thumb|350px|Преглед на етапите; црните линии ги претставуваат растојанијата на поединечните етапи, додека црвените линии се растојание поминати во префрлање помеѓу етапите.
Тур де Франс 2012 започнал на 30 јуни, а етапата 10 ќе се случи на 11 јули. Изданието 2012 започнала со поединечен хронометар - каде секој член на почетната група од 198 возачи се натпреварувал против часовникот – во Лиеж, Белгија со уште две етапи, кои ќе се одржат исто така во земјата, пред трката да се врати во Франција, каде трката ќе продолжи во Орши како почеток на третата етапа. Во текот на првата половина од трка групата исто така ќе ја посети и Швајцарија на крајот на осмата етапа во Порентру и ќе се одржи вториот поединечен хронометар - повторно во Франција - следниот ден.
Фабијан Канчелара го држел водството на трката на воведните белгиски етапи; претходно освојувајќи го воведниот пролог, Канчелара го одбранил водството на следните две етапи пред да се вратат во Франција. Канчелара го одржал неговото водство во генералниот пласман до крајот на првата седмица на трката, пред на крајот да загуби време на првата вистинска планинска етапа на трката - етапата седум - кога тој отпаднал на последното искачување на Ла Планш де Бел Фил. Како последица на тоа, Бредли Вигинс ја освоил maillot jaune, станувајќи првиот британски возач, кој ја облекол жолтата маичка од Тур 2000. Вигинс го одржал водството на следните три етапи, вклучувајќи ја и неговата прва победа на Тур, во текот на деветтата етапа на поединечниот хронометар во Безансон. Вигинс влегол со предност од скоро две минути во генералниот пласман во попланинската втората половина на трката. Двајца возачи освоиле повеќе етапи во првиот дел на трката; Петер Саган, на неговиот прв Тур де Франс, освоил три етапи и го држел водството во бодовниот пласман, додека Андре Грајпел однел две последователни етапни победи на четвртата и петтата етапа. Светскиот првак Марк Кевендиш постигнал една етапна победа, додека обајцата француски возачи Тибо Пино и Тома Веклер освоиле победи од бегство.
Исто така, трката била обележана со неколку големи несреќи, најмногу на шестата етапа, кога мнозинството од групата учествувало во падот на околу 25 километри пред крајот на етапата. Вкупно, дванаесет возачи ја напуштило трката, поради повреди добиени во падот. Во текот на првиот ден за одмор на трката - одржан по деветтата етапа и поединечниот хронометар - хотелот на екипата , во Бург-ан-Брес, бил пребаран од француската полиција и жандармерија. Еден од возачите на екипата на Тур, Реми ди Грегорио, бил уапсен во врска со отворениот случај за антидопинг и веднаш бил суспендиран од француската екипа; иако случајот бил отворен од 2011, кога Ди Грегорио бил член на екипата .
ЛегендаМаичките, кои се појавуваат во табелата лево на страницата биле носени од велосипедистите на наведената етапа, додека оние кои се појавуваат на десната страна означуваат кој велосипедист ќе ги носи наредната етапа. 20px|alt=A yellow jersey Го означува предводникот во генералниот пласман Го означува предводникот во бодовниот пласман 20px|alt=A polka-dot jersey Го означува предводникот во планинскиот пласман 20px|alt=A white jersey Го означува предводникот во пласманот за млад возач 20px|alt=A jersey with a black rider number on a yellow background Го означува предводникот во екипниот пласманБројчињата им се доделени на сите останати возач во водечката екипа. 20px|alt=A jersey with a white rider number on a red background Го означува возачот означен како најборбен во текот на денот и.в. означува дека возачот ја поминал целната линија во иста група, како оној што го добил времето над него и затоа му било доделено истото завршно време.
Пролог
thumb|Профил на етапата
30 јуни 2012 — Лиеж (Белгија), 6,4 км, поединечен хронометар (ITT)Прологот била кратка и доста рамна патека околу Лиеж, на која се очекувало време од околу осум минути. Почетокот се наоѓал на авенијата Рожи веднаш до Парк д’Авроа; возачите потоа оделе кон север по булеварот д’Авроа и булеварот Де ла Совениер. Потоа го следеле кејот Рузвелт, долж реката Меза до средишната точка, кога започнувале да се враќаат назад, пред да свртат десно кон плоштадот Свети Ламберт, пред палата во Лиеж. Оттука, возачите продолжувале по првичната патека на спротивната страна од булеварот Де ла Совениер пред целната линија на булеварот д’Авроа на спротивната страна од паркот д’Авроа на почетокот.
Со неколку остри кривини, прологот се очекувал да биде во полза на возачите со добри вештини при ракување на велосипедот. Првиот возач, кој заминал од почетната рампа во Лиеж бил возачот на Том Велерс, додека повеќето кандидати за генералниот пласман го имале својот настап кон крајот на прологот, додека воопшто не се очекувало да врне. Велерс поставил време од 7' 47" на петаката – кое било скоро идентично со прологот во 2004 одржан во градот, кој бил освоен од возачот на тогашната екипа Фабијан Канчелара, на патека од 6,1 километар - но ова време веднаш било надминато од возачот на Сајмон Геранс, кој бил пет секунди побрз околу патеката. Водството на Геранс исто така не било долготрајно, бидејќи украинскиот национален првак Андриј Гривко () го подобрил неговото време за 14 секунди; време кое на крајот било доволно добро за десеттото место на етапните резултати. Гривко го држел водството скоро еден час, бидејќи ниеден возач не можел да му се доближи на неговото време.
Време не било соборено сè до излегувањето на колегата на Геранс Брет Ланкастер, поранешен победник на пролог на Џиро д’Италиа; Ланкастер забележал време четири секунди побрзо од она на Гривко, поминувајќи ја линијата на 7' 24". Возачот на Едвалд Боасон Хаген занемарливо го подобрил времето на Ланкастер со што го повратил на кратко водството, но францускиот првак Силвен Шаванел () поставил време од 7' 20" на патеката. Неговото време се одржало до последните десет возачи, кои излегле на патеката; Бредли Вигинс () заостанал зад Шаванел за шест секунди на средното мерење на времето – доаѓајќи на половина од патеката - но со подобро возење во вториот дел го победил времето на Шаванел за околу половина секунда. Канчелара, фаворитот пред етапата, го забележал најбрзото време од 3' 35" на средната точка и ја зголемил разликата на крајот до седум секунди; со оваа победа, Канчелара го освоил својот петти пролог на Тур де Франс со што поставил рекорд.
Од другите кандидати за генерален пласман, Денис Мењшов () бил најдобро пласиран на осмото место, додека бранител на титулата Кедел Еванс (), возачот на Винченцо Нибали и возачот на Рајдер Хесједал, победник на мајскиот Џиро д’Италиа, сите се пласирале во рамките на првите дваесет возачи. Колегата на Нибали Петер Саган и светскиот хронометарски првак Тони Мартин (), кои обата биле одбрани како фаворити пред етапата, обајцата имале потешкотии на патеката во текот на нивните возења. Саган изгубил време откако промашил една од кривините со 180 степени и морал да пресече со педалите, додека Мартин - кој поставил слично време како колегата Шаванел на средното мерење - доживеал дупната гума, и на крајот завршил 23 секунди за времето на Канчелара.Резултати од прологот и генералниот пласман по прологот'ВозачЕкипаВреме 1 20px 20px 2 20px + 0′ 07″ 3 + 0′ 07″ 4 20px + 0′ 10″ 5 20px + 0′ 11″ 6 + 0′ 11″ 7 + 0′ 12″ 8 + 0′ 13″ 9 + 0′ 13″ 10 + 0′ 15″
Етапа 1
thumb|Профил на етапата
1 јули 2012 — Лиеж (Белгија) до Серен (Белгија), 198 км
Трката останува во Белгија за првата етапа со целодневно возење низ променливиот пејзаж на Ардените. По искачувањето од четврта категорија на патеката, етапата завршува во Серен, во близина на Лиеж. Целта е на врв по долго и прилично стрмно искачување од 2,4 километри со просечен наклон од 4,7%, што треба да им одговара на возачи, како што е Филип Жилбер, кој победил на слична завршница на воведната етапа на Тур 2011 на Мон де Алует.
Шест возачи – Јохан Жен (), возачот на Пабло Уртасун, возачот на Максим Буе, Никола Еде од , Антони Делаплас () и возачот на Михаел Морков – се одвоиле од главата група уште на почетокот на етапата; секстетот успеал да ја зголеми нивноста предност на максимални пет минути на околу четвртина од етапата. До оваа точка, Морков и Уртасун обајцата забележале по еден бод за планинскиот пласман, имајќи водство преку Кот де Кокефањ и Кот де Франкоршан соодветно. Водачот во генералниот пласман Фабијан Канчелара бил предводен од своите колеги и му помогнале да ја стабилизира разликата на водачите на околу три минути. Потоа, Морков успеал да ги освои преостанатите две искачувања во денот, со што земал првата точкеста маичка на трката, станувајќи само трет дански возач, кој го имал водството во овој пласман.
Членовите на бегството исто така ги собрале најголемиот број на бодови на средниот спринт на етапата во Ерезе, каде жен ги зел почестите пред Уртасун и Еде, додека во главната група, возачот на Метју Гос ги отспринтал неговите поранешни колеги Марк Кевендиш () и Андре Грајпел () за седмото место. На им се придружила екипата на Жилбер со цел да ја намалат предноста на водечката група; била намалена на околу една минута на 30 километри пред крајот и бегството на крајот било достигнато во последните 10 километри. Групата останала заедно до Кот де Серен, но на половина на искачувањето, Канчелара нападнал и само Петер Саган () можел да го држи темпото со него. Возачот на Едвалд Боасон Хаген подоцна успеал да стигне до нив и останало на нив тројцата да се борат за етапна победа, додека нецелосната главна група била зад нив. Канчелара нападнал прв, но Саган дошол од надворешната страна и забрзал за неговата четиринаесетта победа во 2012, пред Канчелара - кој го задржал неговото водство – и Боасон Хаген. Жилбер бил прв во главната група за четврто место, додека Саган станал најмладиот возач, кој победил на некоја етапа на Тур, од Ленс Армстронг во 1993.
Резултат од етапа 1 ВозачЕкипаВреме 1 2 20px|Yellow jersey и.в. 3 20px|Yellow-bibbed jersey и.в. 4 и.в. 5 и.в. 6 и.в. 7 и.в. 8 и.в. 9 и.в. 10 и.в.Генерален пласман по етапа 1 ВозачЕкипаВреме 1 20px 20px 2 20px + 7″ 3 + 7″ 4 20px + 10″ 5 20px + 11″ 6 + 13″ 7 + 13″ 8 + 17″ 9 + 18″ 10 + 18″
Етапа 2
thumb|Профил на етапата
2 јули 2012 — Визе (Белгија) до Турне (Белгија), 207,5 км
Трката останала во Белгија уште еден ден на рамна патека насочена кон запад, со само едно искачување од 4. категорија на Кот де ла Ситадел де Намур пред очекуваниот масовен спринт на целта во Турне. Тројца возачи - француското дуо Антони Ру од и возачот на Кристоф Керн, заедно со Михаел Морков (), кој ја носел точкестата маичка како водач во планинскиот пласман по освоените бода во бегството од првата етапа - се одвоиле на околу 25 километри од почетокот на етапата, правејќи рано бегство од групата и триото успеало да ја зголеми нивната предност на околу осум минути, по изминати 20 километри.
ја презела својата должност на чело на групата со цел да се намали разликата на членовите на бегството; иако на времето кога Морков го добил бодот при преминувањето на врвот Кот де ла Ситадел де Намур, околу 40 километри подоцна, водството било намалена само на шест и пол минути. Повторно бегството ги зело врвните бодови на средниот спринт во Соањи, каде Керн ги зел максималните бодови за втор ден по ред. Ниеден член во триото не бил заинтересиран за спринт, додека назад во главната група, Метју Гос () повторно го спринтот за четвртото место пред возачот на Марк Реншо, Марк Кевендиш од и претходниот етапен победник, Петер Саган од . На околу 30 километри пред крајот на етапата, Ру ги нападнал другите членови на бегството, оставајќи ги Морков и Керн да ги достигне главната група.