мини|Џош Раднор Тед Мозби Како ја запознав мајка ви е американска комична телевизиска серија која имаше премиера на телевизискиот канал CBS на 19 септември 2005 година, и е дело на Крег Томас и Картер Бејс, во режија на Памела Фрајмен.
Дејствието се одвива во Менхетен, а Како ја запознав мајка ви ги следи социјалните и романтичните животи на Тед Мозби (Џош Раднор) и неговите пријатели Маршал Ериксен (Џејсон Сигел), Робин Шербатски (Коби Смолдерс), Лили Олдрин (Алисон Ханиган) и Барни Стинсон (Нил Патрик Харис). Како рамка на серијата, главниот лик, Тед, користејќи наративен коментар со гласот на Боб Сагет, во 2030 година на своите син и ќерка им ги раскажува настаните кои довеле до тоа како ја запознал нивната мајка.
Како ја запознав мајка ви е критично успешна серија и константно добива позитивни рецензии во текот на нејзиното прикажување. Серијата има освоено шест Еми награди, вклучувајќи ја и наградата за „Најдобра комична серија“ во 2009 година. Седмата сезона од серијата беше најавена во март 2011 година и ја имаше својата премиера на 19 септември 2011 година, со премиера од две последователни епизоди, заедно со потврда за осма сезона. Како ја запознав мајка ви ја освои наградата за најдобра Тв комедија на People's Choice Awards во 2012 година, а Нил Патрик Харис ја освои наградата за најдобар машки комичен глумец.
Продукција Како ја запознав мајка ви е плод на идејата на Бејс и Томас да пишуваат во врска со нивните „пријатели и глупавите нешта кои ги правевме во Њујорк“. Двајцата црпеле инспирација од нивните пријателства при создавањето на ликовите. Ликот на Тед е отприлика заснован на Бејс а ликовите на Маршал и Лили се отприлика засновани врз Томас и неговата сопруга. Сопругата на Томас, Ребека, најпрвин се противела на идејата во врска со тоа некој лик да биде заснован врз нејзе но би се согласила доколку Алисон Ханиган би го глумел нејзиниот лик. Ханиган сакала да продолжи да работи на комедии, и била достапна.
Барот Мекларен, сместен во средината на Њујорк, каде се одвиват некои од сцените е заснован врз еден друг бар наречен Мекги. Во тој бар имало фреска која им се допаднала на Бејс и Томас и тие сакале да ја вметнат во нивното шоу. Името за барот е добиено според асистентот на Картер Бејс кој се вика Карл Мекларен; барменот во шоуто, исто така, се вика Карл. Секоја епизода вообичаено се снима во текот на три дена во Саундстејџ студио 22 (Soundstage Studio 22) и прикажува повеќе од 50 сцени со брзи транзиции и ретроспективи. Меѓутоа, првата епизода била снимана во студиото CBS Radford..Смеата во заднина е создадена подоцна со тоа што публиката се снима по прикажувањето на конечно монтираната епизода. Томас изјавува дека снимањето пред публика во живо би било невозможно поради структурата на шоуто и бројните ретроспективи во секоја епизода и бидејќи доколку тоа би се направило би „се заматила линијата помеѓу публика и заложничка ситуација“. Подоцнежните епизоди биле повремено снимани пред публика во живо кога се користеле помали сцени.
Тематаската песна е дел од „Hey Beautiful“ од групата The Solids, чии членови се Бејс и Томас. Епизодите од првата сезона вообичаено започнувале со почетните кадри. Од втората сезона па натаму се користи таканаречено „ладно отворање“. Со тоа гледачите повремено ги гледаат децата на Тед седнати на кауч и го слушаат како им ја раскажува приказната за тоа како ја запознал нивната мајка. Како алтернатива, прикажани се сцени од претходните епизоди или кадри од Њјурок со тоа што Тед зборува во позадина. Томас експлицитно вели дека Тед од иднината не е веродостоен раскажувач бидејќи тој се обидува да раскаже приказна која се случила пред 20 години; во неколку епизоди токму овој елемент е главна точка на заплет како на пример во епизодите „Козата“, „Ох, Душо“, „Како ги запознав сите останати“ и „Теоријата за сирената“. Сепак, Томас обрнал многу внимание на одржувањето на јасен и постојан свет, како и обидувајќи се да избегне грешки во континуитетот, врз основа на неговите искуства како обожавател на други телевизиски шоуа. На почетокот на втората сезона била снимена сцена која е директно поврзна со идентитетот на мајката, сцена во која се вмешани децата на Тед и која била снимена за финалето на таа сезона..Причината за ова е тоа што глумците кои се тинејџери би биле возрасни во периодот на снимањето на последната сезона..
За време на Штрајкот на здружението на сценаристи на Америка, серијата Како ја запознав мајка ви престана да се снима; но кога штрајкот заврши, шоуто се врати во етер на 17 март 2008 година со девет нови епизоди. Била најавена и промена во временскиот период на прикажување во 8 и 30 часот според источната часовен појас менувајќи си ги местата со друга ТВ серија..Телевизиската мрежа CBS го обнови шоуто за четврта сезона на 14 мај 2008 година, со премиера на 22 септември 2008 година.
Во септември 2008 година, беше најавено дека телевизиската станица Лајфтајм ги откупила правата за прикажување на репризи од серијата со цена од 725 илјади американски долари од епизода..Четиригодишниот синдикатски договор прецизирал дека студиото мора да сними барем 110 епизоди кои траат по половина час до 2010 година, и да овозможи до 8 сезони од шоуто. На крајот од четвртата сезона само 88 епизоди биле продуцирани, а биле потребни уште 22 епизоди, и со тоа се гарантирало дека ќе има и петта сезона..На 19 мај 2009 година, беше најавена и петтата сезона од шоуто..На 20 мај 2009 година, CBS најавија дека Како ја запознав мајка ви повторно ќе се емитува во 20 часот, на местото на новата комична серија Случајно намерно. На 12 јануари 2010 година, шоуто ја емитуваше својата јубилејна 100-та епизода. Исто така, беше најавено дека серијата ќе продолжи и со шеста сезона на CBS..Во однос на синдикацијата, Томас изјавил, „Возбудени сме што шоуто ќе постои во други формати“, и тие биле горди од шоуто и тоа што имало големо барање за него. Меѓутоа, членовите на глумецската екипа изјавиле дека шоуто нема да има повеќе од осум сезони.
На 13 септември 2010 година, започнале да се прикажуваат репризи од серијата на локални американски ТВ станици и на суперстаницата WGN America во Чикаго. Во овие емитувања на CBS и Lifetime се прикажани претходно невидени логоа на продуцентите поради намалените воведни секвенци од страна на двете ТВ мрежи. Помеѓу завршните кадри, овие продуцентски логоа прикажувале делови од „Братскиот код“, кој е список на правила често спомеувани од страна на ликот на Харис, Барни Стинсон, за тоа како треба мажите да се однесувата еден со друг, со акцент на активностите каде се вклучени обидите за флертување со спротивниот пол. Најавната шпица за овие репризи е, исто така, малку монтирана, таа трае пократко и не ги користи сите слики кои се забележуваат во најаната шпица на ДВД-ата и оригиналните емитувања на CBS. Епизодите се, исто така, монтирани и изоставуваат неколку детали. Една од постојаните традиции на серијата е користењето на глумци-гости од различни продукции на Џос Видон, од кои многумина биле колеги со Ханиган од серијата Бафи убиецот на вампири. Бејс го препишува тоа што тој и Томас се огромни обожаватели на Видон и тие глумци претставуваат огромен дијапазон на талент.
На 4 март 2011 година, CBS најави дека шоуто е обновено за уште две сезони, со тоа што седмата сезона ќе ја има својата премиера на 19 септември 2011 година со две последователни епизоди. На 27 јули 2011 година, беше најавено дека каналот FX го купил шоуто за синдикација. FX започнал со емитување на шоуто на 5 септември 2011 година.
Во главните улоги Главни ликови Џош Раднор како Тед Мозби Џејсон Сигел како Маршал Ериксен Коби Смолдерс како Робин Шербатски Нил Патрик Харис како Барни Стинсон Алисон Ханиган како Лили Алдрин Боб Сагет (раскажувач) како Тед Мозби од иднината (камео улога)
Периодични ликови Линдзи Фонеска како ќерката на Тед Мозби од иднината (2005-) Дејвид Хенри како синот на Тед Мозби од иднината (2005-) Маршал Манеш како Ранџит (2005-) Џо Нивес како Карл барменот (2005-) Шарлин Амоиа како Венди келнерката (2005-11) Бил Фагербак како Марвин Ериксен постариот (2005–) Даника Мекелар како Труди (2005-07) Ешли Вилијамс како Викторија (2006, 2011-) Дејвид Буртка како Скутер (2006-10) Џо Мањанело како Бред (2006-09) Брајан Кален како Билсон (2006-09) Таран Килам како Блауман (2006) Алексис Денисоф како Сенди Риверс (2006, 2011-) Вејн Брејди како Џејмс Стинсон (2006-) Брајан Кранстон како Хамонд Дратерс (2006-07) Кристин Роуз како мајката на Тед, Вирџинија Мозби (2006-) Енрике Иглесијас како Гаел (2007) Сара Чок како Стела Зинман (2008-09) Бритни Спирс како Аби (2008) Боб Оденкирк како Артур Хобс (2008) Крис Романо како Панчи (2008-) Вил Форте како Ренди Вармпес (2008, 2010) Френсис Конрој како Лорета Стинсон (2009-) Бенџамин Колдајк како Дон Френк (2009-10) Лора Препон како Карен (2009-10) Крис Елиот како Мики Алдрин (2009, 2011, 2012-) Рејчел Билсон како Синди (2010, 2011) Бен Верин како Сем Гибс (2010-) Џенифер Морисон како Зои Пирсон (2010-11) Лора Бел Банди како Беки (2010) Кајл Меклахлан како Џорџ „Капетанот“ ван Смут (2010-11) Назанин Бниади како Нора (2011) Кети Пери како Хани (2011) Џон Литгоу како Џером „Џери“ Витакер (2011-) Кал Пен како Кевин (2011-12) Мартин Шорт како Герисон Кутс (2011-) Беки Њутон како Квин Гарви (2012-)
Краток преглед на сезоните Прва сезона Во 2030 година, Тед Мозби (Боб Сагет го позајмува гласот) седи со својата ќерка и син за да им ја раскаже приказната за тоа како ја запознал мајка им. Серијата започнува во 2005 година кога Тед (Џош Раднор) како 27 годишен архитект кој не е во врска и живее со своите двајца најдбори пријатели од колеџ; Маршал Ериксен (Џејсон Сигел), студент по право, и Лили Алдрин (Алисон Ханиган), учителка во градинка и надежен уметник. Лили и Маршал се во врска скоро девет години во моментот кога Маршал конечно и предложува брак. Нивното верење го предизвикува Тед да размислува за брак и конечно пронаоѓање на својата сродна душа, на големо незадоволство на неговиот само-назначен најдобар пријател Барни Стинсон (Нил Патрик Харис), кого тој го запознал во тоалетот во еден бар четири години претходно. Барни е голем женкар кој користи сложени измами, вообичаено користејќи костими и лажни идентитети, создадени со цел да спие со жени, кои тој ги напушта веднаш по самиот чин. Тед ја започнува својата потрага по совршената сродна душа и ја запознава амбициозната млада новинарка од Канада, Робин Шербатски (Коби Смолдерс), во која тој брзо се заљубува. Меѓутоа, Робин одлучува дека не сака да брза и веднаш да влезе во врска па затоа таа останува само пријател со Тед. Тед од иднината открива дека Робин не е мајка на неговите деца и тој ја нарекува „вујна Робин“. Тед започнуба врска со пекар, Викторија (Ешли Вилијамс), која ја запознава на венчавката на еден негов пријател, и со тоа предизвикува љубомора кај Робин кога таа сфаќа дека всушност има чувства за Тед. Викторија, која добива понуда за стажирање за правење слатки, се сели во Германија; и таа и Тед се обидуваат со врска на далечина. Кога Тед дознава дека Робин има чувства за него, и кажува дека тој раскинал со Викторија, иако тоа не е вистина. Тие скоро имаат секс кога Викторија се јавува а Робин одговара на повикот бидејќи го помешала телефонот на Тед со нејзиниот. Тед и Викторија раскинуваат а гневната Робин се дистанцира од Тед, но на крајот тие се смируваат и одлучуваат да влезат во врска. Во меѓувреме, Лили започнува да се прашува дали пропуштила некои животни шанси поради нејзината врска со Маршал, и се одлучува да оди во Сан франциско како дел од нејзините уметнички студии, воедно прекинувајќи ја врската со Маршал. Првата сезона завршува со тоа што Тед се враќа назад во станот, следниот ден откако тој ја поминал вечерта кај Робин за првпат, само да го најде Маршал како седи на дождот држејќи го вереничкиот прстен на Лили, скршен од нивното ненадејно раскинување.
Втора сезона