мини|десно|250п|Местоположба на Источна Анадолија мини|Чифте Минарели Медресе од 13 век е архитектонски споменик од доцниот селџучки период во градот Ерзурум Источна Анадолија () е еден од седумте пописни региони (bölge) во Турција.

Во сегашниот облик, регионот е формиран на Првиот географски конгрес во Анкара во 1941. Има најголема просечна надморска височина, најголема површина и најмала густина на населеност од сите региони. Дел од регионот порано бил познат како „Планинска Ерменија“.Lynch, H.F.B., "Armenia, Travels and Studies" London, 1901, vol2 p391. "The natural boundery between Armenia and Asia Minor is the course of the Western Euphrates between the town of Kemah, and its passage through Taurus below Keban-Maden."Oswald, Felix "A Treatise on the Geology of Armenia", London, 1906.

Местоположба и граници Регионот се наоѓа во источниот дел на Турција. Се граничи со Средна Анадолија на запад, Црноморскиот регион на север, Југоисточна Анадолија и Ирак на југ и Иран, Азербејџан, Ерменија и Грузија на исток.

Источна Анадолија зафаќа површина од 171.061 км2, т.е. 21% од вкупната површина на земјата.

Покраини мини|десно|250п|Покраини во Источна Анадолија Агри Ардахан Бинѓол Битлис Ван Елазиг Ерзинџан Ерзурум Игдир Елазиг Малатија Муш Тунџели Хаќари

Население Регионот има 6.100.000 жители Попис 2000 и е втор по бројот на рурално население, веднаш по Црноморскиот регион. Стапката на иселување во други региони е висока, а со 35 жит/км2, густината на населеноста е пониска од државниот просек (85 жит/км2).

Географија Просечната надморска височина на регионот изнесува 2.200 м. Преовладуваат рамници, висорамнини и планински масиви. Има и извесна вулканска активност.

Клима

Бидејќи најголемиот дел од регионот е далеку од морето, а има голема надморска височина, регионот има сурова континентална клима со долги зими и кратки лета. Зимите се многу студени (-25 °C до -25 °C) и снежни. Регионот има најниска просечна температура во земјата. Просечната летна температура изнесува 20 °C.

Галерија

Поврзано Региони во Турција Историја на Ерменија

Наводи

Категорија:Региони во Турција Категорија:Историја на Азербејџан Категорија:Историја на Ерменија Категорија:Курдистан