мини|Поглед кон езерото Егирдир Испарта () — покраина во југозападна Турција. Соседни покраини се Афјон на северозапад, Бурдур на југозапад, Анталија на југ и Конија на исток. Зафаќа површина од 8.993 км2, а населението брои 448.298 жители. Административен центар е градот Испарта.
Покраината е позната по своите јаболка, вишни, грозје, рози и розини производи, како и по убавите ќилими. Најплодна е почвата кај Улуборлу. Испарта се наоѓа во Езерскиот крај (Göller Bölgesi) на Средоземниот регион на Турција, богат со езера.
Окрузи Покраината се дели на 13 окрузи (административниот центар е задебелен): Аксу Атабеј Егирдир Гелендост Ѓонен Испарта Јалвач Јенишарбадемли Кечиборлу Сениркент Сутчулер Улуборлу Шаркикарагач
Познати личности Еркан Мумџу - министер Неџметин Садак - шеф на турската дипломатија Сулејман Демирел - премиер на Турција Зеки Демиркубуз - филмски режисер
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Управник на покраината Испарта Управен портал на Испарта Градски водич на Испарта
Категорија:Покраини во Турција Категорија:Средоземен регион (Турција) *