Фабијан Канчелара (; р. ) — поранешен швајцарски професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 2001-2016. Канчелара постигнал голем успех во велосипедизмот откако станал професионален велосипедист. Тој е познат како квалитетен специјалист за хронометри, за класици и помошник на неговите колеги кои се натпреваруваат во генералниот пласман.

Канчелара започнал со велосипедизам на 13 години на стар велосипед. Потоа, започнал да го сфаќа спортот посериозно и победил на две последователни Светски јуниорски хронометарски првенства во 1998 и 1999. На 19 години станал професионалец и потпишал со екипата , каде возел како стажант.

Откако станал професионалец, Канчелара возел за четири професионални екипи. Постигнал голем успех на класиците; трипати победил на Париз-Рубе, еднаш на Милано-Санремо и трипати на Трката околу Фландрија. Канчелара ја освојувал воведната етапа на Тур де Франс пет пати и ја носел жолтата маичка 29 дена, што е најмногу за еден возач кој никогаш не го освоил Тур. Неговиот успех не бил ограничен само на хронометрите и класиците, бидејќи тој ги има освоено и генералните пласмани на Тирено-Адријатико, Тур де Свис и Трката околу Оман. Во 2008 година го освоил златниот медал на поединечниот хронометар и сребрениот медал на друмската трка на Летните олимписки игри. Дополнително, Канчелара е четирикратен светски хронометриски првак.

Ран живот и аматерска кариера

Го открил велосипедизмот на возраст од 13 години откако се заљубил во стариот семеен велосипед, кој го пронашол во гаражата и веднаш прекинал со фудбалот за да се насочи кон велосипедизмот. Дополнително, Канчелара бил одличен и во крос-кантри скијање во текот на неговата младост.

Велосипедските вештини на Канчелара започнале да се покажуваат уште на рана возраст, па така тој бил одлично подготвен како хронометраш и преовладувал во швајцарскиот јуниорски велосипедизам. Иван Жирар, швајцарскиот национален јуниорски екипен тренер од 1997 до 2005, изјавил дека Канчелара бил над секој друг на хронометрите. Го освоил светското јуниорско хронометарско првенство во 1998 и 1999 и на возраст од 19 години бил втор на светското хронометарско првенство за велосипедисти помлади од 23 години.

Професионална кариера 2000–2002

По второто место на Светското хронометарско првенство за велосипедисти под 23 години, Канчелара станал професионалец со екипата , која била една од најсилните екипи во светот во тоа време. Канчелара возел како практикант за екипата на крајот на 2000, пред да ѝ се приклучи на екипата за сезоната 2011, како член на „Проектот Млади возачи“. Првата победа на Канчелара како професионалец дошла на прологот на Трката околу Родос, каде исто така го освоил првиот вкупен генерален пласман.

Во 2002, екипата Мапеи се раздвоила во два дела по мерките на UCI, „Врвна екипа“ со 25 возачи и GS-III „Групо Џовани“ (младинска група) за развој на млади таленти, каде Канчелара се приклучил заедно со други возачи, како што се Филипо Поцато, Мајкл Роџерс и Бернхард Ајзел. Џорџо Сквинци, менаџерот на фирмата Мапеи, подоцна во интерју за La Gazzetta dello Sport изјавил дека ги зел Канчелара и Поцато од јуниорска категорија во неговата врвна екипа, бидејќи сакал да ја избегнат категорија под 23 години, каде допингот бил уште пораширан отколку меѓу професионалците. Сквинци исто така рекол дека Канчелара ќе биде „идниот Мигел Индуран“. Во текот на неговите две сезони со Мапеи, Канчелара ги користел неговите хронометарски вештини со голем успех, победувајќи на неколку поединечни хронометри и имал вкупни единаесет победи.

2003–2005

Откако прекинало спонзорството на на крајот на 2002, Канчелара му се придружил на да работи како водечки човек за Алесандро Петаки во 2003. Првата победа на Канчелара стигнала на Средоземната трка; ѝ помогнал на екипата да стигне до победа на последната етапа на трката, која била екипен хронометар. На 6 април, Канчелара настапил на својот прв класик на Трката околу Фландрија. Завршил на 73. место со над десет минути зад победникот. Негов следен успех бил на краткиот пролог од 3,4 километри на Тур де Романди. Канчелара постојано завршувал на добри места на трката и поради тоа го освоил бодовниот пласман. Потоа ја освоил етапата четири поединечен хронометар на Трката околу Белгија со разлика од десет секунди пред второпласираниот. Негова последна победа во сезоната била на прологот на Тур де Свис, каде го победил Шпанецот Оскар Переиро со разлика од само една секунда.

мини|лево|upright|Канчелара на HEW-Класик 2005

Канчелара ја освоил првата победа во 2004 на Трката околу Катар. Канчелара ја освоил четвртата етапа на трката откако нападнал во последните километри на етапата и потоа ги отспринтал возачите пред него. Неговата следна победа стигнала на првата етапа на Сетмана Каталана де Сиклисме, каде победил при масовен спринт на воведната етапа. Следна трка на календарот за Канчелара била Трката околу Фландрија. Канчелара ја поминал целта како 42. со помалку од две минути доцнење зад победникот Штефен Веземан. Следниот викенд, настапил на Париз-Рубе по вторпат. Канчелара покажал добра форма на трката и бил член на групата од четворица возачи кои први поминале низ целта. Изгубил во спринтот на целта и завршил како четврти. Следниот успех на Канчелара стигнал на Трката околу Луксембург, каде го освоил поединечниот хронометар на четвртата етапа со четиринаесет секунди пред второпласираниот. Потоа, кон крајот на јуни, го освоил националното хронометарско првенство по вторпат. Следен успех на Канчелара бил на Тур де Франс. Го освоил прологот околу белгискиот град Лиеж и ја облекол првата жолта маичка. Канчелара го изгубил водството на втората етапа од Тор Хушовд. Канчелара учествувал на хронометарот и друмската трка на Светските друмски првенства. Канчелара добро се покажал на хронометарот и завршил како осми; доцнел над две минути во однос на победникот. По четири дена настапил на друмската трка, но не успеал да ја заврши.

Првата победа на Канчелара во сезоната 2005 била на Париз-Ница, каде ја освоил четвртата етапа откако го отспринтал другиот член на бегството Јан Кирсипу. Следно за Канчелара била Сетмана Каталана. Ја освоил последната етапа на трката, поединечен хронометар, со седум секунди пред Американецот Том Даниелсон. По Сетмана Каталана, настапил на Трката околу Фландрија и завршил како 42. со над десет минути зад победникот Том Бонен. Следниот викенд возел на Париз-Рубе каде завршил осми откако дупнатата гума му ги уништила сите шанси за победа на трката. Следната победа за Канчелара била на Трката околу Луксембург, каде ја освоил етапата 3b, поединечен хронометар. Завршил на трката со исто време како победникот Ласло Бодроги, но му било доделено второто место. По Трката околу Луксембург, Канчелара го освоил националното хронометарско првенство по третпат. Потоа, Канчелара возел на Тур де Франс, но не победил на ниедна етапа на трката. По Тур возел на HEW Класик каде завршил на четвртото место во масовниот спринт на крајот. Потоа, Канчелара настапил на друмската трка и хронометарот на Светските друмски првенства. Канчелара завршил на третото место на хронометарот и го пропуштил сребрениот медал за дваесет стотинки од секундата. Три дена подоцна ја завршил друмската трка на 123. место со над десет минути зад победникот.

2006

Екипата на Канчелара, Фаса Бортоло, се распаднала на крајот на сезоната 2005. Канчелара потпишал тригодишен договор со во текот на Тур де Франс 2005. Првата победа за Канчелара со новата екипа дошла на поединечниот хронометар на етапата 5 на Тирено-Адријатико. Потоа, возел на Милано-Санремо, каде завршил со исто време како победникот Филипо Поцато, но 24 места зад него. Една недела подоцна, Канчелара настапил на Е3 Харелбеке. Се нашол во рано бегство и водел на трката пред да биде достигнат, завршувајќи на 37. место. Следно за Канчелара била Трката околу Фландрија. Завршил шести на трката, откако бил во водечката група во потера за победникот Том Бонен и второпласираниот Леиф Хосте. Следниот викенд, Канчелара го возел последниот класик за него во сезоната, Париз-Рубе. Пред Пари-Рубе 2006 изјавил дека никогаш не бил подготвен подобро и со забрзувањето на калдрмата во шумата кај Аренберг, само малку пред 100 километри од целната линија, тој изнудил избор од само 17 возачи да се натпреваруваат за победа. Кога возачот на Владимир Гусев нападнал на калдрмата Ле Керфур де л’Арбр на 17 километри пред крајот, Канчелара го следел, пред да го помине Гусев во соло-бегство. Канчелара брзо направил 30 секунди предност пред другите фаворити и ги извозел последните километри како хронометар Продолжил да го зголемува неговото водство во преостанатиот дел од трката и завршил една и пол минута пред најблиските конкуренти. Тој станал само втор швајцарски победник на Париз-Рубе, следејќи го Хајри Сутер во 1923.

Следна победа била на поединечниот хронометар на првата етапа на Волта а Каталуња. На крајот на јуни, Канчелара го освоил третото последователно национално хронометарско првенство. Не бил избран од својата екипа за настап на Тур де Франс. Освен победата на државното првенство во јуни, Канчелара имал малку трки во јуни и јули. Следни победа во сезоната биле на Трката околу Данска. Ја освоил втората етапа и го преземал водството на трката откако извозел сам до победа. Го зголемил своето водство по победата на хронометарот на петтата етапа за осумнаесет секунди пред второпласираниот. Следниот ден ја освоил трката завршувајќи ја последната етапа. Покрај генералниот пласман на трката го освоил и пласманот за млад возач. Подоцна во месецот, возел на Вуелта а Еспања и ѝ помогнал на својата екипа на воведниот хронометар. По Вуелта, Канчелара настапил на хронометарот и друмската трка на Светските друмски првенства. На 21 септември, Канчелара го освоил хронометарот за една минута пред Американецот Дејвид Забриски и станал светски хронометарски првак. Три дена подоцна ја завршил друмската трка на 31. место.

2007

мини|лево|Фабијан Канчелара на 9. етапа на Тур де Свис 2007

Првата половина на сезоната 2007 поминала без победи за Канчелара. Возел на Трката околу Калифорнија и бил близу етапна победа на хронометарот на петтата етапа, каде завршил на четвртото место. Завршил на 119. место на Милано-Санремо со над шест минути задоцнување зад победникот Оскар Фреир. Следната недела, Канчелара возел на Е3 Харелбеке. Пропуштил да победи пред белгискиот возач Том Бонен, откако го поминал Канчелара. Осум дена подоцна, Канчелара настапил на Трката околу Фландрија и завршил 53. откако неговите напади не биле успешни. Последниот класик што го возел Канчелара за сезоната 2007 бил познатиот Париз-Рубе, каде завршил на 19. место.

По слабиот почеток на сезоната, Канчелара започнал да постигнува успеси во јуни. Возел на Тур де Свис и го освоил воведниот хронометар, заедно со последната етапа, која иста така била хронометар. Со победата на воведната етапа на Тур де Свис, Канчелара водел на трката неколку етапи пред да ја загуби маичката од колегата Френк Шлек по етапата четири. Канчелара го продолжил неговиот успех на хронометрите со победата на националното хронометарско првенство.

Канчелара го освоил прологот на Тур де Франс во Лондон, поразувајќи го Андреас Кледен од за тринаесет секунди. На втората етапа учествувал во големата несреќа во која биле вклучени триесетина возачи. Ја поминал целта со повредена лева рака, но без никакви скршеници. Следниот ден ја освоил третата етапа откако ја достигнал и ја поминал групата на бегалците на само 500 метри пред целта. Канчелара ја носел жолтата маичка до седмата етапа, првата планинска етапа на Тур.

Канчелара се вратил на Светските друмски првенства во септември со цел да ја одбрани својата хронометарска титула. Ја постигнал својата цел и го освоил хронометарот за 52 секунди пред второпласираниот Ласло Бодроги. Три дена подоцна, Канчелара возел на друмската трка, но не успеал да заврши.

2008