мини|Местоположба на Мозамбичкиот Проток Мозамбички Проток или Мозамбички Канал (, , ) — дел од Индискиот Океан што се наоѓа помеѓу Мадагаскар и југоисточна Африка, претежно Мозамбик. Тука, во II светска војна се одиграла Мадагаскарската битка (1942) помеѓу Вишиевска Франција и Сојузните сили.
Протокот има должина од 1.600 км, а ширината се движи од 400 до 950 км. Најтесниот дел е помеѓу Ангош (Мозамбик) и Тембохорано (Мадагаскар). Достигнува длабочина од 3.292 м во подрачјето оддалечено 230 км од мозамбичкото крајбрежје. Во него тече топла јужна струја, која потоа продолжува во Агулјската струја во водите источно од ЈАР.
Граници Според Меѓународната хидрографска организација (IHO), Мозамбичкиот Проток ги има следниве граници: На север. Линија од устието на реката Рувума () до Рас Хабу, северниот врв на островот Голем Комор, кој е северниот од Коморските Острови, до ’ртот Амбр, северниот крај на Мадагаскар (). <p>На исток. Западниот брег на Мадагаскар. <p>На југ. Линија од ’ртот Сант Мари, јужниот крај на Мадагаскар до Златниот ’Рт (Оро) на континенталниот дел (). <p>На запад. Копното на ЈАР.За поисправна западна граница се смета брегот на поточно Мозамбик.
Острови во протокот Комори Голем Комор Мохели Анжуан
Мозамбик Примерас и Сегундас (архипелаг)
Франција Мајот Расеани Острови Гејзер Глорјез (група) Хуан де Нова Европа Басас да Индија
Наводи
Надворешни врски
Јапонски подморници кај Мадагаскар и Мозамбичкиот Проток
Категорија:Протоци во Индискиот Океан Категорија:Протоци во Африка Категорија:Меѓународни протоци Категорија:Географија на Коморите Категорија:Географија на Мадагаскар Категорија:Географија на Мајот Категорија:Географија на Мозамбик