Жван — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.
Меѓу селата Слоештица и Жван е сместен Топличкиот манастир.
Потекло на името
мини|300п|лево|Куќи изградена со камен можат да се сретнат низ целото село
Во минатото селото Жван преживеало многубројни војни, па поради тие војни е поделено на два дела, односно селото Жван и подмесноста Отрап. Според една легенда, името Жван е добиено според анот што се наоѓал во месноста Отрап. Кога тој ан станал познат луѓето често се прашувале каде ќе одиш и тие често одговарале ан, со што анот станал живан и со текот на времето селото го нарекле Жван.
Географија и местоположба
Сместено е на десниот брег на реката Црна, која лежи на самиот пат помеѓу Кичево и Битола. Претставува развиен рурален центар. Селото е рамничарско, на надморска височина од 690 метри.
Селото Жван се наоѓа северно од градот Демир Хисар. Сместено е под планината Бигла, непосредно под пасивниот рудник за железна руда. Земјиштето на Жван зафаќа површина од 9,1 км2, од кои обработлива земја е 248,9 ха, пасиштата заземаат 154,2 ха, а горите 456,4 ха. Соседни села на Жван: Слоештица и Мренога од југозапад и југ, Бабино од северозапад, Доленци од север, и Сопотница од исток.
Историја
Во XIX век, Жван било христијанско село во рамките на Битолската Каза (нахија Демир Хисар), на Отоманското Царство.
Според истражувањата на Пане Перуновски селото во пописните турски дефтери е запишано како Џван-хане. Во текот на петнаесеттиот век населбата броела шеесет и едно семејство, а во почетокот на седумнаесеттиот век биле регистрирани дваесет и една куќа. Селото првин се наоѓало на потегот на црквите „Света Петка“ и „Свети Димитрија“ кои се на левата страна на Црна Река. Со оглед на денешната распространетост на селото од двете страни на реката се забележува одредено проширување.
Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.
Стопанство
мини|300п|десно|Дел од малото жванско поле
Стопанството во ова село не е развиено. Под овој поим може да се каже само дека, жителите сами одгледуваат земјоделски производи и чуваат домашни животни. Сето тоа што го произведуваат е за свои потреби, и многу мал дел е за продажба. Најпознат производ е жванскиот грав, кој се смета за втор по квалитет во Општина Демир Хисар, веднаш после гравот произведен во село Обедник. Се сади заедно со пченка, која исто така е доста застапена. Од други земјоделски култури се одгледува пченица, компир. Друга стопанска гранка е и печуркарството. Во шумите на ова село може да се најде печурка од видовите на: врган, лисичарка, кукмарец, срњак. Во ливадите од ова село исто така може да се најде и печурката ливадарка. Постојат две сезони за собирање на печурка и тоа во пролет и есен. Собраниот производ се откупува преку посредувачи кои се сопственици на продавниците во ова село, а откупот го вршат фирми од општина Демир Хисар кој овој производ го обработуваат и го пласираат во земјата, но и на странски пазари.
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Жван имало 340 жители, сите Македонци христијани.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 240. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Жван имало 360 жители.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Жван се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 41 куќа.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Македонци.
Во текот на втората половина на XX век, од Жван се иселил значителен број од населението. Во 1961 година селото имало 904 жители, а во 1994 година 506 жители, македонско население.
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 428 жители, сите Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 242 жители, од кои 220 Македонци и 22 лица без податоци.
Родови
Жван е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1951 година родови во селото:
Староседелци: Близнаковци (7 к.), Шулевци (7 к.), Бучуковци (7 к.), Рутевци (4 к.), Грошаровци (2 к.) и Станојовци (6 к.). Со непознато потекло: Ташовци (4 к.), Џамбазовци (5 к.), Јанкуловци (2 к.), Лапевци (2 к.) и Ташовци (1 к.). Доселеници со познато место на потекло: Каравиловци (33 к.), се делат на Пецовци, Стевановци, Гроздановци, Кузмановци, Калевци и Филиповци, доселени се од мијачкото село Галичник. Го знаат следното родословие: Мице (жив на 95 г. во 1951 година) Вилип-Миленко, дошол таткото или дедото на Миленко; Талевци (4 к.), Андревци (2 к.) и Дуковци (3 к.), Андревци и Дуковци се деленици од Талевци. Доселени се од селото Базерник; Бабинци (3 к.), Калаповци (3 к.) и Кучкаровци или Талевци (1 к.), доселени се од селото Бабино; Бавчанџиовци (2 к.), доселени се од селото Бучин, Крушевско; Павлевци (7 к.), доселени се од селото Прострање; Китовци (3 к.), Здравевци (3 к.), Најдовци (4 к.) и Ендековци (3 к.), доселени се од селото Радово; Дамчевци (3 к.), доселени се од селото Слоештица и Момировци (2 к.), доселени се од Битолско.
Општествени установи
мини|300п|десно|Влезот на основното училиште „Браќа Миладиновци“ во селото Жван
ОУ „Браќа Миладиновци“ - Жван Месна заедница „Жван“ Амбуланта Пошта
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Сопотница.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Жван, во која покрај селото Жван, се наоѓале и селата Вирово, Мренога, Радово, Слоештица, Сопотница, Суво Грло и Церово. Општината Жван постоела и во периодот 1950-1952, кога влегувале селата Жван, Мренога, Слојштица, Сопотница и Суво Грло.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 648 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 268 гласачи.
Културни и природни знаменитости
мини|300п|десно|Спомен-чешката за загинатите од НОБ на сретсело мини|300п|десно|Поглед на црквата „Св. Никола Топлички“ во Топличкиот манастир
Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Градиште — населба од доцноантичко време; Латинска Црква — црква од средниот век; Мајданиште — населба и топилница од доцноантичко време; Св. Арангел — црква и некропола од средниот век; Св. Илија — црква од средниот век; Селиште — населба од доцноантичко време.
Цркви Црква „Св. Димитриј“ — позната и како „Латинска црква“, изградена во 1634 година; Црква „Св. Петка“ — гробјанска црква; Црква „Св. Архангел Михаил“ Црква „Св. Илија“
Манастири Топлички манастир — средновековен манастир
Реки Црна Река
Споменици Спомен-чешма за загинатите во НОБ
Редовни настани
Петковден (8 август) — селска слава
Личности
Родени Божин Павловски (р. 1942) — македонски писател Раде Силјан (р. 1950) — македонски поет, есеист, критичар, преведувач Никола Стојанов Калапоски — македонски револуционер од ВМОРО. Никола Јонов Кузманоски — македонски револуционер од ВМОРО. Тале Грозданов Гроздановски — македонски револуционер од ВМОРО. Трајко Петров Дамчески — македонски револуционер од ВМОРО. Коста Ристев Бавчанџиски — македонски револуционер од ВМОРО. Мирче Крстев Близнакоски — македонски револуционер од ВМОРО. Јонче Најдов Најдоски — македонски револуционер од ВМОРО. Пејко Јанкулев Јанкулески — македонски револуционер од ВМОРО. Мицко Јошев Јошески — македонски револуционер од ВМОРО. Борис Дамчевски — македонски партизан
Починати Демир Идрисовски (? Трновци, битолско - 2 април 1941) — македонски борец, убиен од страна на бугарската окупаторска власт
Поврзани Мартин и Стефан Филиповски (Next Time) — македонски музичари со потекло од Жван Јонче Христовски — по потекло од Жван
Култура и спорт
Жван во минатото имал многу успеси во спортот. Претежно во фудбалот. Најпрво се натпреварувал во општинска лига и го освоил пехарот во шеесеттите години. Потоа со квалификациите во Македонски Брод, Жван се пласира во Регион. Спортот во Жван се распаднал во 1995-1996. Денес после 15 години Жван повторно формира екипа, која очекува да започне Општинска лига за да може да се натпреваруваат.
Иселеништво До 1951 година иселеници од селото има во Битола (2 семејства), Аргентина (1 семејство), САД (1 семејство), Бугарија (1 семејство) и во Демир Хисар (3 семејства).
Иселеништвото продолжило и потоа што може да се забележи и по големиот пад на население во пописите.
Занимливости
Жван се споменува во повеќе епизоди на анимираната серија „Еднооки“. Игор Џамбазов го има во неколку наврати спомнато Жван, во познатата Жванска изрека „Во светот постојат три типа на луѓе: луѓе, нелуѓе и Жванци“.
Галерија
Поврзано Жван (Украина) — истоимено село во Виничката област, Украина
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Демирхисарски села Категорија:Села во Општина Демир Хисар Категорија:Села со слава Илинден во Македонија