Заднонепчени согласки (меконепчени или велари) — согласки што се создаваат меѓу задниот дел од јазикот и задниот дел од непцето, т.е. мекото непце.

Бидејќи заднонепчениот дел на горниот дел од устата е релативно голем, а движењата на јазикот не се многу прецизни, заднонепчените согласки лесно претрпуваат едначење по звучност, поместувајќи ја творбата напред или назад, зависно од тоа какви се соседните самогласки. Честопати автоматски стануваат предни, т.е. делумно или целосно преднонепчени кога стојат пред предна самогласка и повлечени пред задни самогласки.

Палатализираните заднонепчени согласки (како , мак. к) понекогаш се нарекуваат преднонепчено-заднонепчени („палатовелари“). Многу јазици имаат и лабијализирани заднонепчени согласки, како што е , каде творбата е дополнета со заоблување на усните. Постојат и усненозаднонепчени согласки како , што се создаваат со двојна творба: со задниот дел на непцето и со усните. Оваа разлика отсуствува кај приближната согласка , бидејќи лабијализацијата подразбира придодавање на уснена приближна творба во звукот. Оваа ситуација меѓународно се нарекува „лабиовелар“.

Во македонскиот, заднонепчени се гласовите г, к и х. Согласно Меѓународната фонетска азбука (МФА), постојат следниве заднонепчени согласки:

МФА Опис Пример Јазик Правопис МФА Значење Податотека:Xsampa-N2.png заднонепчена носна согласка англиски прстен Податотека:Xsampa-k.png безвучна заднонепчена избувна согласка македонски оса коса Податотека:Xsampa-g.png звучна заднонепчена избувна согласка македонски ира игра Податотека:Xsampa-x.png безвучна заднонепчена струјна согласка македонски Орид Охрид Податотека:Xsampa-G2.png звучна заднонепчена струјна согласка грчки άτα мачка Податотека:Xsampa-X.png безвучна усненозаднонепчена приближна согласка англиски ichКај дијалектите што разликуваат which од witch. кој Податотека:Xsampa-Mslash.png заднонепчена приближна согласка шпански paarМеѓусогласното g често се опишува како многу меко изговорена звучна заднонепчена струјна наместо како заднонепчена приближна согласка. плаќа Податотека:Xsampa-Lslash.png заднонепчена странична приближна согласка вахги aae вртоглав Податотека:Xsampa-w2.png звучна усненозаднонепчена приближна согласка англиски itch вептерка заднонепчена исфрлена согласка арчински ан дно звучна заднонепчена уфрлена согласка синди əro/ڳرو тежок

Јазици без заднонепчени согласки Заднонепчената согласка [k] е најзастапена согласка во светските јазици.Ian Maddieson and Sandra Ferrari Disner, 1984, Patterns of Sounds. Cambridge University Press Единствените јазици без заднонепчени согласки (и воопшто, без среднојазични гласови) се шавантскиот и тахитскиот. Меѓутоа, постојат други јазици што немаат прости заднонепчени согласки. Особина на многу јазици од северозападното тихоокеанско крајбрежје на Северна Америка е изгубеното историско *k, кое со време се палатализирало и станало , но во други јазици, како саничкиот, салишкиот и чемакумскиот истиот станал . (По истиот процес, историското *k’ станало , а историското *x станало ; не постоеле *g и *ŋ.) Меѓутоа, сите три јазика сепак имаат лабијализирана низа , како и ресична низа.

Наводи

Поврзано Преднонепчена согласка Место на творба