Кејт Мортон (англиски: Kate Morton, родена во 1976 во Бери, Јужна Австралија) — австралиска писателка која се стекнала со домашен и меѓународен успехhttp://www.guardian.co.uk/books/2007/dec/27/news.sarahcrown со нејзините романи „Куќата на Ривертон“, „Заборавената градина“ и „Далечни часови“."Gothic delight" by Rosemary Sorensen, The Australian (30 October 2010).

Животопис Кејт Мортон е најстара од трите ќерки на брачниот пар Мортон. Таа своето образование го започнала во Тамборин Маунтан. Мортон завршила на Тринити Колеџ во Лондон, а набрзо потоа завршила и летен курс за Шекспир на Кралската академија за драмски уметности во Лондон. Својата универзитетска диплома ја стекнала на Универзитетот во Квинсленд, отсек англиска книжевност. За време на своето студирање, Мортон напишала два ракописи кои не се објавени. Своите постипломски студии ги завршила со посебно внимание на трагедијата за време на викторијанскиот период од англиската книжевност. Дипломските студии ги фокусирала на истражување на готските и мистичните елементи во современата книжевост. Мортон е мажена и има два сина.Kate Morton – Contact.

Творештво Романи Куќата на Ривертон (The House at Riverton, 2006) Заборавената градина (The Forgotten Garden, 2008) Далечни часови (The Distant Hours, 2010)

Наводи

Надворешни врски

Официјално мрежно место Кејт Мортон на Facebook

Мортон, Кејт Категорија:Родени во 1976 година