Ендру Талански (; р. ) — американски професионален триатлонец и поранешен професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 2011-2017. Роден на Менхетн во Њујорк, Талански пораснал на Флорида. Денес живее во Жирона, Шпанија и во Напа.

Животопис

Талански настапувал во крос-кантри трчање во средното училиште во Флорида пред да започне со велосипедизам на 17 години. По успехот на локалните аматерски трки, се преселил на колеџот Лис-Мекри во Северна Каролина, победувајќи на националното колеџ првенство во неговата прва година. Го напуштил колеџот една година подоцна за да ѝ се приклучи на екипата Аморе & Вита во Италија во 2009, но не бил задоволен со условите и се вратил во Америка истата пролет. Возел во САД во 2009 без екипна поддршка. По силниот настап на трката Тур Гила, се приклучил на Гармин во 2010, преселувајќи се во професионалната екипа во 2011, со која успеал да стигне меѓу првите десет на Тур де Романди 2011.

Во 2012, Талански ја остварил неговата прва професионална победа во Европа на Тур де л’Ен и повторно возел на Тур де Романди. Овојпат завршил втор зад Бредли Вигинс, завршувајќи втор зад Вигинс на завршната етапа, поединечен хронометар на растојание од 16,24 километри. Подоцна во сезоната бил именуван за водечки возач на Гармин за Вуелта а Еспања 2012, каде завршил седми во генералниот пласман. Во 2013 бил втор на Париз-Ница, водејќи на трката два дена и бил избран за Тур де Франс по првпат, повторно успевајќи да стигне меѓу првите десет.

Ја освоил етапна трка Критериум ду Дофине 2014, приклучувајќи се на бегството во последната етапа, при што надокнадил 39 секунди задоцнување зад предводникот на трката Алберто Контадор. Се повлекол од Тур де Франс 2014 по повеќето падови во еден ден. Се вратил на Тур де Франс во 2015 година, каде завршил на 11. место во генералниот пласман. Следната година повторно настапил на Тур де Романди, но возел како поддршка на Ригоберто Уран и Пјер Ролан. Подоцна во сезоната ги освоил петтите места на Тур де Свис и на Вуелта а Еспања.

Во септември 2017 година, Талански го објавил своето повлекување од трки преку објава на Инстаграм. Меѓутоа, следниот месец најавил дека ќе продолжи да настапува во триатлон.

Достигнувања

2008 1. 20п Национално друмско првенство на колеџи 2010 1. 20п Национално хронометарско прванство под 23 години 1. Етапа 2 Тур де по де Савоја 2. Краен пласман Тур де л’Авенир 3. Краен пласман Тур де л’Изар 6. Краен пласман Трка Џила 10. Краен пласман Џиро дела Вале д’Аоста 2011 4. Краен пласман Средоземна трка 9. Краен пласман Тур де Романди 1. 20п|Бела маичка Пласман за млад возач 2012 1. 20п Краен пласман Тур де л’Ен 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 4 2. Краен пласман Тур де Романди 1. 20п|Бела маичка Пласман за млад возач 7. Краен пласман Вуелта а Еспања 8. Краен пласман Волта ао Алгарве 2013 2. Краен пласман Париз-Ница 1. 20п Пласман за млад возач 1. Етапа 3 6. Краен пласман Критериум Интернасионал 10. Краен пласман Тур де Франс 2014 1. 20п Краен пласман Критериум ду Дофине 7. Краен пласман Волта а Каталуња 2015 1. 20п Национално хронометарско првенство 10. Краен пласман Критериум ди Дофине 2016 3. Краен пласман Трка околу Јута 1. Етапа 6 4. Краен пласман Трка околу Калифорнија 5. Краен пласман Тур де Свис 5. Краен пласман Вуелта а Еспања 2017 3. Краен пласман Трка околу Калифорнија 1. Етапа 5

Распоред на резултатите

Распоред на резултатите на големите трки Голема трка 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 20п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џироcolspan=7 20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур——10СО11—49 20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта797—51СО5—Распоред на резултатите на поважните етапни трки Етапна трка 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 Париз-Ница 61 —2 — 50 СО — Тирено-Адријатико — 120 — 17 — — — Волта а Каталуња — — —7 31 — СО Трка околу Баскија 97 — 29 — 49 — СО Тур де Романди92 16 11 — 105 — Критериум ди Дофине — — 28110 — 22 Тур де Свис СО — — — —5 —

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски

Профил наCycling Base

Категорија:Родени во 1988 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во Њујорк Категорија:Американски велосипедисти