Западна Папуа () е покраина во Индонезија што го опфаќа западниот полуостров на островот Нова Гвинеја. Ова е најмалку населената покраина во земјата и една од двете сместени во индонезиска Нова Гвинеја (заедно со покраината Папуа на исток). Пред 2007 г, покраината се нарекувала Западна Иријан Џаја (). Регионот ги опфаќа полуостровите Добреај и Бомберај, како и околните острови во состав на Раџа Ампат. Според пописот од 2010, покраината има 760.855 жители.

Намесништва

Административен центар на покраината е Маноквари. Покраината административно е поделена на 10 намесништва (kabupaten) и еден автономен град (kota). Податоците за населението се однесуваат на 2010 година.

Назив Површина (км2) Население(2005) Население(2010) Админ. центар Јужен Соронг16.807,0054.27037.579 Теминабуан Кајмана18.500,0036.71446.243 Кајмана Мајбрат13.203,00—33.735 Кумуркек Маноквари14.448,50151.824187.591 Маноквари Раџа Ампат6.084,5035.94842,471 Вајсај Соронг (град)1.105,00146.390190.341 Соронг Соронг19.736,2586.87070.635 Ајамс ТамбраувUndang-Undang Nomor 56 Tahun 2008 tentang Pembentukan Kabupaten Tambrauw di Provinsi Papua Barat5.587,75—6.393 Феф Телук Бинтуни18.637,0046.78452.403 Бинтуни Телук Вондама12.146,62—26.311 Расиеј Факфак14.320,0058.16067.153 Факфак

Наводи

Надворешни врски

Покраина Западна Папуа - управен портал Информативен портал на Западна Папуа

Категорија:Западна Нова Гвинеја

Категорија:Покраини во Индонезија Категорија:Автономни покраини Категорија:Држави и територии настанати во 2003 година