Германска граматика е граматиката на германскиот јазик.

Именки

Именките во германскиот јазик имаат три специфични родови (машки, женски и среден род). Именките се деклинираат според падежи и граматички броеви. Сите именки се пишуваат со голема буква.

Родови

Германски јазик ги има сите три родови од доцните Индоевропски прајазици – машки, женски и среден род. Секоја именка во германскиот јазик има еден од овие родови. Граматичкиот род на именката во германскиот јазик не секогаш соодветствува со природниот пол на предметот. Именките кои означуваат личност, како die Frau („жена“) или der Mann („маж“), генерално се совпаѓаат со природниот род на она што се опишува. Меѓутоа, секоја именка во германскиот јазик која завршува на –chen или на –lein граматички е среден род, но постојат исклучоци како das Mädchen („девојче“) и das Fräulein („госпоѓица“). Но, ова не е нелогично бидејќи das Weib (старо, регионално или антрополошки: жена) е навистина исклучок. Покрај тоа во германскиот јазик дури и именките без природен род имаат род. На пример основните три парчинња прибор за јадење имаат различен род: das Messer („нож“) е среден род, die Gabel („виљушка“) е женски, а der Löffel („лажица“) е машки род.

Оние кои го учат германскиот јазик често се советувани германските именки да ги учат заедно со нивниот определен член бидејќи определениот член на именката одговара на родот на именката. Сепак со значењето или формата, особено со последните неколку букви од именката може да се прпознае родот на 80% од именките. На пример, именките кои завршуваат на –heit, -keit, -tät, -ung, -ik, или –schaft се женски род. Како што е наведено погоре именките кои завршуваат на –chen или –lein се среден род. Именките кои завршуваат на –e претежно се од женски род; сепак тоа не е општо правило: die Katze („маче“), die Blume („цвеќе“) и die Liebe („љубов“) се од женски род, но der Bote („курир“) е машки род, а das Ende („крај“) е среден род. Слично е и со именките кои завршуваат на -er, тие претежно се од машки род (der Teller, der Stecker, der Computer); сепак das Messer („нож“) и das Wasser („вода“) се од среден род, додека die Mutter („мајка“) може да биде женски род, како и die Butter („путер“) во многу форми на горногермански јазик, иако на швајцарското и австробаварското наречје е der Butter.

Падежи

Општо

Во германскиот јазик има четири граматички падежи со кои се моделираат именките, придавките и заменките. Падежите се номинатив (Nominativ/Werfall), генитив (Genitiv/Wesfall), датив (Dativ/Wemfall) и акузатив (Akkusativ/Wenfall). Падежот на одередена именка зависи од граматичката функција на именката во реченицата.

Номинатив (Wer oder was?): подметот во реченицата, вршителот на дејството. Генитив (Wessen?): поседувач на нешто, или предмет на одредени препозиции. Датив (Wem?): индиректниот предмет, како и во случај кога предметот е даден некому или предмет на одредена препозиција. Акузатив (Wen oder was?): директниот предмет, она што директно го прима дејството, или предмет на одредена препозиција.

Пример: der Tisch (машки род)(мак. маса)

{| class="wikitable" |- | ||Еднина:||Множина: |- |Ном:||der Tisch ||die Tische |- |Ген:||des Tisch(e)s||der Tische |- |Дат:||dem Tisch(e)||den Tischen |- |Акк:||den Tisch||die Tische

Следната реченица (во која се присутни сите падежи) ќе ви помогне да ги разберете падежите:

Mein Freund hat mir ein Foto seines neues Autos gezeigt. (Мојот пријател ми покажа слика од неговиот нов автомобил)

Оваа реченица е пример за тоа како се употребуваат падежите во германскиот јазик (и во сите други јазици со граматички падеж). За полесно да се одредат падежите во реченицата, се служиме со следните прашања:

Прашање:Wer oder was hat mir ein Foto gezeight? (кој или што) Одговор: Mein Freund.= номинатив Прашање: Ein Foto wessen hat mir mein Freund gezeigt? (чиј) Одговор: ein Foto seines neuen Autos.= генитив Прашање:Wem hat er das Foto gezeigt? (кому) Одговор: mir.= датив Прашање: Wen oder was hat er mir gezeigt? (кого или што) Одговор: ein Foto. = акузатив

За разлика од променетите јазици како латински, германскиот падежите повеќе ги изразува преку членот на зборот отколку со завршетокот на зборот, иако нема некоја посебна разлика помеѓу множина и еднина падежите се изразуваат и преку наставки на зборовите (der Tisch, die Tische). Други исклучоци за наставките кои го изразуваат падежот на именката заедно со членот се формите во генитив еднина и датив множина. Сепак сè уште може да се каже дека пренесувањето на падежната информација на членот се сочувани во системот за падежи на германскиот јазик низ својот развој од Стар Висок германски до современиот германски јазик.

Генитив

Првите докази за изумирањето на падежот- генитив можат да се најдат во колоквијалниот јазик на Раниот Нов Висок германски (зборуван од 1350г. – до 1650г.). Кога Мартин Лутер ја превел Библијата на германски јазик, употребата на падежот генитив (заедно со Претеритумот) веќе била прилично необична за повеќето германски дијалекти. Сепак, Лутер за своите преводи го користел бирократскиот јазик на Саксофонија. Преводите на Лутер се направени со широка употреба на генитив (и други „архаични“ елементи кои се повообичаени за Средниот Висок германски отколку за Новиот Висок германски) и со тоа се намалило изумирањето на генитив за одреден степен. Денес употребата на падежот генитив е сè уште ретка во говорниот јазик – говорителите често во разговор го заменуваат со падежот датив, слично со Фарскиот сроднен германски јазик. Но генитивот останува речиси задолжителен во писмената комуникација, јавните говори и во сè што не е експлицитно колоквијално во германскиот јазик и е сè уште важен дел од германскиот Bildungssprache (образовен јазик). Во телевизиските програми и филмовите често може да се сретнете со мешавина од двата падежи, датив како замена и редовен генитив, во зависност од тоа колку програмата треба да биде формална или „уметничка“ . Употребата на датив како замена е почеста во јужните германски дијалекти, каде Германците од северните региони (каде во тоа време Лутеровата Библија на германски се учела како странски јазик) употребата на генитив е многу почеста. И покрај тоа што станувало прилично често да не се користи генитивот кога тоа формално било потребно, голем број на Германци знаеле како да го користат и генерално го користеле. Особено меѓу луѓето со високо образование се сметало за малку засрамувачки доколку биле фатени како неправилно го употребуваат дативот. Затоа, во ниту еден случај не е препорачливо да го избегнувате генитивот при учењето на германскиот јазик, бидејќи изумирањето на овој падеж, кое се случува околу 600 години, се одвива многу бавно, бидејќи историскиот развој на германскиот Standardsprache повторно до одреден степен го постави конкретниов падеж во германскиот јазик , а не само во пишана форма.

Сепак, една германска книга наречена Der Dativ ist dem Genitiv sein Tod („Датив е на Генитив смртта“) алудира на појавата (која авторот ја нарекува „смртоносната борба на Генитивот“) во нејзиниот наслов. На стандарден германски, насловот би гласел „Der Dativ ist der Tod des Genitivs“ („Датив е смртта на Генитивот“). Како што се гледа во самата книга е употребуван дијалект од погорното германско подрачје, каде што се применува дативот заедно со присвојни заменки наместо генитив. Обидот да предизвика забава кај она што авторот го гледа како изумирање во германскиот јазик се смета за погрешно бидејќи во пишаниот германски е многу погрешно конструкциите со датив да го заменуваат генитивот . Патем речено,ова не е тоа како говорителите на стандардниот германски јазик колоквијално би го замениле генитивот; тие би рекле Der Dativ ist der Tode vom Genitiv, што е (буквално на македонски „на Генитив“) погрешно и во стандардниот јазик, но е е многу помалку инкриминирано.

Лингвистички гледано тезата за изумирањето на генитивот може лесно да се побие. Всушност генитивот со векови е надвор од употреба во сите дијалекти на германскиот јазик. Нова појава е само заментата на дијалектите со колоквијален Стандарден германски јазик, што воопшто не влијае врз користењето на генитивот во пишаниот јазик.

Сепак постојат легитимни конструкции со датив кои се користат за да се покаже поседување на нешто, како во „Dem Knaben ist ein Buch zu eigen“. Конструкцијата „zu eigen“ речиси не се појавува, но во почетните латински преводи таа треба да се наведе (puero liber est). Некои дијалекти имаат „Dem Knaben ist ein Buch“ што буквално е датив кој се користи за да укаже на поседување на нешто. Ако генитивот е необележан и без член (особено во множина), употребата на von (и по него датив) не е само легитимна туку е и потребна, како на пример: „Die Belange von Minderheiten sind zu schätzen“ (значењето на малцинствата треба да биде заштитено). Во тој случај, Belange der Minderheiten ќе произведе определен член кој не е одреден, а Minderheiten само по себе е нешто како необележана множина. Допополнително падежот датив се користи за да се покаже контралата врз деловите од телото кои се директен објект на некое дејствие. Констукците како „er brach sich den Arm“ („тој си ја скрши раката“ буквално „тој самиот си ја скрши раката“) и „Du stichst dir die Augen aus, Junge!“ („Ќе си ги извадиш очите, дете!“ но буквално „Самиот ќе си ги извадиш очите, дете!“) се типични и точни во секој контекст.

Датив

Дативот владее со индиректиот предмет и локацијата во реченица. Реченицата „Ich gebe meinem Sohn einen Hund“ (на македонски „Му давам куче на синот“) содржи подмет „ich“; глагол „gebe“; индиректен предмет „meinem Sohn“; и директен предмет „einen Hund“. Зошто „einen Hund“ е директен, а не индиректен предмет? Затоа што „ einen Hund“ е она што одговара на дејствието на подметот а „meinem Sohn“ е она врз кому се врши дејството или определеното место на подметот.

Дативот исто така се фокусира на положбата. (Види Препозиции со Акузатив и Датив подолу). Германците прават голема разлика помеѓу мирувањето и движењето. Акузатив се справува со движењето; а Датив со мирувањето. Постојат 4 главни глаголи кои ја прикажуваат поделбата hängen/ hängen, legen/ liegen, stellen/ stehen, setzen/ sitzen (движење/ мирување). На пример Ich hänge das Bild an die Wand (Ја закачувам сликата на ѕидот). Забележете го членот на „Wand“ – тоа е движење, тоа е Акузатив и „die“ останува „die“ во Акузатив. Сега сликата е веќе на ѕидот. Тоа е положбата (мирувањето). На пример Das Bild hängt an der Wand. Тука членот на „Wand“ е „der“ – бидејќи „die“ во Номинатив и Акузатив се менува во „der“ во Датив. Оваа реченица е во мирување и оттаму падежот на именката што следи по препозицијата мора да биде во Датив.

Падежи после препозиции

Падежот на именката по препозиција е одреден според препозицијата. Номинативот не бара никакви препозиции, но кај сите други падежи може да следи некоја, на пример препозицијата für (за) следи во падежот – акузатив, зборот mit (со) следи во датив, а зборот außerhalb (надвор од) следи во генитив. Одредени предлози кои се нарекуваат „препозиции кои одговараат на два падежи“ имаат предмет и во датив и во акузатив, во зависност од тоа дали употребата укажува на позиција (на пример. in der Küche = „во кујната“, датив) или насока ( in die Küche(„внатре во кујната“, акузатив).

Препозиции и падежи

Препозициите во германскиот јазик може да бидат тешки за совладување. Причина за тоа е што препозициите се создадени да и дадат насока, локација, интензивност итн. на реченицата. Начинот на кој говорителот на македонскиот јазик ќе укаже може да биде сосема различен од начинот на кој би укажал говорителот на германскиот јазик. Можеби овие неколку примери ќе го разјаснат ова:

МАКЕДОНСКИ: Книгата е на масата. Постерот е на ѕидот. На е препозиција. Во овој контекст на македонски јазик разбираме „на“, во смисла на контакт помеѓу две површини. Спореди со следниот превод со германски.