Подмет-прирок-предмет (меѓ. крат. SVO, од анг. subject–verb–object) — еден од најчесто застапените зборореди меѓу јазиците. Овој редослед заедно со подмет-предмет-прирок се застапени кај 75% од светските јазици. Овој редослед најчесто се користи и кај сите креолски јазици, што укажува дека овој збороред е очигледен за човековата психологија.Diamond, Jar The Rise and Fall of the Third Chimpanzee. p. 143 Пример за овој редослед е реченицата „Томе јаде јаболка“, каде на прво место се наоѓа вршителот на дејството, проследено од глаголот и предметот.

Примери Јазици кај кои најчесто се користи овој збороред се: македонскиот, албанскиот, англискиот, грчкиот, естонскиот, италијанскиот, јаванскиот, кинескиот, кмрескиот, латвискиот, полскиот, португалскиот, тајландскиот, финскиот, францускиот, хебрејскиот и многу други.

Англиски јазик реченица зборови He eats an apple. глос тој јаде јаболко делови подмет прирок предмет превод Тој јаде јаболко.

Полски јазик реченица зборови On zjadł jabłko. глос тој изел јаболко делови подмет прирок предмет превод Тој изел јаболко.

Наводи

Поврзано Збороред Подмет-предмет-прирок

Категорија:Јазична типологија