Јаванското писмо (изворно: („ханачарака“) или („чаракан“), сундски: („чачаракан“)) е изворното претколонијално писмо на јаванскиот јазик. Денес јазикот претежно се пишува на латиница, првично воведена во 1920-тите години.

Историја Јаванското и балиското писмо се посовремени варијанти на старото писмо кави, вид на индиско писмо усвоено во Јава заедно со хиндуизмот и будизмот. Најраното сведоштво за ова писмо датира од 804 г. Во X век било во широка употреба во книжевноста и во преводи од санскрит. Во XVII век писмото веќе се развило во денешното, кога се среќава како „чаракан“.Campbell, George L. Compendium of the World's Languages. Vol. 1. New York: Routledge, 2000. Во 1926 е воведена латиницата со холандски правопис, преработена во 1972–1973. Денес латиничното писмо во голема мера го има истиснато чараканот.

Постојат многу малку весници и списанија што се печатат на јаванско писмо. Меѓутоа, писмото засолжително се изучува во нижите и вишите паралелки на основните училишта.

Систем Јаванското писмо е азбучнослоговно (абугида). Секоја буква претставува слог со согласка (или „нулта согласка“) и подразбрана самогласка „а“ која се изговара како во отворена положба. Околу буквата се ставаат разни дијакритични знаци кога треба да се означи друга самогласка, завршна согласка или странски изговор.Soemarmo, Marmo. "Javanese Script." Ohio Working Papers in Linguistics and Language Teaching 14.Winter (1995): 69-103.

Буквите имаат подредни облици со кои се транскрибираат согласни групи. Некои од нив имаат и голема варијанта, која се користи за имиња на важни лица и места. Разликата е во тоа што сите букви во зборот се пишуваат како големи, а не само првата. Постојат посебни интерпункциски знаци зе запирка, точка, две точки, наводници бројки, како и знаци за најава на глава, песна и писмо.Daniels, Peter T and William Bright. The World's Writing Systems. Ed. Peter T Daniels and William Bright. New York: Oxford University Press, 1996.

Облик

Секој симбол се состои од свијоци налик на буквата „n“ и свијоци налик на буквата „u“. Оние налик на n имаат две големини: мали и големи (двојно поголеми). Оние како u имаат три: мали, средни (1,5x) и големи (2,5x). На пример, знакот за „х“ се состои од мал свијок n, голем свијок u и два големи свијока n. Овој формат се запазува при рачното пишување, но денес не се следи при печатење.

Знаците (буквите) се пишуваат закосени и под редот. Не постои разграничување на зборовите.

Самогласки Јаванскиот има вкупно девет самогласки: . Меѓутоа, постојат само пет дијакритични знака за самогласки, па така некои од нив се користат за две разни самогласки. Други знаци не се потребни благодарение на правилата за изговор и контекстот.

Фонема /i/ /ə/ /u/ /e/ /o/ Симбол Назив wulu pepet suku taling taling-tarung

Правила за подразбраните самогласки кај основните знаци:

1) Основниот знак означува слог што завршува со самогласката кога на знакот му претходи друг знак со дијакритика за самогласка.

2) Основниот знак означува слог што завршува со самогласката кога веднш по него стои знак дијакритика за самогласка.

3) Првиот основен знак во зборот ја има самогласката , освен ако им претходи на други два основни знака, кога првиот основен знак ја има самогласката .

Согласки ha na ca ra ka da ta sa wa la pa dha ja ya nya ma ga ba tha nga

Согласки на крај од слогот Четирите посебни согласки што се јавуваат на крај од слогот се означуваат со дијакритични знаци. Овие согласки се: -ng, -r, -h и -l; се означуваат со знаците „чечак“, „лајар“, „вигњан“ и „пенгкал“.

- /h/ final /r/ final /ŋ/ final pangkon wignyan layar cecak

Другите согласки што се јавуваат на крајот од зборот се користат со додаток („патен“) за да се означи отсуство на самогласка.

ha na ca ra ka da ta sa wa la pa dha ja ya nya ma ga ba tha nga

Големи букви Симбол na ka ta sa pa ga ba Прости Посебни

Согласни групи Согласни групи во јаванскиот јазик можат да образуваат само гласовите l, r, w и y.

На пример,

/l/: blabag - даска

/r/: mrana - упатување

/w/: dwi - два

/y/: hyang - Бог

Кога ‘r’ или ‘y’ е втора согласка во групата, тие се претставуваат со дијакритички знаци („чакра“ и „пенгкал“). Меѓутоа, кога согласната група со ‘-r’ завршува со самогласката /ə/, тогаш се користи друг знак, наречен „керет“.

Кога ‘l’ или ‘w’ е втора согласка во групата, тие се претставуваат во прилагоден облик („пасанган“), со симбол под првата согласка од групата.

Специјални знаци Позајмените зборови од други јазици како арапскиот и малајскиот се претставуваат со додавање на дијакритички знаци на јаванските букви со најслична звучна вредност. Покрај тоа, писмото користи и специјални знаци за пишување на странски поими.

A: Нејаванските самогласки се претставуваат со пет специјални знаци. Тие се.

Фонема /a/ /i/ /u/ /lə/ /rə/ /e/ /o/ Симбол Назив nga lelet pa cerek

B: Нејаванските согласки се претставуваат со пет специјални знаци. Тие се: /x/, /dʒ/, /f/, /ɣ/, and /z/.

Броеви 1 2 3 4 5 6 7 8 9 0

Јаванскиот броен систем има свои симболи. Застапени се цифрите од 0 до 9, а останатите бројки се пишуваат со нивно комбинирање, исто како во индоарапскиот систем.

0 nol 1 siji 2 loro 3 telu 4 papat 5 lima 6 enem 7 pitu 8 wolu 9 sanga

Сличности со балиското писмо Јаванското и балиското писмо се сметаат за исти. Разликата е чисто типографска.

центар|400п|Јаванско писмоцентар|400п|Балиско писмо Javanese script Balinese script

Галерија

Поврзано Балиско писмо Индиски писма

Наводи

Надворешни врски

Јавански фонт и ресурси Јаванско писмо - Omniglot JawaTeX :: Транслитератор на јаванско писмо https://symbl.cc/en/unicode/blocks/javanese-alphabet/

Категорија:Индиски писма