Наиро Александер Кинтана Рохас (; р. ) — колумбиски професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа .
Кинтана е специјалист за качување, познат по неговата вештина да отпочне непрекинати и постојани напади на искачувања со стрмен наклон, да развие голема сила и издржливост да реагира на нападите на другите. Исто така, тој е добар на хронометарите, што го прави вистински возач за генералниот пласман на етапните трки. Негови најдобри резултати во кариерата се победите на Џиро д’Италија 2014 и Вуелта а Еспања 2016, како и второто место на Тур де Франс во 2013 и 2015. Покрај двете победи на големите трки има завршено на подиум шест пати и единаесет пати меѓу првите десет.
Има повеќекратни победи на другите етапни трки, што доведувало до висок пласман во Светската турнеја на крајот на секоја сезона, поради што се смета за еден од најуспешните етапни возачи во поново време и најдобар друмски велосипедист во колумбиската историја.
Неговиот брат Дајер Кинтана, исто така, е професионален велосипедист и бил член на во периодот 2014-2018. Се приклучил на во 2020 година.
Ран живот
Кинтана е роден во Комбита, град близу главниот град на Бојака, Тунха, во Колумбија, во земјоделско семејство. Кинтака доаѓа од многу скромно семејство, но неговите родители сепак успеале да заштедат да му купат половен планински велосипед со кој поминувал 16 километри секој ден до училиште и возел од село до село за да продава овошје и зеленчук. На 16 години започнал да работи како таксист користејќи го автомобилот на неговиот татко. Кинтана престојува во Комбита, делејќи го своето време помеѓу родната земја и Памплона. Неговите родители се викаат Луис Кинтана и Елоиза Рохас и има четири браќа и сестри: сестрите Нели и Лади и браќата Вилингтон и Дајер.
На 15 години бил удрен од такси додека возел, поради што бил во кома пет дена.
Професионална кариера Рана кариера
Ја започнал својата кариера во екипата „Бојака ес пара Вивирла“. Во 2010 година, Кинтана ја освоил Тур де л’Авенир како дел од екипата „Кафе де Колумбија ес Пасион“, докажувајќи дека е еден од ветувачките таленти на колумбискиот велосипедизам.
Мовистар (2012-2019) 2012
Во 2012 година го освоил генералниот пласман на Вуелта а Мурсија. Во 2012 однел престижна победа на Критериум ду Дофине, кога отпочнал противнапад на помала група возачи, вклучувајќи го водачот Бредли Вигинс откако го достигнале и последниот бегалец на етапата. Го одржал неговото соло водство на спустот до Морзин. По освојување на таа етапа, годината ја завршил со победа на Рут ду Суд. Кинтана го имал својот прв настан на некоја голема трка на Вуелта а Еспања, каде бил еден од клучните помошници на Алехандро Валверде, така што Шпанецот завршил на второто место во генералниот пласман. Кинтана завршил на 36. место. Во октомври го освоил Џиро дел’Емилија.
2013
мини|upright|лево|Кинтана на Трката околу Британија 2013
Во 2013, Кинтана ја освоил кралската етапа на Трката околу Баскија спринтајќи до победа по последното искачување во Еибар-Арате, 2 секунди пред групата од шест велосипедисти во која биле и неговите најблиски соперници. Кинтана победил во генералниот пласман преку завршниот хронометар, завршувајќи секунда зад Тони Мартин (), здобивајќи доволно време пред возачот на Серхио Енао за да ја преземе водечката маичка од него.
На Тур де Франс 2013, Кинтана нападнал на Кол де Пелер во текот на осмата етапа и станал првиот човек кој поминал низ највисокиот премин таа година. Подоцна бил претекнат на претпоследното искачување на етапата од фаворитот на трката Крис Фрум. Кинтана го преземал водството во пласманот за млад возач и ја добил наградата за најборбен возач на таа етапа. На етапата 15 до Мон Венту, Кинтана повторно нападнал рано и само предводникот на трката Фрум успеал да го следи, на крајот отпаднал во последните два километри на искачување откако возеле заедно во поголем дел. По етапата 15, Кинтана се искачил на шестото место во генералниот пласман. На етапата 18 по првпат било вклучено познатото искачување Алп д’Ез двапати. Четвртото место на етапата на Кинтана го поместил на третото место, односно на место на подиум, во генералниот пласман по првпат на Тур де Франс. На етапата 20 не само што го одбранил третото место, туку и го нападнал Фрум и се одвоил од него во последниот километар за победа на етапата пред Хоаким Родригес и Фрум и се искачил до второто место, на кое и завршил на Тур. Исто така ја освоил маичката за млад возач, како и планинскиот пласман. Завршувајќи втор во генералниот пласман бил најдобар резултат за Колумбиец или некој возач од Јужна Америка на Тур де Франс и прв дебитант на Тур, кој завршил на подиум од Јан Улрих во 1996. По Тур, Кинтана победил на Вуелта а Бургос, каде ја освоил петтата етапа, откако отпаднал Винченцо Нибали на последното искачување.
2014
мини|Кинтана во водечката розова маичка на Џиро д’Италија 2014
Поради високите планини и поголемиот број искачувања на Џиро д’Италија, Кинтана одлучил да цели на Џиро и да го прескокне Тур де Франс. Сезоната 2014 му започнала со победа на Тур де Сан Луис по победата на планинската четврта етапа. Завршил втор на Тирено-Адријатико зад Алберто Контадор, разболувајќи се веднаш по завршувањето на трката. Потоа завршил петти на Волта а Каталуња, одразувајќи му се болеста по Тирено.
На Џиро д’Италија 2014, неговиот почеток на трката не бил во најдобар тек поради некои здравствени проблеми поради студеното време. Екипата на Кинтана, Мувистар, започнала на осмото место на воведниот хронометар во Белфаст, 55 секунди зад победниците Орика ГринЕЏ, откако врнело за време на нивниот настап. На шестата етапа, Кинтана бил попречен од големиот пад на завршното искачување, поради што задоцнил 2 минути и 8 секунди зад предводникот Мајкл Метјус. Иако не загубил многу време, по поединечниот хронометар на етапата 12, бил на три и пол минути доцнење зад предводникот на трката Ригоберто Уран. Сепак, неговата форма се вратила на етапите 14 и 15, намалувајќи ја разликата на 2' 40". Подоцна ја достигнал неговата врвна форма во последната недела на трката. На етапата 16 ја преземал водечката розова маичка во контроверзни услови, откако некои од неговите соперници погрешно помислиле дека спустот од Стелвио бил неутрализиран; возејќи низ густата магла и слабата видливост, Кинтана го следел нападот на Пјер Ролан и Рајдер Хесједал, на крајот победувајќи на етапата и го преземал водството на трката. На етапата 19, Кинтана извозил фантастично на Монте Грапе победувајќи го планинскиот хронометар, со што покажал дека е најдобриот возач на трката. Го одржал водството од три минути и на Цонколан, како и на завршницата во Трст. Кинтана, исто така, ја освоил и белата маичка за најдобар млад возач.
По Џиро, Кинтана се одморал неколку месеци од трки. Се вратил во Европа во август целејќи на победа на Вуелта а Еспања. Две недели пред Вуелта, Кинтана ја освоил третата етапа на Вуелта а Бургос и завршил втор на завршниот хронометар, со што го претекнал второпласираниот Даниел Морено. На Вуелта, Кинтана го преземал водството на трката по поединечниот хронометар на десеттата етапа. Меѓутоа, доживеал сериозен пад откако погрешно прочитал една кривина и изгубил четири минути и црвената маичка. Повторно паднал на почетокот на следната етапа и се повлекол од трката поради скршена клучна коска.
2015
мини|upright|лево|Кинтана ја носел белата маичка на Тур де Франс 2015
Кинтана ја започнал сезоната 2015 на Тур де Сан Луис.http://www.eltiempo.com/deportes/ciclismo/venimos-con-un-equipo-joven-pero-quiero-ganar-nairo-quintana/15092160 Завршил трет во генералниот пласман на трката. Кинтана првично требало да настапи на Вуелта а Андалусија, но падот на националното друмско првенство го приморало да се повлече. Негова следна трка била Тирено-Адријатико. Тука ја освоил првата победа во сезоната, на врвот на искачувањето Терминило, каде исто така го преземал водството на трката. Победил при снежно невреме. Успеал да го одбрани водството на трката и ја освоил трката, како и маичката за млад возач. Кинтана бил избран од неговата екипа на две класични трки со калдрма (Е3 Харелбеке и Дварс дор Вландерен) со цел да го подготват за калдрмата која што ќе биде присутна на Тур де Франс 2015. Кинтана ја продолжил подготовката за Тур де Франс со настап на Тур де Романди и Трката околу Баскија, завршувајќи на осмото и четвртото место, соодветно. Потоа возел на Рут ду Суд, каде се борел со Алберто Контадор на третата етапа пред да заврши втор на трката. Кинтана, потоа, останал дома за да тренира во јуни пред да дојде во Франција за Тур. На ветровитата дождлива втора етапа, Кинтана се нашол во раздвоена група на главната група и изгубил минута во однос на Крис Фрум и другите фаворити. На десеттата етапа, првиот планински ден, Кинтана бил единствен соперник кој можел да остане со Крис Фрум, завршувајќи една минута зад него. Потоа, Кинтана се обидел да се доближи до жолтата маичка во последната недела на Тур, напредувајќи на второто место на седумнаесеттата етапа. Со разлика од 2'38 зад Фрум на деветнаесеттата етапа, Кинтана ветил дека ќе го нападне Фрум и го исполнил ветувањето, добивајќи 30 секунди во однос на Фрум до крајот на етапата.http://www.bicycling.com/racing/2015-tour-de-france/stage-19-analysis-nibali-and-quintana-attack-froomehttp://allsports.com.gh/other_sports/cycling-nairo-quintana-will-keep-attacking-tour-de-france-leader-chris-froome-id4002681.html И на претпоследната етапа, со искачување на Алп д’Ез, Кинтана повторно го нападнал Фрум, користејќи ги колегите Алехандро Валверде и Винер Анакона да ја зголеми предноста пред да се одвои сам на пет километри пред крајот. Го зголемувал времето во однос на Фрум до крајот, завршувајќи втор на етапата. Кинтана го завршил Тур на второто место, 1'12 зад Крис Фрум со неговиот колега Алехандро Валверде на третото место. Исто така, ја освоил белата маичка, додека неговата екипа Мувистар го освоиле екипниот пласман.http://www.theguardian.com/sport/2015/jul/25/chris-froome-tour-de-france-nairo-quintanahttp://www.bicycling.com/racing/2015-tour-de-france/pinot-wins-alpe-dhuez-stage-20
По крајот на Тур, Фрум, Кинтана, Валверде и Нибали, главните четворица фаворити на Тур де Франс 2015, ги објавиле своите намери да возат на следната голема трка, Вуелта а Еспања 2015.http://www.skysports.com/cycling/news/21683/9935123/vuelta-a-espana-chris-froome-nairo-quintana-among-leading-contenders Меѓутоа, Кинтана не делував како да е во својата најдобра форма. Na единаесеттата етапа, кралската етапа, изгубил три минути од предводникот на трката Фабио Ару, паѓајќи на деветтото место. Кинтана признал дека е болен и дека размислува за напуштање на Вуелта.http://www.cyclingweekly.co.uk/racing/vuelta-a-espana/nairo-quintana-confident-of-vuelta-a-espana-comeback-after-illness-190107 Меѓутоа, не го направил тоа и се вратил на четиринаесеттата етапа, каде завршил шести и освоил неколку секунди во однос на другите соперници. Своето враќање го започнал на седумнаесеттата етапа, поединечен хронометар, завршувајќи на изненадувачкото шесто место и напредувал на петтото место во генералниот пласман. На претпоследната етапа, Кинтана се приклучил на бегството на етапата со Рафал Мајка и ја завршил трката на четвртото место, само 30 секунди зад местото на подиумот.http://bleacherreport.com/articles/2565444-vuelta-a-espana-2015-stage-20-winner-highlights-updated-standings-schedulehttp://www.nytimes.com/2015/09/14/sports/cycling/fabio-aru-wins-vuelta-a-espana.html?_r=0
2016