Цезар Аугусто Сиело Фиљо (роден на 10 јануари 1987 во Саун Пауло, Бразил) e бразилски професионален пливач кој е специјализиран за спринтерските дисциплини. Тој е најуспешен бразилски пливач во историјата на државата, освојувајќи два медали од Олимписките игри 2008, и четири златни медали од Светските првенства.
Сиело е актуелен светски рекордер на дисциплините 50 метри краул и 100 метри краул. Неговиот златен медал на Летните олимписки игри 2008 во дисциплината 50 метри краул, е единствен златен медал во пливање за Бразил до денес.
Надворешни врски Официјално мрежно место Профил на auburntigers.com Профил на sportsreference.com
Категорија:Родени во 1987 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Бразилски пливачи