Планински пласман на Џиро д’Италија — второстепен пласман на трката. Во овој пласман, бодовите им се доделуваат на водечките возачи преку одредени искачувања. Повеќето искачувања се подредени во едно од трите нивоа на тежина и нивната позиција на етапата. Бонуси се добиваат на планинските завршници на етапите и на првите возачи преку Чима Копи, традиционално сметано за највисока точка на целиот Џиро. Чима Копи бил воспоставен во 1965 во чест на италијанскиот велосипедски првак Фаусто Копи.

Пласманот бил првпат сметан во 1933; од 1974 до 2011, водачот на планинскиот пласман а Џиро д’Италија ја носи maglia verde (од италијански: „зелена маичка“). Во 2012, како дел од договорот за спонзорство, бојата на маичката била променета во сина (maglia azzurra).

Историја

Планинскиот пласман бил додаден на Џиро д’Италија во 1933 година. Во воведната година на пласманот, организаторите избрале одбрани искачувања и доделиле бодови на првите тројца возачи кои поминале преку нив. Алфредо Бинда бил прв преку секое искачување и го освоил планинскиот пласман. Во 1974 година, организаторите ја додале зелената маичка за да го означат предводникот на пласманот. Зелената маичка била користена до 2012 година, кога спонзорот на пласманот, Банка Медиоланум, го обновила своето спонзорство за уште четири години и побарала маичката да биде сина наместо зелена.

Победници

задебелено - означува возачи, кој го освоил и генералниот пласман. косо - означува возач, кој го освоил и бодовниот пласман. косо и задебелено - означува возач, кој ги освоил генералниот, бодовниот и планинскиот пласман.

ГодинаПобедникНационалност 1933 Алфредо Бинда 1934 Ремо Бертони 1935 Џино Бартали 1936 Џино Бартали (2) 1937 Џино Бартали (3) 1938 Џовани Валети 1939 Џино Бартали (4) 1940 Џино Бартали (5) 1946 Џино Бартали (6) 1947 Џино Бартали (7) 1948 Фаусто Копи 1949 Фаусто Копи (2) 1950 Иго Кобле 1951 Лујон Бобе 1952 Рафаел Џеминијани 1953 Паскале Форнара 1954 Фаусто Копи (3) 1955 Гастоне Ненчини 1956 Шарли ГолФедерико Бахамонтес 1957 Рафаел Џеминијани (2) 1958 Жан Бранкар 1959 Шарли Гол (2) 1960 Рик ван Лој 1961 Вито Таконе 1962 Анхелино Солер 1963 Вито Таконе (2) 1964 Франко Битоси 1965 Франко Битоси (2) 1966 Франко Битоси (3) 1967 Аурелио Гонсалес 1968 Еди Меркс 1969 Клаудио Микелото 1970 Мартин Ванденбоске 1971 Мануел Фуенте 1972 Мануел Фуенте (2) 1973 Мануел Фуенте (3) 1974 Мануел Фуенте (4) 1975 Франсиско ГалдосАндрес Олива 1976 Андрес Олива (2) 1977 Фаустино Фернандес Овиес 1978 Или Сутер 1979 Клаудио Бортолото 1980 Клаудио Бортолото (2) 1981 Клаудио Бортолото (3) 1982 Лисиен ван Импе 1983 Лисиен ван Импе (2) 1984 Лорен Фињон 1985 Хосе Луис Наваро 1986 Педро Муњос 1987 Роберт Милар 1988 Енди Хемпстен 1989 Луис Ерера 1990 Клаудио Кјапучи 1991 Инаки Гастон 1992 Клаудио Кјапучи (2) 1993 Клаудио Кјапучи (3) 1994 Паскал Ришар 1995 Маријано Пиколи 1996 Маријано Пиколи (2) 1997 Чепе Гонсалес 1998 Марко Пантани 1999 Чепе Гонсалес (2) 2000 Франческо Казагранде 2001 Фреди Гонсалес 2002 Хулио Перес Квапио 2003 Фреди Гонсалес (2) 2004 Фабијан Вегман 2005 Хосе Рухано 2006 Хуан Мануел Гарате 2007 Леонардо Пјеполи 2008 Емануеле Села 2009 Стефано Гарцели 2010 Метју Лојд 2011 Стефано Гарцели (2) 2012 Матео Работини 2013 Стефано Пираци 2014 Хулијан Аредондо 2015 Џовани Висконти 2016 Микел Ниеве 2017 Микел Ланда 2018 Крис Фрум 2019 Џулио Чиконе 2020 Рубен Гереиро 2021 Жофри Бушар 2022 Кун Бауман

Повеќекратни победници

До 2022 година, 15 велосипедисти повеќепати го освоиле планинскиот пласман. +Повеќекратни победници на планинскиот пласман на Џиро д’ИталијаВелосипедистВкупноГодини 7 1935, 1936, 1937, 1939, 1940, 1946, 1947 4 1971, 1972, 1973, 1974 3 1948, 1949, 1954 3 1964, 1965, 1966 3 1979, 1980, 1981 3 1990, 1992, 1993 2 1952, 1957 2 1956, 1959 2 1961, 1963 2 1975, 1976 2 1982, 1983 2 1995, 1996 2 1997, 1999 2 2001, 2003 2 2009, 2011

По националност

Возачи од четиринаесет различни држави го имаат освоено планинскиот пласман на Џиро д’Италија.

+Победници по националност на планинскиот пласман на Џиро д’ИталијаДржаваБр. на велосипедистиБр. на победи 21 39 12 16 5 6 4 6 4 5 3 3 2 2 1 2 1 1 1 1 1 1 1 1 1 1 1 1 1 1

Поделба на бодовите

Бодовите, кои ги добиваат првите возачи, кои доаѓаат на врвот на искачувањето се делат според следниот редослед:

+Поделба на бодовите во 2012 GPM4 GPM3 GPM2 GPM11. возач359152. возач23593. возач12354. возач1235. возач126. возач1

Организаторите на трката одредуваат, кои искачувања и врвови ќе бидат вклучени за планинскиот пласман и во која категорија ќе бидат.

Наводи

Категорија:Џиро д’Италија