Јакоб Димер Фуглсанг (; р. во ) — дански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата . Пред да стане професионалец за Тим Саксо Банк, бил планински велосипедист во екипата Тим Канондале-Вредестајн. Ги освоил Светското првенство и Светскиот куп за велосипедисти под 23 години.
Фуглсанг завршил седми на Тур де Франс како негов најдобар резултат на некоја голема трка. Негови најдобри резултати во кариерата биле победите на Лиеж-Бастоњ-Лиеж 2019 и победите на трката Критериум ди Дофине во 2017 и во 2019 година, каде во 2017 година освоил две етапи. Исто така, освоил неколку други етапни трки, како што се Трката околу Данска трипати по ред во периодот 2008-2010, Трката околу Луксембург и Трката околу Австрија во 2012 година и Трката околу Словенија во 2009 година.
Кариера Рани години (2006-2008)
Во сезоната 2006, Фуглсанг првпат настапил како професионален планински велосипедист за Канондејл-Вредестејн. Во 2007 година, Фуглсанг се преселил во Италија со цел да се насочи кон возењето. Тоа било тешка година за Фуглсанг, бидејќи немал пријатели и немал посети од семејството. Но, осаменоста му овозможила да се насочи кон неговата кариера во планински велосипедизам. Најголемиот настан во сезоната 2007 дошла во септември кога возел на Светското првенство за возачи под 23 години. Негов најголем соперник на трката бил Швајцарецот Нино Шуртер. Само неколку недели претходно настапиле заедно на ГП Тел, каде Фуглсанг завршил трет, а Шуртер осми. Меѓутоа, како се приближувале до крајот на трката, Шуртер бил во водство, но Фуглсанг се доближувал и го претекнал во последниот круг на нагорнините. Фуглсанг ја поминал целта како светски првак под 23 години. По настанот, Фуглсанг ги истетовирал линиите од виножитото на десната рака. Следната година, Фуглсанг одлучил да се насочи кон друмскиот велосипедизам, меѓутоа сѐ уште настапувал на трки во планински велосипедизам. Откако завршил втор со колегата Роал Паулисен на Кејп Епик во 2007 година, повторно се вратил со Паулисен следната година и ја освоиле трката. Водел на изданието 2008 на Трката околу Данска на последната етапа. Бил во контакт со и договорот бил конечно потпишан, кога ја освоил трката. И покрај тоа што потпишал договор, менаџерот на Фуглсанг сакал да почека бидејќи неговата вредност ќе пораснела по победата на трката.
Тим Саксо Банк (2009-2010)
лево|мини|Фуглсанг во водечката маичка на Трката околу Данска 2009 лево|мини|Фуглсанг возел на прологот на Тур де Франс 2010 во националниот дрес
Фуглсанг настапил првпат во Светската турнеја во 2009 година, возејќи за , која била предводена од Бјарне Рис. Имал одлична прва година, завршувајќи шести на Волта а Каталуња и Критериум ди Дофине Либере. Фуглсанг ја освоил Трката околу Данска во август по вторпат и исто така ја освоил Трката околу Словенија еден и пол месец претходно. Настапил на неговата прва голема трка во август и септември, Вуелта а Еспања. Паѓал првите неколку етапи кога доаѓал назад во групата поради губење на контрола. Подоцна во сезоната завршил втор на италијанскиот класик Џиро дел’Емилија.
Следната година била контроверзна за екипата . Не била познато дали ќе продолжи во 2011 година, поради недостиг на интерес од спонзори. Фуглсанг сакал да остане во екипата, но добил одлична понуда од , која го убедила. Во јуни, Фуглсанг завршил трет на Тур де Свис и го освоил националното хронометарско првенство првпат во својата кариера. Во јули 2010 година, Фуглсанг настапил првпат на Тур де Франс. И покрај тоа што екипата ќе се распаднела на крајот на сезоната, Рис успешно го организирал тимот и Енди Шлек ќе ја освои трката, по случајот со кленбутерол на Алберто Контадор. По Тур де Франс, Фуглсанг ја освоил Трката околу Данска третпат по ред. Негова последна трка за била Џиро ди Ломбардија, каде завршил четврти поразувајќи го Винченцо Нибали во спринт.
Леопард Трек (2011–12) 2011
Во сезоната 2011, Фуглсанг возел за новата луксембуршка екипа . Фуглсанг имал мешан почеток на сезоната, при што завршил на 11. место на Трката околу Оман, пред да ја напушти Париз-Ница. Завршил трет на хронометарот на Критериум Интернационал и четврти на хронометарот на Трката околу Баскија. Морал да чека до средината на април за да дојде до добар резултат. Настапил на Амстел Голд Рејс, каде со напад на Кауберг, Филип Жилбер ја освоил трката. Фуглсанг не можел да го следи темпото и завршил четврти, само 5 секунди зад Жилбер. Уште од почетокот на сезоната било одлучено дека Фуглсанг ќе настапи на Тур де Франс како помошник за браќата Шлек и покажал одлучна форма на последната етапна трка пред Тур. Имајќи уште еден одличен хронометар, Фуглсанг завршил на 4. место на Тур де Свис. Во јуни, исто така, завршил втор на националното хронометарско првенство. На Тур де Франс 2011, била фаворит за победа. По првите 8 етапи, Френк Шлек бил трет, Фуглсанг петти, а Енди Шлек на шестото место. Подоцна на трката, Фуглсанг отпаднал од првите десет, но Тур бил успешен за Енди Шлек кој освоил етапа и стигнал до второто место во генералниот пласман, додека Френк Шлек бил трет. Фуглсанг учествувал на Вуелта а Еспања, каде го освоиле воведниот екипен хронометар, а Фуглсанг прв поминал на целта. Ова значело дека Фуглсанг ја носел водечката црвена маичка следниот ден. Фуглсанг бил само втор дански возач, кој ја носел маичката, претходно носена од Ларс Михаелсен. Неговиот колега Даниеле Бенати го преземал водството на втората етапа. Фуглсанг имал уште еден добар хронометар на десеттата етапа и завршил шести. На крајот на трката, завршил на 11. место во генералниот пласман.
2012
Во 2012 година, Фуглсанг ги следел браќата на Шлек во . Тој бил одреден да биде водач на неговата екипа на Џиро д’Италија, но морал да се повлече поради проблеми со коленото и бил заменет со Френк Шлек. Подоцна, Фуглсанг ја освоил Трката околу Луксембург, освојувајќи го генералниот пласман на кралската етапа до Диферданж и потоа го одбранил водството со помошта на неговата екипа на четвртата и последната етапа во Луксембург. Последната етапа била скратена на 47 километри од организаторите поради поројните врнежи. Во 2012 бил исклучен од екипниот менаџмент на на Тур де Франс, откако ги изнел неговите критики за нив. Тој изјавил дека да сака да се натпреварува за друга екипа следната сезона, бидејќи бил несреќен со тоа како одат работите во екипата. Наместо натпреварувањето во Франција, заминал на победа во генералниот пласман на Трката околу Австрија и четвртата етапа на трката. Неговото водство пред второпласираниот возач Стив Морабито од било минута и 24 секунди, пред да се заврши трката.
Астана (2013–денес) 2013
мини|лево|Фуглсанг на Тур де Франс 2013
Фуглсанг го напуштил на крајот на сезоната 2012 и ѝ се приклучил на на тригодишен договор од сезоната 2013. На Тур де Франс 2013, Фуглсанг станал предводник на екипата откако се повлекол Јанез Брајкович. Откако Даниел Мартин нападнал на деветтата етапа, Фуглсанг имал совршена можност да добие време во однос на другите фаворити и се приклучил на неговиот напад. Тие се одвоиле и започнале да работата заедно. Во последниот километар било јасно дека главната група нема да ги достигне. Фуглсанг повел во спринтот напред, но откако Мартин нападнал, не можел да го следи и завршил втор. На етапата 13, Фуглсанг повторно нападнал, кога нападнале на деловите со накрсни ветрови. Фуглсанг бил единствен возач од Астана во бегството и завршил четврти на етапата, напредувајќи до шестото место. Неговиот напор на етапата му донеле углед меѓу колегите и екипата. Оттогаш, Фуглсанг се борел со холандскиот возач Бауке Молема за шестото место. На крајот, завршил седми во генералниот пласман со одлични резултати низ планините и на хронометрите. Подоцна истата година му помогнал на колегата Винченцо Нибали да заврши втор на Вуелта а Еспања.
2014
Во текот на пролетта од сезоната 2014, Фуглсанг покажал постојана форма на поголемите етапни трки. Бил подготвен да му помогне на Винченцо Нибали за победа на Тур де Франс 2014. Меѓутоа, италијанскиот возач не покажал резултати пред Критериум ди Дофине. На последната етапа на еднонеделната етапна трка, Нибали нападнал, но отпаднал од групата. Фуглсанг добил наредба да му држи темпо на Нибали на завршното искачување, но кога темпото станувало поспоро, Фуглсанг конечно добил шанса да вози за себе. Ова предизвикало контроверза во Астана, бидејќи предводникот за Тур де Франс бил послаб од неговиот помошник.
На втората етапа на Тур де Франс, Фуглсанг нападнал неколкупати додека Нибали не успеал да се одвои и да ја освои етапата. Само неколку дена подоцна, Фуглсанг и Нибали возеле заедно на етапата со калдрма и се одвоиле од главната група. Меѓутоа, на завршниот дел од калдрмата, Нибали повторно имал проблеми и не можел да се доближи до Ларс Бом, кој се одвоил и ја освоил етапата. Фуглсанг морал да го намали своето темпо со цел да го доведе Нибали до целта и повторно Фуглсанг завршил втор на етапа од Тур де Франс. По етапата, Нибали бил прв во генералниот пласман, а Фуглсанг втор. Меѓутоа, на првата планинска етапа, Фуглсанг покажал слабост и отпаднал до четвртото место. Следните етапи излегол од првите десет и загубил уште време на етапата 13, кога погодил бидон на спустот од завршното искачување. Остатокот од трката бил предизвик за Фуглсанг, кој завршил на 36. место.
2015
мини|десно|Фуглсанг на претставување на екипата на Тур де Франс 2015
Завршувајќи седми на крајот на обете трки, Трката околу Оман и Париз-Ница, Фуглсанг се нашол во првите десет на два од трите арденски класици, завршувајќи осми на Флеш Валон и деветти на Лиеж-Бастон-Лиеж. Негова главна цел на сезоната била да му помогне на Нибали да ја одбрани титулата од Тур де Франс 2014. Меѓутоа, веќе на првата планинска етапа, Нибали изгледал слабо и Фуглсанг добил шанса од екипата. Фуглсанг имал одлично качување, но поради слабото темпо за да му помогне на Нибали, завршил само на 13. место. Астана решиле дека ќе го префрлат фокусот на Фуглсанг до крајот на трката, меѓутоа, следниот ден Фуглсанг изгубил многу време, а Нибали само една минута. Завршниот ден на Пиринеите донел Фуглсанг да биде дел од бегството со 22 члена. Како групата се доближувала до завршното искачување, повеќе возачи отпаѓале од групата и Хоаким Родригес нападнал, но никој не можел да го следи неговото темпо. Родригес ја освоил етапата со една минута и 12 секунди пред Јакоб Фуглсанг, кој стигнал на мократа целна линија на второто место. Како последна шанса за етапна победа, Фуглсанг се одвоил на етапата 18. Повторно бил дел од огромна група, која станувала помала, како што се доближувале до Кол ди Гландон. Било јасно дека Фуглсанг има шанса за победа на етапата, но бил турнат од мотор, кој ја претекнувал групата. Ова ги завршило неговите шанси за етапна победа, а возачот на моторот подоцна бил исфрлен од трката.
2016
Како последна трка за подготовка за Џиро д’Италија 2016, Фуглсанг возел на Џиро дел Трентино. Фуглсанг завршил на трката трет со колегата Танел Кангерт на второто место. Предводникот на екипата за Џиро, Нибали завршил дури на 21. место. На првиот одлучувачки ден на Џиро д’Италија, Нибали нападнал, но повторно отпаднал по неговиот напад. Фуглсанг ги следил другите фаворити и дури и нападнал во последниот километар, при што завршил втор и напреднал до второто место во генералниот пласман. Два дена подоцна, Фуглсанг изгубил уште време во однос на другите фаворити, откако имал дупната гума на делот со чакал. Откако се вратил во последната недела од трката, Нибали ја освоил Џиро со помош од Фуглсанг и целата екипа. На Тур де Франс, Фуглсанг имал слаба форма, но нападнал на последната планинска етапа, но немал среќа да ја освои етапата. Предводникот на Астана, Фабио Ару, исто така не успеал на етапата, што значело дека Астана немала успех на Тур.