Боиште — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Географија и местоположба

Боиште е планинско село сместено близу изворите на Боишка Река, близу местото каде се сретнуваат двете планини, Плакенска и Илинска.

Се работи за планинска населба на надморска височина од 910 метри.

Историја

Во XIX век Боиште — село во Битолската Каза, нахија Демир Хисар, на Отоманското Царство.

Вкупно 5 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.

Стопанство Селото има релативно голем атар од 22 км2. Убедливо најголем дел од тоа земјиште отпаѓа на шумите (1176,1 хектари), а потоа на пасиштата со 495,2 хектари. Останатите 439,5 хектари отпаѓаат на обработливо земјиште. Селото има полјоделско-шумарска функција.

Население

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Боиште имало 650 жители, сите Македонци христијани.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 240. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Боиште имало 720 жители.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Боишта се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 80 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 650 Македонци.

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 7 жители.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.

Родови

Боиште е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:

Староседелци: Богдановци (9 к.); Дамчевци со Тодорчевци, Јанковци, Банаковци, Здравевци и Трајковци (11 к.); Џамбазовци (11 к.); Белевци (5 к.); Боцевци и Божиновци (3 к.); Вељанчевци (20 к.); Вековци (6 к.); Гајтановци со Чешалковци и Чукалковци (5 к.); Зајаковци (2 к.); Даљановци (5 к.); Пројковци со Китановци (6 к.); Перумуновци (4 к.); Цветковци со Јошаревци (10 к.); и Попевци (7 к.).

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Сопотница.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Смилево, во која покрај селото Боиште, се наоѓале и селата Обедник и Смилево. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната Општина Вирово, во која влегувале селата Боиште, Вирово, Лесково и Церово.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 643 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект - куќа на васил талевски.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 6 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Градиште — градиште од доцноантичко време; Св. Атанас — црква од средниот век; Св. Петка — црква од средниот век.

Цркви Црква „Св. Ѓорѓи“ од 1850 г. Црква „Св. Петка“ Црква „Св. Атанасиј“ („Св. Атанас“) — црква од поново време, потоа одново градена во 2010 г. поради лошата состојба

Личности

Тале Тодоров Дојчиновски — македонски револуционер од ВМОРО. Тале Димов Анѓелевски — македонски револуционер од ВМОРО. Петре Марков Анѓелевски — македонски револуционер од ВМОРО. Ѓеорги Петров Талев — македонски револуционер од ВМОРО. Тале Ристев Трајковски — македонски револуционер од ВМОРО. Даме Петровски — македонски револуционер од ВМОРО. Тале Иванов Јовановски — македонски револуционер од ВМОРО. Коте Ставрев Јошески — македонски револуционер од ВМОРО. Науме Илиовски — македонски партизан Велика Кочоска (1909-) — учесник во НОВ, активистка во АФЖ

Иселеништво До 1952 година населението многу малку се иселувало од селото. Иселеници имало само во Битола (2 семејства).

Посилен бран на иселување има после 1953 година, за што сведочи големиот пад на население, во 1953 во селото е забележана бројка од 661. А во 2002 година во селото живееле само 7 жители.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Демирхисарски села Категорија:Села во Општина Демир Хисар