било дел од Тетовската Каза во Гостиварската нахија во Отоманското Царство.

Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.

Стопанство

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Топлица живееле 120 жители, сите Албанци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 213.

Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година селото било дел од Галатска општина и имало 40 куќи со 250 жители Албанци.Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Албанци.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.274 жители, од кои 1.267 Албанци, 1 Бошњак и 6 останати.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 918 жители, од кои 882 Албанци и 36 лица без податоци.

Родови Топлица е албанско село

Според истражувањата од 1951 година, родови во селото:

Доселеници: Ајдар (21 к.), Даљуш (8 к.) и Еминет (11 к.) доселени се од селото Топојани во Љума, северна Албанија. Во првиот род се знае следното родословие: Медија (жив на 80 г. во 1951 година) Азир-Билал-Оломан-Ајдар, кој се доселил; Жере (5 к.) доселени се од некое место во Матија во северна Албанија; Лепролар (2 к.) доселени се од селото Неготино, каде припаѓале на истоимениот голем род; Ајдарче (1 к.) доселени се од селото Пирок. Подалечно потекло од Љура во северна Албанија; Лисец (2 к.) доселени се од селото Лисец. А таму се доселени од фисот Бериш (од околината на Скадар); Џеладин (1 к.) доселени се од селото Раковец.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Гостиварски села Категорија:Села во Општина Врапчиште