Ломница — село во Општина Врапчиште, во околината на градот Гостивар.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Горни Полог, оддалечено 17 километри северозападно од градот Гостивар. Сместено е на источната падина на Шар Планина под гребенот Кржелино и врвот Рудока, на левиот брег над планинската река Матене која истекува од шарското ледничко Црно Езеро. Ломница е вовлечена во масивот на Шар Планина, расположена во горниот дел на долината на Маздрача од нејзината лева страна, на висина од 1200 метри, односно 1020 метри. Западно од Ломница е превојот Враца преку Шар Планина, помеѓу врвовите Голема и Мала Враца, низ кој водел стариот пат од Полог за Љума во северна Албанија. Селото Ломница припаѓа на Општина Врапчиште, чиј атар се издига до сртот на Шар Планина и е релативно голем зафаќајќи простор од 27,6 км2 на кои преовладуваат шумите на површина од 1773 ха, на пасиштата отпаѓаат 678 ха, а на обработливото земјиште 203 ха. Од градот Гостивар, Ломница е оддалечена 19 км. Ломница е село од збиен тип, чиишто куќи се поделени во три маала, кои се нарекуваат: Чајан, Бодин и Лека.
Историја Ломница е старо село, а за првпат се споменува во турските документи (пописен дефтер) од 1595 година, кога тоа било населено со православни Македонци. Денешните жители, муслимански Албанци, започнале да се доселуваат пред околу 240 години, од северниот дел на Албанија. Сегашните албански жители не знаат или не кажуваат кога се иселиле староседелските македонски родови од Ломница. Името на селото Ломница е со потекло до македонскиот јазик, што укажува дека тоа е основано и во него во минатото живееле Македонци.
Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.
Стопанство Според структурата на земјиштето Ломница има мешовита земјоделска функција. Поради големиот атар кој ги опфаќа пространите пасишта на зарамнетите шарпланински гребени Кржелино (главно пасиште), Војводино, Думково и бројните бачила, Ломница е изразито сточарско овчарско село и воедно едно од селата со најголем број на стада и грла овци меѓу сите шарпланински села. Сточарски станови - трла со бројни овци има во самото село и во месностите Трла и Кодра Станишеве, веднаш западно над самото село. На пределот Матене има голема и густа букова шума од која се сече и огревно дрво.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ломница живееле 166 жители, сите Албанци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212. Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ломница имало 34 куќи и 360 жители Албанци.Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Албанци.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 574 жители, 1 Македонец, 571 Албанец и 2 останати.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 118 жители, од кои 93 Албанци и 25 лица без податоци.
Родови
Во Ломница живеат доселени албански муслимански родови. Во маалото Чајан живеат: Чајан по потекло од Чаја во северна Албанија; Пал или Палолар од фисот Бериш од северна Албанија; Скоре по потекло од Љума во северна Албанија. Во маалото Бодин живеат: Бодин од фисот Красниќ и областа Калис во северна Албанија, а во маалото Лека живеат: Лека по потекло од областа Малесија во северна Албанија, Реч дошле од истоименото село кое се наоѓа крај реката Дрим во северна Албанија, Печ и Штеи по потекло до Малесија во северна Албанија, Булк од северна Албанија.
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 449 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 577 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Гостиварски села Категорија:Села во Општина Врапчиште