мини|десно|исправено|Живопис од црквата Црква „Св. Атанасиј“. Свеќани — село во Општина Градско, централна Македонија. Денес нема жители.

Географија и местоположба Селото е сместено во областа Клепа, северозападно од општинското седиште Градско.

Историја Во XIX век Свеќани било мало, чисто македонско село во нахијата Азот од Велешката Каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Свјеќани (Sviékyani) имало 15 домаќинства со 66 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 184 - 185. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Свеќани имало 100 жители, сите Македонци христијани.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 158.

На почетокот на XX век жителите на селото потпаднале под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Свеќане (Svekiané) имало 184 Македонци, сите под егзархијата.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рp. 118-119.

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Свечани (Svečani) како македонско христијанско село.Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927

Население

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.

Населението на Свеќани почнало нагло да опаѓа во 1950-тите поради поради аграрната реформа и индустријализацијата на Титов Велес. Во 1961 г. спаднало на 5 домородни жители и 11 новодоселени Албанци.Свеќани — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) Селото е целосно напуштено во 1960-тите. Според пописот од 2002 година, Скачинци немало ниеден жител. Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Родови Свеќани било македонско село.

Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото биле:

Староседелци: Кимовци (4 к.), Батовци (2 к.) и Крстевци (2 к.) Доселеници: Поповци (2 к.) и Дејановци (4 к.) доселени биле на почетокот од 18 век од селото Водоврати, за да го избегнат потурчувањето; Иловци (1 к.) доселени биле во средината на 18 век од селото Скачинци; Лазовци (1 к.) доселени биле во средината на 19 век од селото Војница; Караџовци (1 к.) доселени биле во 1876 година од селото Виничани; Тодоровци (4 к.) доселени биле во 1884 година од селото Скачковци; Јосифовци (1 к.) доселени биле во 1905 година од селото Подлес.

Личности Личности родени во Свеќани:

Васа Здравка Кошулчева (1887—1970) — учесник во НОВ, носител на Партизанска споменица 1941. Мајка на браќата Кошулчеви.

Општествени установи Црква „Св. Атанасиј“ од XIX век Црква „Св. Константин и Елена“ — манастирска црква од 1930-тите, изградена како обнова на средновековната црква

Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта Панаѓуриште - Св. Константин и Елена — црква и некропола од средниот век, претходник на денешната со исто име

Иселеништво Селото е целосно иселено, а најголем број од населението е иселено во Велес.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Велешки села Категорија:Села во Општина Градско Категорија:Раселени села во Македонија