Прот и Јакинт се христијански светци, ранохристијански маченици кои пострадале во времето на римскиот цар Галиен. Тие биле евнуси на Света Евгенија. Заедно со неа побегнале од нејзиниот татко Филип и биле покрстени од страна на епископот Елиј. Тие и помогнале на Евгенија да се преправи со машко одело и да се замонаши во машки манастир.
Во манастирот живееле одредено време по кое заминале во Рим и преобратиле во христијанство многу луѓе. Прот и Јакинт биле заробени од страна на римските војници како христијани и ги одвеле да се поклонат на римскиот бог Зевс. Според христијанските верувања, кога влегле во храмот статуата на Зевс паднала на земјата и се скршила на неколку делови. По ова било наредено да бидат обезглавени наводно поради магијата која ја направиле кога влегле во храмот. Тие биле погубени во 262 година.
Нивните гробови биле откриени во времето на Папа Дамас I во 366 година. Нивните мошти денеска се наоѓаат во Рим.
Наводи
Категорија:Египетски светци Категорија:Ранохристијански маченици Категорија:Египетски римокатолички светци Категорија:Христијански светци од 2 век Категорија:Христијански светци од 3 век