CAS-број (англ. CAS registry number, CAS RN)Опис на регистерот CAS - Служба за хемиски изводи — единствена бројчен назнака на Службата за хемиски изводи (Chemical Abstracts Service, CAS) за секоја хемикалија опишана во јавната научна литература (од 1957 до денес) и опфаќа елементи, изотопи, органски и неоргански соединенија, јони, органометали, метали, несоставни материјали (наречени „UVCB“ - материјали од непознат состав, менлив состав или биолошко потекло).
Употреба Региастарот на CAS претставува меродавна и сеопфатна збирка на сите објавени информации за хемиските супстанции. Моментално содржи 56 милиони органски и неоргански супстанции и 62 милиони низи, како и дополнителни информации за секоја супстанција; секој ден во регистарот се додаваат 12.000 нови супстанции.Број на супстанции во регистарот на CAS
Историски, хемикалиите имаат најразлични синоними. Честопати имињата се езотерични и се составуваат во склад со регионални обичаи на именување, нивните формули, состав или потекло. Позастапените хемикалии имаат и повеќе општи, историски, пазарни и/или улични имиња.
На пример, Хофмановата супстанција „∂-Lysergsäure-Diethylamid“ во CAS е заведена под името „Ergoline-8-carboxamide, 9,10-didehydro-N,N-diethyl-6-methyl-, (8β)“- а во Мерковиот прирачник позната како „9,10-Didehydro-N,N-diethyl-6-methylergoline-8β-carboxamide“- - а во текот на првичните фармацевтски иследувања го добила згодното дискретното име „ЛСД-25“.
Но подоцна, претпријатието Sandoz ја промовирал супстанцијата како лекарство, нарекувајќи ја „Делизид“ (во западниот свет). По 1963, Делизидот добил други пошарени маркетиншки имиња, првовремено збунувајќи ја полицијата и неупатените. Од 1989 наваму, ЛСД се користи за научни истражувања под едно од неговите историски имиња, „Лизергид“.
Од друга страна, CAS-броевите не се поврзани со хемијата, претходни системи, и немат воочливи фонетски аналогии и синоними. Бројките се прости и доследни, предвидени за лесно пребарување по базата на податоци. Броевите им даваат доверлива, широко застапена и меѓународно признаена препознатливост на сите супстанции без оглед на разните номенклатури и дисциплини во употреба кај научнитете гранки, стопанските дејности и регулативните органи. Речиси сите денешни бази на молекули овозможуваат пребарување по CAS-број.
Формат
CAS-броевите немаат сопствено значење, туку се доделуваат во последователен нагорен редослед. Бројот има три дела, одделени со цртички: првиот содржи до 7 цифри, вториот има две, а третиот има само една, која служи како контролна цифра. Контролнат цифра се добива со помножување на последната цифра со 1, претходната со 2, таа пред неа со 3 итн, по што сите се собираат и се пресметува збирот по модул 10. На пример, CAS-бројот на водата е 7732-18-5: контролниот збир е 5, а се добива со (8·1 + 1·2 + 2·3 + 3·4 + 7·5 + 7·6) = 105; 105 mod 10 = 5.
Стандардизација и сложеност • Изомери на една молекула добиваат дискретни CAS-броеви: D-гликозата е 50-99-7, L-гликозата е 921-60-8, α-D-гликозата е 26655-34-5 итн. • Повремено, цели класи на молекули добиваат еден CAS-број: групата ензими наречена алкохолдехидрогенази има број 9031-72-5. • Стандардна мешавина од поинаку означени соединенија може да добие групен CAS-број; на пр. синапово масло (8007-40-7).
Сопственост Органот кој е надлежен за доделување на броевите е Службата за хемиски изводи (CAS), оддел на Американското хемиско друштво (ACS). Информациите се заштитени со авторски права, во сопственост на друштвото. Секој што сака да ги користи CAS-броевите во своја база треба да го следи правилото: Корисник или организација може да постави, без лиценца и без наплата, до 10.000 CAS-броја (CASRN) во каталог, мрежно место или друг производ кој не се наплаќа. Треба да се наведе следново: CAS-бројот е заштитен знак на Американското хемиско друштво.
Пребарување на CAS-броеви Пребарување со CHEMINDEX преку Канадскиот центар за здравје и безбедност при работа ChemIDplus - Напредно преку Националната медицинска библиотека на САД Секојдневна хемија TM преку Австралискиот инвентар на хемиски супстанции Европски информативен систем за хемиски супстанции преку мреж. место на Кралското хемичарско друштво HSNO - Хемиска класификациска информативна база преку Управата за раководство со ризици по животната средина Алатка за пребарување на Австралискиот инвентар на хемиски супстанции
Занимливости Најмал CAS-број има формалдехидот: 50-00-0. Ова значи дека формалдехидот е веројатно првата супстанција што добила CAS-број.
Поврзано Меѓународен сојуз за чиста и применета хемија Класификација на ензимите (EC-број) Меѓународна хемиска назнака (InChI) PubChem SMILES
Наводи
Надворешни врски Опис на регистарот на CAS - Служба за хемиски изводи
CAS-бројот на соединенија со познато име, формула или состав ќе го добиете бесплатно на следниве места:
База „Chemical Synthesis“ PubChem ChemSpider NLM,NIH ChemIDplus NIST Chemistry WebBook R&D Chemicals Пречистувач на базата на NCI NCI/CADD Пронаоѓач на хемиски идентификатори ChemFinder ChemSub - имиња на повеќе јазици
Категорија:Шеми за хемиско нумерирање Категорија:Назнаки