Мирјета Бајрамоска (родена на 22 ноември 1984 во Битола) — македонска ракометарка. Таа игра за ЖРК Крим во словенечкото првенство. Таа е поранешна репрезентативка на Македонија.
Игра на позицијата лев бек.
Во сезоната 2009/10, играјќи за ЖРК Металург, таа била најдобар стрелец во Челинџ Купот постигнувајќи 69 гола.
Нејзини поранешни клубови се: Кометал Ѓорче Петров, Еуростандард Ѓорче Петров, Мар Аликанте од Шпанија, РК Драма од Грција и ЖРК Металург.
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски ракометарки Категорија:Луѓе од Битола Категорија:Родени во 1984 година