Милетково — село во Општина Гевгелија, во областа Бојмија, во околината на градот Гевгелија.
Географија и местоположба
мини|лево|300п|Сретселото
Населбата се наоѓа во областа Бојмија, во јужниот дел на територијата на Општина Гевгелија. Се наоѓа во Гевгелиското Поле, од десната страна на реката Вардар и непосредно до автопатот Скопје-Гевгелија. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 95 метри. Од градот Гевгелија е оддалечено 25 километри.
Историја
мини|десно|300п|Милетково, 1931 г.
Во селото во периодот 1895–1896 бил основан комитет на ВМОРО.„Борбите в Македония – Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 53, ISBN 954-9514-56-0
Селото било срамнето со земја при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.
Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.
Стопанство
Атарот зафаќа површина од 6,4 км2. На него преовладуваат шумите кои зафаќаат површина од 313 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 193 хектари, а на пасиштата само 84 хектари.
Селото има полјоделска функција.
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Милетково имало 140 жители, сите Македонци.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 152. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Милетково имало 176 жители.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 194-195.
Во 1905 година, според Крсте Петков Мисирков, Малетково било мешано македонско и турско село со 20 куќи.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.
Селото е мало, коешто во 1961 година броело 128 жители, а во 1994 година 122 жители, од кои 113 биле Македонци и 9 Срби.
Според пописот од 2002 година, во селото Милетково имало 117 жители, од кои 107 Македонци и 10 Срби.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 113 жители, од кои 110 Македонци и 3 Албанци.
Општествени установи
мини|десно|300п|Основното училиште
Основно училиште „Климент Охридски“, подрачно петгодишно основно училиште во состав на ОУ „Климент Охридски“ - Миравци Месна заедница ЖС „Милетково“ — железничка станица на линијата Скопје-Гевгелија
Самоуправа и политика
Во век, Милетково било христијанско село во Гевгелиската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Гевгелија, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Миравци. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Миравци.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија. Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Гевгелија.
Во периодот 1950-1955, селото било во рамките на некогашната општина Миравци, во која влегувале селата Габрово, Давидово, Миравци, Милетково и Петрово.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 363 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 96 гласачи. На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 95 гласачи.
Културни и природни знаменитости
мини|300п|десно|Главната селска црква „Св. Петка“
Археолошки наоѓалишта Градишор — населба и некропола од раноантичкото и римското време; Гробишта — сакрален објект од римското време; Лозјата — водовод од римското време; Манастир — населба од римското време; и Смреков Рид — населба од хеленистичкото и римското време.
Цркви Црква „Св. Петка” — главна селска црква.
Споменици Биста на Ристо Динев во училишниот двор
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Гевгелиски села Категорија:Села во Општина Гевгелија