Марбах на Некар (гер. Marbach am Neckar) — град на реката Некар во сојузната покраина Баден-Виртемберг, Германија. Населението брои 15.000 жители.Население и вработеност - Статистичка служба на Баден-Виртемберг Најблиски поголеми градови се Лудвигсбург и Штутгарт (околу 25 км).
Градот е познат и како родно место на класичниот поет и драмски писател, Фридрих Шилер (1759-1805). Иако авторот се отселил уште во детството, во негова чест е отворен Националниот музеј и архив на германската книжевност „Шилер“ (Schiller-Nationalmuseum und Deutsches Literaturarchiv), еден од најголемите вакви архиви во земјата.
Стариот дел на градот е мошне живописен и полн со цркви и куќи од историско значење, вклучувајќи ја родната куќа на Шилер.
Покрај тоа, во градот се наоѓа и Книжевниот музеј на модерната — добитник на Стерлинговата награда за архитектура.
Поврзано Некар Штутгарт (административен округ) Лудвигсбург (округ)
Наводи
Надворешни врски
Градски портал
мини|центар|600п|Панорама на градот од другата страна на реката Некар.
Категорија:Градови во Баден-Виртемберг Категорија:Виртемберг