Гведелупво постари извори често се среќава погрешната транскрипција Гвадалупе () територија од два острова на Карибите во состав на Заветрените Острови, Мали Антили. Нејзината површина изнесува 1.628 км2 и брои население од 384.239 жители (2019).Populations légales 2019: 971 Guadeloupe , INSEE Гваделуп е прекуморски регион на Франција, која се состои од единствен прекуморски департман. Како и сите други прекуморски департмани, така и Гваделуп е интегрален дел од Франција. Помали острови како Мари-Галант, Ла Дезирад, Ил де Сент се составен дел на Гваделуп.

Како дел од Франција, Гваделуп е дел од Европската Унија и Еврозоната. Оттаму, како за сите земји на Еврозоната, така и за Гваделуп валута е еврото. Но Гваделуп не е дел од Шенген зоната.

Историја лево|мини|250x250пкс|Поморска битка меѓу Англија и Франција, 1782. За време на неговото прво патување во Америка, во ноември 1493 година Кристофер Колумбо станал првиот Европеец кој стапнал во Гваделуп. Тој ја нарекол Санта Мариjа де Гваделуп де Екстремадура по сликата на девицата Марија, која е многу почитувана, а се наоѓа во шпанскиот манастир во Виљуеркас, во Гваделуп, Екстремадура. Експедицијата запрела на брегот, јужно од Капестер и ниеден од населувачите не останал.

Се смета дека во 1493 година, Кристофер Колумбо го открил ананасот на Гваделуп. Тој го нарекол „ шишарката на Индијанците“.

По успешно населување на островот Сен Кристоф (Сент Китс), француската компанија на Американски острови ги испратиле Шарл Лиенар и Жан Дуплесис Осонвил да ги колонизираат еден или останатите островите на регионот: Гваделуп, Мартиник или Доминика.

Во 1635 година, поради негостољубивата природа на Мартиник, Шарл и Жан се населиле во Гваделуп, го презеле островот и успеале да збришат многу карипски домородци. Во 1974 година, било припоено со кралството на Франција. Во текот на следниот век, Британците неколкупати го освојувале островот. Економијата се развила во последните декади на 17 век поради профитабилната трговија со шеќерна трска. Уште еден знак кој покажува за просперитетот во Гваделуп е Парискиот договор од 1763. Во овој договор се стабило крај на Седумгодишната војна меѓу Британија и Франција а Франција како поразена се согласила дека нема да бара територија во Канада но со цел Британија повеќе да не се враќа во Гваделуп. Сепак, во 1759 година Британците го заземале Гваделуп.

Во 1790 додина, следејќи го почетокот на Француската револуција, високите класи од Гваделуп одбиле да ги почитуваат новите закони за еднакви права за луѓето од црна или мешана раса кои не биле робови. Тие се обиделе да прогласат независност, запалувајќи една третина од Поент а Питр. Започнала битката помеѓу монархистите и републиканците. Во 1791 година со победата на монархистите прогласиле независност. Во 1792 година, монархистите одбиле да го прифатат новиот гувернер кој бил назначен од Париз. мини|274x274пкс|Гваделуп – Мапа – UNOCHA Во 1793 година, започнал бунт на робовите, па високата класа се свртела накај Британците, барајќи од нив да го освојат островот. Во 1794 година, во еден обид да се добие предност во хаосот кој произлегол од Француската револуција, Британците се обиделе да го освојат Гваделуп и го држеле под нивна власт од 21 април до декември 1794 година, кога Виктор Иг го натерал англискиот генерал да капитулираpg 241 Hugues was able to use his expeditionary force of 1,500 men and an enthusiastic slave population to repel the British invasion of Guadeloupe after a seven-month struggle, which ended in December 1794.. Виктор успеал да ги ослободи робовите. Робовите дигнале бунт и се нафрлиле на сопствениците на робовите во чии раце биле плантажите со шеќерна трска. Во 1802 година, Наполеон Бонапарт со законот од 20 мај, истата година го вратил ропството во сите колонии кои ги освоиле Британците за време на Француската револуција, но за некои поморски региони на Франција тоа не важело. Тие региони се Гваделуп, Гвајана и Сен Доминик. Наполеон испратил експедициски сили повторно да го освојат островот од бунтовните мештани. Луј Делгре и група револуционерни војници се самоубиле на падината на вулканот Матуба бидејќи се знаело дека освојувачките трупи ќе го преземат островот. Окупаторската сила убила над 10.000 Гваделупци.

На 4 февруари 1810 година, Британците уште еднаш го освоиле островот, а окупацијата продолжила до 1816 година. На 3 март 1813 година, англо-шведската алијанса го остапила островот на Шведска на краток период од 15 месеци. Британците продолжиле да владеат со островот.World Statesmen.org: Guadeloupe Со Парискиот договор од 1814 година, Шведска го остапила Гваделуп на Франција. Со Виенскиот договор од 1815 година, Франција ја преземала целосната контрола врз Гваделуп. лево|мини|Жена од Гваделуп, околу 1911. На 28 мај 1848 година, на островот се укинало ропството под иницијатива на Виктор Шолчер. За време на епидемија на колерата од 1865-1866 година , Гваделуп загубил 12.000 жители. Во 1946 година колонијата Гваделуп станала поморски департман на Франција, а во 1974 година станал административен центар. Неговите претставници седнале во Француското народно собрание во Париз.

Денес населението на Гваделуп го сочинуваат главно црнци или мулати а повеќето се римокатолици. Францускиот јазик и креолскиот дијалект преовладуваат, но има и голем дел европска и индиско население. Има Либанци, Сиријци, Кинези, Карипски Америндијанци.

На 15 јули 2007 година, Сен Мартин и Сен Бартелеми официјално биле одделени од Гваделуп и станале две одделни француски поморски заедници со нивна сопствена локална администрација.The French law was passed in February 2007, but did not take effect until the local assemblies voted in agreement on 15 July 2007. See J. P. Thiellay, Droit des outre-mers, Paris:Dalloz, 2007. Со пописот од 1999 година, нивното население заедно броело 35.930 жители и површина од . Гваделуп изгубила 8,5% од нејзиното население и 4,4% од нејзината површина.

Географија

Гваделуп се наоѓа јужно од Заветрените острови, на источниот дел од Карипското Море. Гваделуп е составена од два главни острови: Бас-Тер и Гранд-Тер. Соседните француски острови Ла Дезирад, Ле-Сент и Мари Галант се под власта на Гваделуп.

Западниот Бас-Тер има нерамен вулкански релјеф, а источниот Гранд-Тер има камени врвови и рамни рамници.

На 7 декември 2003 година, северниот дел на Сен Бартелеми и северниот француски дел од Сен Мартин некогаш беа во склоп на Гваделуп. Но на 22 февруари 2007 година, овие две области се одвоија и станаа поморски територијални заедници.

Клима Гваделуп има тропскаклима и две годишни сезони: сува сезона која трае од јануари до јуни; влажма сезона која трае од јули до декември.

Урагани

Во поново време неколку урагани го уништиле островот.

На 12 септември 1928 година, ураганот Окишоби предизвикал огромна штета и убил илјадници луѓе.

На 22 август 1964 година, ураганот Клео го опустошил Гвадалуп и убил 14 луѓе. мини|250x250пкс|Сателитска фотографија на Гваделуп Две години подоцна, на 27 септември 1966 година, трета категорија на ураган Инез предизвикал огромна штета најмногу во Гранд Тер и на север на Бас Тер островот, а убил 33 луѓе. Шарл де Гол по ураганите го посетил островот и го прогласил за загрозена област.

На 17 септември 1989 година, четврта категорија на ураган Хуго предизвикал огромна штета, оставил над 35.000 луѓе без домови, уништил над 100 куќи, 100% ги уништил бананите, 60% ја уништил шеќерната трска.* Benito-Espinal, F. Pagney and E. Benito-Espinal – L'Ouragan Hugo: génèse, incidences géographiques et écologiques sur la guadeloupe [Hurricane Hugo: Origin, Geographic and Ecological Consequences on Guadeloupe].

Од крајот на август до средината на септември 1995 година, на островот се случиле три успешни циклони: на 28 август тропската бура Ирис, која предизвикала помала штета, на 5 септември ураганот Луис, предизвикал средна штета на северниот брег од Град Тер и на 15 септември ураганот Марилин, кој предизвикал средна штета во Бас Тер.

На 21 септември 1998 година, ураганот Џорџ направил средна штета на островот, а уништил 90% од бананите.

На 5 септември 2017, ураганот Ирма предизвикал понезначителни штети додека пустошел по другите острови како на Сен Мартин. IФранцускиот претседател Емануел Макрон во поддршка пристигнал на островот на 12 септември.http://nationalpost.com/pmn/news-pmn/the-latest-dutch-king-says-devastation-is-worst-hes-seen

На 19 септември 2017, ураганот Марија од 4 и 5 категорија предизвикаал поплави. Причинета била голема материјална штета а настрадале околу 80,000 домови.

Политика

Гваделуп има четири претставници во Собранието на Република Франција и три сенатори во Сенатот. Една од четирите избирачки едници на Народното Собрание сè уште ги вклучува Сен Мартин и Сен Бартелеми и покрај тоа што тие во 2007 година се одделија од Гваделуп. Ова ситуација ќе се одвива сè до 2012 година кога Сен Мартин и Сен Бартелеми ќе испратат свои претставници во Собранието.

Административна поделба Гваделуп е поделен на 32 општини. Секоја има градоначалник и совет. Приходите ги остваруваат со средства од француската влада и доноци од месното население. Надлежни се за водостопанството, матичната евиденција и полициските работи.

ИмеФранцускиПовршина (км2)Население (2019)ОкругКартаАнс БертранAnse-Bertrand62,54.001Поент а Питрбезрамка|50x50пБајифBaillif24,35.203Бас Тербезрамка|50x50пБас ТерBasse-Terre5,789.861Бас Тербезрамка|50x50пБе МаоBaie-Mahault4630.837Бас Тербезрамка|50x50пБујантBouillante43,466.847Бас Тербезрамка|50x50пВје ФорVieux-Fort7,241.842Бас Тербезрамка|50x50пВјез АбитанVieux-Habitants58,77.110Бас Тербезрамка|50x50пГоајавGoyave59,917.621Бас Тербезрамка|50x50пГран БурGrand-Bourg55,544.870Поент а Питрбезрамка|50x50пГурберGourbeyre22,527.760Бас Тербезрамка|50x50пДееDeshaies31,13.998Бас Тербезрамка|50x50пКапестер Бел ОCapesterre-Belle-Eau103,317.741Бас Тербезрамка|50x50пКапестер де Мари ГалантCapesterre-de-Marie-Galante46,193.298Поент а Питрбезрамка|50x50пЛа ДезирадLa Désirade21,121.419Поент а Питрбезрамка|50x50пЛамантенLamentin65,616.354Бас Тербезрамка|50x50пЛе ГозјеLe Gosier45,226.489Поент а Питрбезрамка|50x50пЛе МулLe Moule82,8422.149Поент а Питрбезрамка|50x50пЛез АбимLes Abymes81,2553.514Поент а Питрбезрамка|50x50пМорн а ЛоMorne-à-l'Eau64,516.495Поент а Питрбезрамка|50x50пПети БурPetit-Bourg129,8824.753Бас Тербезрамка|50x50пПети КаналPetit-Canal728.203Поент а Питрбезрамка|50x50пПоент НоарPointe-Noire59,76.031Бас Тербезрамка|50x50пПоент а ПитрPointe-à-Pitre2,6615.181Поент а Питрбезрамка|50x50пПор ЛујPort-Louis44,245.618Поент а Питрбезрамка|50x50пСен КлодSaint-Claude34,310.466Бас Тербезрамка|50x50пСен ЛујSaint-Louis56,282.397Поент а Питрбезрамка|50x50пСен ФрансоаSaint-François6111.689Поент а Питрбезрамка|50x50пСент АнSainte-Anne80,2924.151Поент а Питрбезрамка|50x50пСент РозSainte-Rose118,617.985Бас Тербезрамка|50x50пТер де БаTerre-de-Bas6,8975Бас Тербезрамка|50x50пТер де ОTerre-de-Haut61.519Бас Тербезрамка|50x50пТроа РивјерTrois-Rivières31,17.862Бас Тербезрамка|50x50п

Култура

Книжевност мини|200x200пкс|Мариза Конде, автор на историска фикција. Културата во Гваделуп е најмногу позната по успехот на островјаните, особено по поезијата на Сен-Џон Перс, односно Алексис Лежер. Во 1960 година, Перс добил Нобелова награда за литература. Гваделуп има многу богата литература, која денес ја негуваат многу писатели, поети, романописци, есеисти и новинари, меѓу кои се издојуваат дамите Мариза Конде и Симона Шварц-Барт, М.Ернест Пепан.

Музика