Владеењето на Мехмед III
Мехмед III бил турски султан кој владеел од 1595 до 1603 г. Тој важел за многу побожен владетел. Познат е по тоа што им доделувал имоти на дворските шутови, што претставувало голем преседан бидејќи имоти обично се доделувале на луѓе кои добивале заслуги во војните и коишто морале да јавуваат во војни походи на повик на султанот. Сепак со државата фактички управувал големиот везир Ибрахим како и неговата мајка. Во негово време се водела австриско-турската војна која започнала уште во 1593 г. за време на неговиот претходник Мурат III. На страна на Турците се бореле и Татарите. Во 1599 год Турците ја опсадувале Виена. Австријците го зазеле Егер. При опсдата на Виена загинал Сатурџиј еден од најверните пријатели на татарскиот кан Гизи-Гирај. Со цел да го смири татарскиот кан и да го задржи на нивна страна во Сомбор бил испратен беглербегот Сиваш Махмут. Започнале преговори за мир. Турскиот командант Сулејман ја повлекол опсадата на Виена. Притоа изјавил „ сега ја спасив својата душа од Карло Петти“. Од австриска страна преговарачи биле : надбискупот Иван Кутасу, Фрањо Надасду, Бартоломеј Пезен и Палфу, а од турска страна биле: Мехмед помошник на големиот везир, кадијата Хабил, агата Ферхад од Будим и гркот Александар Палеолог кој бил претставник на татарскиот кан. Преговорите не донеле резултати. Сулејман бил заробен а командата над турската армија ја презел намесникот на градот Дијарбек Мурат. Во меѓуврме дошло до несогласување меѓу везирот Ибрахим и кримскиот кан Гизи-Гирај. Под водство на Ибрахим во редовите на турската војска владеела дисциплина со што успеал да го придобие христијанското население на своја страна. Во тој период дошло до преговори со Французите и Валонците кои барале да им се испалати годишен данок од 60000 златници, а за возврат тие ќе го предадат Столен Белград кој бил во нивни раце. Им било ветено дека најпрвин ќе им се исплатат 10000 златници а подоцна останата сума. По четириесет дневна опсада тврдината им била предадена на Османлиите. Во овој период се случувале разни побуни на спахиите. Една од поважните побуни била била во престолнината поради која бил сменет кајмакамот на градот. Наскоро избувнала и побуната во Керекешт која што траела триесет години чиј водач бил Абдулхалим Карајазиџи. Побуната се раширила низ цела Мала Азија и Карајаџизи се прогласил за госоподар на цела Мала Азија. Во меѓувреме дошло до одцепување на Влашка под водство на Михаило. Ибрахим паша испратил свои луѓе да преговараат со Михаило. Михаило започнал да соработува со Турците што било причина да се побуни Ердељскиот владетел. Во тој период заповедникот на дунавската граница и кипарскиот беглербегот Шабан влегле со својата војска во Влашка и извршиле грабежи и пустошење и го убиле Михаило и неговите соработници. Започнале преговори за мир со Унгарија. Наскоро умрел големиот везир Ибрахим паша. На негово место бил поставен кајмакамот Јемиши Хасан паша. По деветнаесет дена Хасан паша тргнал со војска во Земун. Бил освоен Столен Белград. Австриската војска се повлекла кај Палота. Австрискиот надвојвода Фердинанд со 30000 војници го опсадувал градот. Во меѓувреме во Азија продолжувала побуната предводена од Абдулхалим. Кај Кајсери тој го победил Хаџи Ибрахим паша. Во тој период за везир наместо Хасан паша бил поставен Хусрев паша намесникот на Дијабекер. Во тоа време дошло до заеднички напад на Шпанците, Малтежаните и Фирентинците на Тунис и Алжир, меѓутоа нападот на Алжир бил без успех. Во август 1603 г. великиот везир го опседнал Столен Белград и успеал да го заземе. По неколку месеци повторно дошло до побуна на спахиите во Цариград. Како последица на ова дошло до затворање на кајмакамот Сатџи Хасан. Тој бил ослободен од страна на јаничарите кои се побуниле против господарот на харемот Осман. За да се спаси султанот Мехмед наредил да се убие господарот на харемот. На крајот бунтот на спахиите бил задушен од страна на јаничарите. Кајмакамот Сатџи Хасан бил протеран во Трабзон, Хасан паша бил затворен, а Џагал требало да биде погубен. Принцот Махмут син на султанот побарал од татко му да го испрати против бунтовниците во Мала Азија. Наскоро принцот бил убиен. Во 1600 год избувнала војна со Персија. Персискиот шах испратил свои пратеници кај европските владетели барајќи војна против Турција. Војната започнала со опсадата на Тебриз. Војската предводена од Хазибег успеала да ги победи Персијанците и тој бил поставен за кан. Тој со својата војска стигнал до Тебриз и тука се споил со војската на Ердејскиот хан Зулфиќар. Дошло до битка во која победиле Персијанците. Тогаш Персијанците тргнале кон градовите Нахџиван и Ереван. Шериф паша побарал помош од соседните намесници но не добил помош. Во средината на ноември 1603 г. Персијанците стигнале кај Ереван. Му пратиле писмо на Шериф паша во кое барал да се предаде. Шериф паша им одговорил дека нема намера да се предаде „ Сè додека секој камен не биде платен со некоја од нашите глави, толку долго додека од нив Персијанците не направат пирамида нема никаква надеж во заземање на тврдината“. Откако во Цариград се слушнала вест дека бил загубен Тербиз кајмакамот Касим одржал состанок со везирите. Саатџи Хасан бил поставен за водач на војната со Персија. Наскоро умрел и султанот Мехмед III.
Владеењето на Ахмед I
По смртта на Мехмед III на власт дошол неговиот син Ахмед I 1603-1617 г. Кога стапил на власт имал само 14 години. Тој дозволил неговиот помлад брат Мустафа да остане жив, но го затворил во дворецот. Голем везир станал Јауз Алија Малкоч, втор везир Касим паша, а трет везир Курт паша. Притоа биле избрани двајцата беглербези. Со Анадолија управувал Џагал-оглу, а со Румелија големиот везир. Во Азија продолжувала војната со Персија. Персискиот шах го опседнувал градор Ереван шест месеци. По неговото заземање ги заземал Шамахи, Ширван, Акџекала и Карс. Ханот Емирган дошол со војска пред тврдина Карс во Грузија и наскоро ја освоил. Во јуни 1604 г. Џагал-оглу тргнал со војска против Персијанците. Персискиот шах стигнал пред Тебриз а Џагал-оглу стигнал пред Ширван. Потоа се повлекол во Ван а оддтаму во Ерзурум. Набрзо умрел великиот везир Јауз Алија Малкоч, а на негово место дошол Лала Мехмед паша. Во Каиро бил убиен Хаџи Ибрахим паша поради побуна а на негово место дошол Гурџи Мехмед. Во ноември 1604 на Ахмед му се родиле двајца синови Осман и Мехмед. Во Азија продолжувале побуните на спахиите. Во периодот од 1604 до 1606 г. се воделе преговори за мир со Австријците. Завршиле со потпишување на житванскиот мир на 11 ноември 1606 г. Со овој мир бил укинат годишниот данок од 30000 златници, австрискиот цар и султанот станале рамноправни, се престанало со упаѓањата и ограбувањата, селата кои претходно ја признавале османскат власт и плаќале даноци и натаму ја признавале. Ердеј станал полунезависен од османскта власт, а Унгарија останала слободна но морала да им плаќа данок на Османлиите. Житванскиот мир претставувал почеток на опаѓање на силата на Османлиското Царство. Во овој период повторно дошло до побуни во Азија. Хусеин паша бил убиен при опсадата на Роха. Во Багдад бил убиен Јусуф паша. Анадолскиот беглербег бил помилуван, но кога повторно се побунил бил убиен. Еден од бунтовниците Џанбулад барал да му се признае право да кова монети како и молитва во негово име и склопил сојуз со тосканскиот влики војвода Фердинанд. Великиот везир Мурат со војската успеал да ја задуши побуната а бунтовниците биле фрлени во бунар. Меѓутоа повторно избувнала нова побуна Календероглу. Тој ги проширил границите на ајдинско-саруханскиот санџак до границите на Хамид и Караман. Добил засилување од 1000 луѓе кои му ги довел Агачген Пири од Анатлија. Тој со својата војска стигнал во Измир и испратил пратеници во Цариград со барање за примирје. Календроглу се проширил кон југ. Великиот везир Мурат трганал со војска кон Анкара. Дошло до битка во која победиле силите на великиот везир Мурат. Приврзаниците на Календроглу започнале да бегаат Бајбург, Ерзурум, Ердехан и Ереван. Великиот везир стигнал со војската во Анкара. Одттаму се вратил во Сиваш. Потоа тргнал кон Токату каде што добил писмо во кое пишувало „ Таму каде што ова благородно писмо ќе пристигне таму ќе презимиш “. Мустафа паша и Хаџи Ахмет го известиле великиот везир дека во Азија нема повеќе бунтовници, меѓутоа се влошила состојбата на персиската граница. Великиот везир им одговорил „ заповед на мојот падишах е да презимам во Ерзорум и потоа да тргнам против шахот“. Во меѓувреме дошло до повторно влошување на односите со Австријците. Турците сакале да постават свој кнез во Ердељ, а Австријците ги барале назад Гран, Каниз и Ерлау. Бил потпишан мир со кој Австријците им исплатиле на Турците сума од 200000 гулдени. Потоа дошло до нов договор во врска со некои села во близина на Гран. Во 1608 г. бил склопен и мировен договор со Полска сличен на житванскиот, со кој Турците се обврзувале да ги спречат Татарите да ја вознемируваат Полска, а Полјаците се оббврзале да ги спречат Козаците да ја вознемируваат Молдавија. Во 1610 г. дошло до бунт во Египет. Намесникот на Египет Мехмед успеал да воведе ред и дисциплина. Во пролет 1610 г. везирот Мутат тргнал со војска против Персија. Успеал да го освои Тебриз. Персискиот шах побарал преговори за мир. Биле испратени 40000 златници за прехрана на војската. Во 1612 г. дошло до нови преговори за мир со Персијанците. Било договорено за исплаќање на 200000 златници како надомест за освоените територии. Во пролет 1613 г. кај султанот дошол татарскиот принц Мехмед-Гирај со 4000 Татари. Во 1614 год повторно доошло до заострување на односите со Персија. Беглербегот на Дијабекр Дилавер паша и беглербегот на Ван Телели Мехмед паша тргнале кон Ереван, а емирот на Курдите против Нехавенд. Ереван бил опсадуван четириесет и четири дена. Персијанците побарале преговори за мир. Војската започнала да се повлекува. Бил сменет великиот везир Мурат, а на негово место дошол Халил капунданпаша. Тој со војска тргнал кон Молдавија против Козаците. Самуел Хорецки и Махаило Вишивески успеале да го протераат војводата Томоз поставен од Турците. Против нив биле испратени Ибрахим паша и Искендер паша кои успеале да ги победат Молдавците. Во 1617 Искендер паша ја повлекол војската од границите. На 22 ноември умрел султанот Ахмед I.
Првото владеење на Мустафа
По смрта на Ахмед I на престол дошол неговиот брат Мустафа I. Тој бил душевно болен. Власта ја имала неговата мајка. Тој имал обичај да фрла пари во реката за да ги храни рибите. Во договор меѓу Муфитјата Есад и кајмакамот Софи Мехмед паша бил свикан диванот на кој било одлучено Мустафа да биде симнат од власт а на негово место да биде поставен најстариот син на Ахмед Осман II. Ова се случило на 26 февруари 1618 г.
Владеењето на Осман II