Базерник — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во западниот дел на Општина Демир Хисар, чиј атар се издига до сртот на Плакенска Планина. Селото е планинско, на надморска височина од 950 метри.
Од регионалниот пат Кичево-Демир Хисар, селото е оддалечено 5,5 километри, од општинското средиште градот Демир Хисар 22 километри.
Атарот на селото зафаќа простор од 13 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 734,1 хектар, потоа пасиштата со 340,2 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 172,4 хектари.
Историја
Селото за првпат се споменува во турските пописни дефтери од 1468 година, каде селото е запишано под името Бачрник и имало 28 семејства, 1 неженети и 1 вдовица или вкупно околу 145 жители. Приход заедно со испенџето имале 4 330 акчиња.Во Опширниот пописен дефтер број 993 и 988 од 1468 г. (Пописот опфатен од лист 1-10 на Дефт. бр. 993 и од лист 11 -97 на дефт. број 988). М. Соколовски, Турски документи за историјата на македонскиот народ, Скопје, 1971, стр.
Во XIX век, Базерник се наоѓало во Битолската Каза, нахија Демир Хисар, во Отоманското Царство.
Стопанство
Селото има мешовита земјоделска функција, при што било застапени земјоделството, заедно со сточарството и шумарството.
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Базерник имало 350 жители, сите Македонци христијани.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 240.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Базерник се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 54 куќи.
По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Базерник имало 400 жители.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.
Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 52 жители, сите Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 14 жители, сите Македонци.
Родови
Базерник е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:
Селото Базерник е во целост населено со Македонци од православна христијанска вероисповед. Родови кои живеат и потекнуваат од Базерник се: Јаневци, Меанџиовци во минатото имале меана, Петревци, Лозановци, Стојковци, Сековски, НајчевскиСпоред кажување на Цане Јаневски, жител на с. Базерник, забележале Марио Шаревски, Тони Ристовски, Кирил Симеоновски на 4 јуни 2016.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:
Староседелски и доселенички со непозната старина: Десковци (8 к.), Николовци (18 к.), Сековци (12 к.), Станојовци (6 к.), Ѓоревци (4 к.), Ивановци (2 к.), Трпчевци (5 к.), Најчевци (4 к.) и Волчевци (5 к.) Доселени со познато потекло: Дуковци (4 к.) доселени се од селото Прострање, Кичевско. Го знаат следното родословие: Тасе (жив на 70 г. во 1952 година) Јоше-Илија-Петко, основачот на родот кој се доселил.
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Сопотница.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Долнени, во која покрај селото Базерник, се наоѓале и селата Бабино, Брезово, Големо Илино, Доленци, Железнец, Мало Илино и Средорек. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Доленци, во која влегувале селата Брезово, Бабино, Базерник и Доленци.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 642 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на селска продавница.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 36 гласачи.
Културни и природни знаменитости
мини|300п|десно|Поглед на Базерничка Река, која тече низ самото село
Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Дупки — рудник од доцноантичкото време; Св. Атанас — црква и некропола од средниот век; Селиште — населба од средниот век; Средни Ливади — населба и топилница од доцноантичкото време; Црквиште — црква од средниот век.
Цркви Црква „Св. Атанасиј“ — главна селска црква;
Реки Базерничка Река
Личности
Нове Кузмановски — македонски револуционер од ВМОРО. Вељан Сековски — македонски револуционер од ВМОРО. Михајло Анѓелов Станојовски — македонски револуционер од ВМОРО. Анѓеле Василев Трајковски — македонски револуционер од ВМОРО. Цветан Иванов Трајковски — македонски револуционер од ВМОРО. Вељан Јанкуловски — македонски револуционер од ВМОРО. Тасе Јанев Јошески — македонски револуционер од ВМОРО.
Иселеништво Населението од Базерник е во голема мера иселено. До 1952 година иселеници има во Бугарија (осум семејства), Романија (едно семејство), Битола (седум семејства), Србија (шест семејства), Крушево (едно семејство), Австралија (едно семејство), САД (едно семејство). Посилен бран на иселување е забележан после 1960-тите. Иселувањето водело главно кон градовите во Македонија.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Демирхисарски села Категорија:Села во Општина Демир Хисар