Задна самогласка е вид на самогласен глас во извесни јазици. Карактеристично за задната самогласка е тоа што јазикот се става што е можно поназад во устата без да направи препрека која би ја направила согласка. Понекогаш се нарекуваат и темни самогласки бидејќи оддаваат впечаток како да звучат потемно од предните.
Во македонскиот јазик, задни самогласки се у и о.Кепески како задна ја наведува и „а“. Според Меѓународната фонетска азбука (МФА), постојат следниве задни самогласки:
затворена задна незаоблена самогласка затворена задна заоблена самогласка (мак. у) полузатворена задна незаоблена самогласка полузатворена задна заоблена самогласка полуотворена задна незаоблена самогласка полуотворена задна заоблена самогласка (мак. о) отворена задна незаоблена самогласка отворена задна заоблена самогласка
Наводи