Адријано Малори (; р. во ) — поранешен италијански професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 2010-2017.
Кариера
Тој бил последен возач на Тур де Франс 2010, завршувајќи скоро четири и пол часови зад победникот Енди Шлек ().
Возејќи за екипата од август 2009, Малори ја напуштил екипата на крајот на сезоната 2013 и му се приклучил на . Го освоил завршниот поединечен хронометар на Вуелта а Еспања 2014.
На 23 јануари 2016 година, на Тур де Сан Луис, Малори доживеал тежок пад предводејќи ја групата. Неговото предно тркало зафатило во пукнатина на патот и прелетал преку неговиот велосипед, паѓајќи на глава. Бил ставен во вештачка кома. Три дена подоцна бил преместен во специјална клиника во Буенос Аирес. Извештаите наведувале дека докторите пронашле дека повредата на главата не била последица, туку причина за падот, наведувајќи можна аневризма. Меѓутоа, екипата ги демантирала тие извештаи, велејќи дека оштетувањето на патот биле причина за падот. Во август, Малори објавил дека ќе се врати на трките следниот месец на ГП Квебек и Монтреал.
Малори го најавил своето повлекување од професионалниот велосипедизам на 10 јули 2017 година поради повреда.
Достигнувања
2007 1. 20п Национално хронометарско првенство под 23 години 5. Светско хронометарско првенство под 23 години 2008 1. 20п Светско хронометарско првенство 1. 20п Национално хронометарско првенство под 23 години 1. Хроно Шампеноа 2009 1. Хроно Шампеноа 1. Етапа 1 (ITT) Џиро дела Вале д’Аоста 2. Национално хронометарско првенство под 23 години 4. Светско хронометарско првенство 2010 2. Краен пласман Трка околу Баварија 3. Национални хронометарско првенство 2011 1. 20п Национално хронометарско првенство 5. Краен пласман Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали 1. Етапа 4 (ITT) 2012 2. Национално хронометарско првенство 10. Светско хронометарско првенство 2013 1. Краен пласман 20п Трка околу Баварија 1. Етапа 4 (ITT) 1. Етапа 4 (ITT) Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали 3. Национално хронометарско првенство 8. Светско хронометарско првенство 2014 1. 20п Национално хронометарско првенство 1. Етапа 5 (ITT) Тур де Сан Луис 1. Етапа 7 (ITT) Тирено-Адријатико 1. Етапа 3 Рут ду Суд Вуелта а Еспања 1. Етапа 21 (ITT) 20п Награда за борбеност на етапа 21 (ITT) 7. Краен пласман Дубаи Тур 2015 1. 20п Национално хронометарско првенство 1. Етапа 5 (ITT) Тур де Сан Луис 1. Етапа 1 (ITT) Тирено-Адријатико 1. Етапа 2б (ITT) Сиркут де ла Сарт 2. Краен пласман Тур ди Поату-Шарант 1. Етапа 4 (ITT) 2. 15п Светско хронометарско првенство 3. 15п Светско првенство во екипен хронометар 7. Хроно де Насионс 1. 20п Екипен пласман Тур де Франс
Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 20п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро——68—121—— 20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур16990—СО—107— 20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта————114——
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1988 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Италијански велосипедисти Категорија:Луѓе од Парма Категорија:Италијански етапни победници на Вуелта а Еспања