Мартин Богатинов (р. 26 април 1986 во Кратово) — македонски фудбалер кој игра за Карпати ЛавовПрофил на transfermarkt.co.uk во украинското фудбалско првенство и за фудбалската репрезентација на Македонија.Профил на ФФМ Игра на позицијата голман.
Клупска кариера Фудбалската кариера ја започнал во 2005 година во клубот Силекс од Кратово. Во 2007 година се преселил во редовите на Вардар, но наскоро бил позајмен на клубот Цементарница. За шест месеци колку што бил во Цементарница тој одиграл 12 натпревари. По враќањето во Вардар, тој одиграл само два натпревари за клубот, па така во 2008 година потпишал со Тетекс од Тетово.
Во летото 2009, тој се преселил во Работнички од Скопје. На 23 јули 2009 година тој дебитирал во европските купови, со победата од 4-2 на Работнички над Крусадерс од Северна Ирска. Во 2010, Мартин Богатинов бил прогласен за најдобар играч во Македонското првенство.Мартин Богатинов - фудбалер на годината
Во јануари 2011 година било објавено дека Богатинов ќе потпише договор со украинскиот Карпати Лавов, иако за него претендирале и клубови од Азербејџан и од Русија. На 23 јануари 2011 година бил потврден неговиот трансфер во Карпати Лавов.Богатинов потпиша 3-годишен договор со Карпати Неговиот трансфер чинел 150.000 евра. Првиот деби натпревар за "Карпати" од Лавов, го одиграл на 6 март 2011 година против Арсенал Киев. Во сезоната 2010/11 година Карпати Лавов се пласирал на 5-то место во украинската лига, и тоа значело настап во УЕФА Европа Лигата. Во УЕФА Европа тој бил еден од позаслужните што клубот се пласирал во групната фаза од натпреварувањето. Во ноември 2013 година, по претходните расправии со клубот, Богатинов добил раскинување на договорот и станал слободен играч. Претходно, нему му биле понудени полоши услови за продолжување на договорот, кој тој ги одбил, така што паднал во немилост и ретко добивал шанса да брани."Богатинов се спаси од Карпати", Дневник, год. XVII, бр. 5322, петок, 22 ноември 2013, стр. 25.
Кариера во репрезентативниот дрес Официјалното деби за фудбалската репрезентација на Македонија го направил на 17 ноември 2010 година во натпреварот против Албанија влегувајќи во игра во 87-та минута од натпреварот. Потоа на 22 декември 2010, тој бил прв избор на голманската позиција на пријателскиот натпревар против Кина каде фудбалската репрезентација на Македонија загубила со 1-0 примајќи гол во 94-та минута од натпреварот.Извештај Македонија - Кина До сега за фудбалската репрезентација на Македонија има одирано 9 натпревари.
Постигнувања Клупски Вардар Македонски Куп: 1 Победник: 2006/07 Тетекс Македонски Куп: 1 Победник: 2009/10
Лични Најдобар играч во Македонското првенство: 2010
Наводи
Категорија:Родени во 1986 година Категорија:Фудбалери од Кратово Категорија:Фудбалски голмани Категорија:Фудбалери на ФК Силекс Категорија:Фудбалери на ФК Цементарница Категорија:Фудбалери на ФК Вардар (Скопје) Категорија:Фудбалери на ФК Тетекс Категорија:Фудбалери на ФК Работнички (Скопје) Категорија:Фудбалери на ФК Карпати