Јоандри Хосе Орозко Цухија (роден на )во Маракаибо) е венецуелски играч од средината на теренот. Тој во моментов игра за Волфсбург.

Клупска кариера Во Венецуела Орозко го направи своето професионално деби во 2007 година со тимот на Унион Атлетико Маракаибо, на возраст од 16 години, против Депортиво Анцоатеги. Во 2009 година потпиша со ФК Зулија, и од тој момент беше постојано присустен во сениорскиот тим. Во сезоната 2010-11 тој стана клучна фигура во првата постава на Зулијаните, постигнувајќи осум гола во првата половина од првенството.

Волфсбург На 28 јануари 2011 година беше објавено дека Орозко ќе потпише четиригодишен договор со Волфсбург, во очекување на медицинските тестови и финасиските услови со Зулија. Тој стана третиот играч од Венецуела во Бундеслигата, по Хуан Аранго и Томас Ринкон по договорот што беше завршен на 31 јануари. Орозко стави потпис со кој се обврзува на верност кон клубот до 30 јуни 2015.

Надворешни врски

Јоандри Орозко на soccerway Јоандри Орозко на transfermakt Јоандри Орозко на Goal.com

Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери од Бундеслигата Категорија:Фудбалери на ФК Волфсбург Категорија:Венецуелски фудбалери