thumb|350px|Преглед на етапите; темните линии го претставуваат растојанието на поединечните етапи, додека црните испрекините линии го претставуваат растојанието поминато во трансфери помеѓу етапите.
Етапата 12 на Џиро д’Италија 2012 се случила на 17 мај, а трката завршила на 27 мај. Втората половина на трката целосно се наоѓа во рамките на Италија; започнувајќи со умерено планинска етапа од Серавеца до Сестри Леванте, пред да се случи вообичаениот завршен хронометар во Милано.
ЛегендаМаичките, кои се појавуваат во табелата на левата страна и покажуваат од кој велосипедист се носени на соодветната етапа, додека оние кои се појавуваат во табелата на десната страна ги покажуваат оние наградени на велосипедистот по етапата. 20px|alt=A pink jersey Го означува предводникот во генералникот пласман 20px|alt=A blue jersey Го означува предводникот во планинскиот пласман 20px|alt=A red jersey Го означува предводникот во бодовниот пласман 20px|alt=A white jersey Го означува предводникот во пласманот за млад возач и.в. означува дека возачот, кој поминал низ целта во иста група како оној, кој го добил времето над него и затоа му било доделени истото крајно време.
Етапа 12
17 мај 2012 — Серавеца до Сестри Леванте, 155 км
Етапа требала да се одржи на растојание од 157 километри, но во април 2012, пред почетокот на Џиро, маршрутата била малку изменета на 155 км. Поради поројните дождови, кои предизвикале поплави и лизгања на земјиштата во октомври 2011, патиштата низ Синке Тере биле сметани за неупотреблици за трката. Како таква, втората половина на трката започнала со влажна етапа долж лигурскиот брег, со четири категоризирани врвови на патеката, последниот од нив на само 11 километри пред целта во Сестри Леванте. Мали напади се случувале на патеката во првиот час од етапата; додека не се создало првичното бегство по околу 40 километри. Првичниот потег од седум возачи, сите од различни екипи, се одвоил од групата, додека подоцна им се приклучиле уште двајца возачи, Џексон Родригес () и возачот на Мартајн Кајзер, кој повторно влегол во бегство.
Возачот на Санди Казар бил најдобро пласиран од деветте возачи во групата, заостанувајќи зад водачот во генералниот пласман Хоаким Родригес () четири минути и како се задржувал што подолго во бегството, станувал сè поголема закана за водството на Родригес. Предноста на бегството ја надминала таа разлика, достигнувајќи високи седум минути, со уште 40 километри до целта. Кога излегле на чело на групата, воспоставиле темпо, возачот на Михал Голаш нападнал сам во водечката група, но тој бил достигнат пред врвот на последното искачување на етапата, Вила Тасани. Повеќе напади се случиле помеѓу водачите пред крајот, но Ларс Бак го презел одлучувачкиот напад на 2 километри пред крајот, и на крајот победил со 11 секунди предност пред другите на целта, освојувајќи ја првата поединечна етапна победа на Џиро. Касар ја предводел групата од шест возачи позади, но неговата разлика со групата била само 3' 23". И покрај добиените 12 секунди бонус на целта како втор возач, Касар сè уште доцнел 26 секунди зад водачот на трката, но се сместил на третата позиција во генералниот пласман, зад Родригес и возачот на Рајдер Хесједал.
Резултат од етапа 12 ВозачЕкипаВреме 1 2 + 11" 3 + 11" 4 + 11" 5 + 11" 6 + 11" 7 + 11" 8 + 43" 9 + 48" 10 + 3' 34"Генерален пласман по етапа 12 ВозачЕкипаВреме 1 20px|Pink jersey 2 + 17" 3 + 26" 4 + 32" 5 + 49" 6 + 52" 7 + 52" 8 + 57" 9 20px|White jersey + 1' 02" 10 + 1' 03"
Етапа 13
18 мај 2012 — Савона до Червере, 121 км
thumb|На најкратката етапа на Џиро 2012 (без хронометрите), возачот на Франческо Фаили (лево) и возачот на Мартајн Кајзер отишле во бегство уште на почеток на етапата, но биле достигнати на околу 20 километри од крајот во Червере.
Со 121 километар, етапата 13 била најкратка етапа, без хронометрите на целиот Џиро; повторно, етапата била влажна, со само едно категоризирано искачување кај Монтеѕемоло, 31,7 километри пред крајот. Етапата била идеална за спринтерите, можен нивен последен обид за победа на некоја етапа, бидејќи последната на Џиро ќе биде посветена за специјалистите по искачување и кандидатите во генерален пласман. Првичното бегство на етапата била создадено рано на етапата, кога возачот на Мартајн Кајзер и возачот на Франческо Фаили се одвоиле во првите километри од етапата. До 30. километар од етапата, водството на двајцата бегалци напред го постигнало својот максимум, кога ти биле пет и пол минути, додека потоа групата - предводена од и – го забрзала своето темпо.
Групата постојано ја намалувала предноста на двоецот напред по искачувањето и на околу 20 километри пред крајот на етапата, Кајзер и Фаили биле достигнати од главната група. Кога биле сите во една група, темпото повторно се намалило, а многу екипи се обиделе да ги донесат нивните добри возачи во доволно добра позиција за завршницата во Червере. Пред да се намали темпото, биле повторно на чело, надевајќи се да го постават добро нивниот спринтер, Арно Демар; подоцна тие биле придружени на врвот од екипите и , обете екипи да ги донесат нивните соодветни австралиски спринтер Марк Реншо и Метју Гос. Во рамките на последните 10 километри, три возачи – Жилиен Берар од , возачот на Жилиен Вермот и возачот на Фабио Фелине се обиделе да се одвојат од групата пред очекуваниот масовен спринт, но спринтерските возови на и успеале да ги соберат нив. Брет Ланкастер го довел Гос до неговиот спринт, со Марк Кевендиш () на неговото тркало. Кевендиш се обидел да дојде од левата страна на Гос во последните метри, но Гос ја затворил таа страна и Кевендиш попушил на неговото темпо, но се вратил успешно и го поминал Гос, освојувајќи ја третата негова етапа на Џиро. Со неговата 33. етапна победа на Гранд Тур, Кевендиш исто така го зголемил неговото водство во бодовниот пласман, бидејќи Гос завршил само шести зад возачот на Александер Кристоф, Реншо, возачот на Сака Модоло и Елија Фавили од . Гос ја напуштил трката по етапата, со што Кевендиш, дополнително го зголемил водството.
Резултат од етапа 13 ВозачЕкипаВреме 1 20px|Red jersey 2 и.в. 3 и.в. 4 и.в. 5 и.в. 6 и.в. 7 и.в. 8 и.в. 9 и.в. 10 и.в.Генерален пласман по етапа 13 ВозачЕкипаВреме 1 20px|Pink jersey 2 + 17" 3 + 26" 4 + 32" 5 + 49" 6 + 52" 7 + 52" 8 + 57" 9 20px|White jersey + 1' 02" 10 + 1' 03"
Етапа 14
19 мај 2012 — Чераско до Червинија, 206 км
Првата категоризирана планинска етапа на трката вклучувала рамни делници во воведните 137 километри од етапата, пред да дојдат 50 километри искачувања на остатокот од етапата, со две искачувања од прва категорија, Кол де Жу – искачување на височина од 1.640 метри – и последното искачување во Червинија, достигнувајќи висина од 2.001 метар со просечен наклон од 5,5% на 27 километри. Искачувањето Червинија било користено на трката по првпат од 1997, кога победникот на трката Иван Готи го презел водството во трката од Павел Тонков, и не го повратил водството до крајот. Пред етапата била одржана една минута молк како знак на почит кон жртвите во бомбашкиот напад пред училиште во Бриндизи, кој се случил претходно во текот на денот.
thumb|left|Возачот на Андреј Амадор го предводи бегството на етапата. Амадор на крајот ја освоил етапата во червинија пред возачот на Јан Барта и Алесандро Де Марки од ; победата на Амадор бил прва победа на Костариканец освоена на некоја голема трка.
Поради теренот на етапата во првиот дел немало никакви движење од групата во првиот час тркање, пред да се променат временските услови; дождот одиграл голема улога во остатокот од денот. Осум возачи се одвоиле на околу 60 километри од етапата, успевајќи да направат разлика од над 13 минути пред главната група. Тројца од осумте возачи отпаднале во пониските делови на Кол де Жу, додека поставиле темпо на чело на групата, намалувајќи ја нивната предност на околу 10 и пол минути. Возачот на Јан Барта се одвоил од другите членови на бегството, додека Хосе Рухано () се поврзал со возачот на Дамијано Кунего да се обидат да го ловат. Тие не успеале во тоа и наместо тоа било оставено Андреј Амадор од да продолжи да го достигне Барта. Тој го достигнат и на крајот и го поминал, одржувајќи предност од половина минута до последното искачување кај Червинија. Тој го зголемил водството до пониските делови на искачувањето и набрзо имал предност од над една минута пред колегата на Рухано Алесандро Де Марки, возачот на Матео Монтагути, Барта и возачот на Пјер Пабло де Негри.
Подоцна, Де Марки и Барта со посебни напади се издвоиле од групата и на крајот стигнале до Амадор, како што групата сè повеќе се доближувала. Групата била околу пет минути позади на 10 километри пред крајот, но разликата била преполовена на околу 5 минути до крајот. Де Марки се обидел да се ослободи од другите возачи, но не успеал во тоа; додека во групата имало неколку неуспешни движење, но Рајдер Хесједал од успеал да се одвои од групата, со што внел голема напнатост во самата група. Хоаким Родригес се обидел да го следи неговиот соперник, но не бил успешен во тоа. Меѓутоа, напред во бегството, членовите се спремале за спринт; најпрвин Барта се обидел со неговиот спринт, но бил краток на линијата на целта пред Амадор, кој ја постигнал првата етапна победа за Костарика на некоја голема трка. Де Марки завршил неколку секунди зад нив како трет, додека Хесједал успеал да дојде пред групата на Родригес за 26 секунди, со што ја презел maglia rosa. Подоцна, Хесједал изјавил дека неговиот напад на планината бил „непланиран“ и дека е убеден за добивање на трката во Милано.
Резултат од етапа 14 ВозачЕкипаВреме 1 2 и.в. 3 + 2" 4 + 20" 5 + 46" 6 + 46" 7 20px|Pink jersey + 46" 8 + 46" 9 + 46" 10 + 46"Генерален пласман по етапа 14 ВозачЕкипаВреме 1 20px|Pink jersey 2 + 9" 3 + 41" 4 + 1' 05" 5 + 1' 06" 6 + 1' 07" 7 + 1' 07" 8 20px|White jersey + 1' 19" 9 + 1' 20" 10 + 1' 21"
Етапа 15
20 мај 2012 — Бусто Арсицио до Леко-Пјан деи Ресинели, 169 км
Како и на претходната етапа, првиот дел од етапата бил главно рамен, пред да настапи првото од четирите категоризирани искачувања, Валико ди Валкава. По спустот на искачувањето и другото некатеризирано искачување веднаш потоа, возачите се упатиле кон врвот од трета категорија Форчела ди Бура пред двете искачувања од втора категорија; Кулмине ди Сан Пјетро со неговиот врв на 25 километри пред крајот, како и последното искачување на Пјан деи Резинели. Обилните врнежи повторно биле присутни на трката, со магла на одредени места, правејќи ги условите опасни за некои поголеми напади. Бегството било поттикнато од неколку возачи на ознаката за 18 километри, кога возачот на Гијом Бонафон и возачот на Матео Работини се одвоиле од групата. Бонафон и Работини набрзо направиле разлика од околу девет минути по некои 30 километри подоцна, но двоецот го достигнал подножјето на Валико ди Валкава со осумминутно водство.
thumb|left|Откако Гијом Бонафон отпаднал во текот на етапата, понатаму возачот на Матео Работини се натпреварувал сам до крајот на етапата. И покрај падот и притисокот од возачот на Хоаким Родригес, Работини успеал да победи на својата прва етапа на Џиро.
Во исто време, седум возачи побегнале напред од групата на , Работини набрзо го напуштил Бонафон на искачувањето, започнувајќи самостоен напад на патеката. Пет возачи исто така се придружиле на групата пред главната група, која го ловела Работини до крајот. Работини го поминал врвот со скоро пет минути разлика пред првата група, додека главната група доцнела уште неколку минути зад нив. и продолжиле да поставуваат темпо на чело на главната група, гледајќи да ги донесат Рајдер Хесједал и Иван Басо во предност во генералниот пласман. Работини доживеал пад во последните 30 километри на етапата, но сè уште ја држел предноста од над две минути пред првата група. го презеле нивниот ред на чело на главната група, со што многу возачи отпаднале од групата.