Зашле — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.
Географија и местоположба
Зашле се наоѓа во југозападниот дел на Македонија, сместено на 28 километри од општинското средиште, градот Демир Хисар. Селото е планинско, сместено на надморска височина од 1.220 метри.
мини|300п|лево|Поглед на планината Лубен над селото
Селото Зашле се наоѓа на крајниот североисточен дел на Општина Демир Хисар, чиј атар се допира со подрачјето на општините Крушево и Кичево. Атарот е релативно голем и зафаќа простор од 19,1. На него најголема површина заземаат пасиштата од 1.242,6 хектари, на шумите отпаѓаат 515,4 хектари, а на обработливото земјиште 140 хектари.
Селото се граничи со селата Брезово и Кочиште (обете во Општина Демир Хисар), селата Долно Дивјаци, Горно Дивјаци, Пуста Река (сите во Општина Крушево) и селото Цер (сместено во Општина Кичево).
Во селото има две природни чешми за вода кои секогаш се со исти капацитет на истечност.
Од 1996 година патот е целосно асфалтиран, има водоводна мрежа низ целото село и телефонска говорница на сретсело до старото основно училиште и селската продавница, кои сега се напуштени.
Историја
Во век, селото Зашле било дел од Битолската Каза, во Крушевската нахија на Отоманското Царство.
Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.
Стопанство
мини|300п|десно|Поглед на планината Лубен над селото
Во минатото, населението се занимавало со производство на вар, која била продавана во градовите Прилеп, Крушево и Кичево. Воедно, главна стопанска гранка била и сточарството, кое денес е сведено на само едно стадо овци од 150 грла и 30-40 кози.
Селото има мешовита земјоделска функција. Поради планинската клима и недопрената природа, во поново време особено е развиено пчеларството.
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Зашле имало 280 жители, сите Македонци христијани.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 239. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Зашле имало 320 жители.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Зашле се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 63 куќи.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 42 жители, сите Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 12 жители, сите Македонци.
Родови
Зашле е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1951 година родови во селото:
Староседелци: Шулевци (6 к.) и Карадаг (1 к.). Доселеници со непознато потекло: Раменовци или Илијовци или Рибаровци (24 к.), Пејовци (23 к.), Богдановци (14 к.) и Малци (11 к.). За Пејовци се мисли дека потекнуваат од предок Ром (Ѓуптин), а за Малци дека потекнуваат од предок Влав. Доселеници со познато потекло: Спасеновци (1 к.), доселени се од селото Велмевци и Аризовци (5 к.), доселени се од некое село во мијачкиот крај.
Општествени установи
мини|300п|десно|Поранешното основно училиште во селото
Поранешно основно училиште
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Сопотница.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Долно Дивјаци, во која покрај селото Зашле, се наоѓале и селата Арилево, Горно Дивјаци, Долно Дивјаци, Кочишта и Пуста Река. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Растојца, во која влегувале селата Зашле, Кочишта, Ново Село, Растојца, Радово и Ракитница.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 650 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 15 гласачи.
Културни и природни знаменитости
мини|300п|десно|Главната селска црква „Св. Илија“
Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Јачмиште — населба и топилница од доцноантичко време; Дабовја — населба и топилница од доцноантичко време; Караиче — населба и топилница од доцноантичко време; Куќиште — населба и топилница од доцноантичко време; Кале — населба од средниот век; На Куќишта — некропола од доцноантичко време; Старо Кочиште — населба од средниот век.
Цркви Црква „Св. Илија“ — главна селска црква; Црква „Св. Ѓорѓи“ — манастирска црква.
Манастири Зашленски манастир
Споменици Споменик од НОБ
Редовни настани
Илинденски денови
Личности Костадин Поповски (1920-1994) — универзитетски професор и продекан на Економскиот факултет, носител на партизанска споменица од 1941 година Цвета Грозданова Кузманова — македонска револуционерка од ВМОРО. Стојан Трајков Лозаноски — македонски револуционер од ВМОРО. Грујо Илија Ангелески — македонски револуционер од ВМОРО. Ленка Велевска — македонска револуционерка од ВМОРО. Никола Симоновски — македонски револуционер од ВМОРО. Цвета Мицева Спасеновска — македонска револуционерка од ВМОРО. Танаил Ангелов Станојоски — македонски револуционер од ВМОРО. Јон Петков Станојоски — македонски револуционер од ВМОРО. Божин Стојанов — македонски револуционер од ВМОРО. Петре Јошев Ристески — македонски револуционер од ВМОРО. Мијајле Насев Ристески — македонски револуционер од ВМОРО. Степан Стојанов Фиданоски — македонски револуционер од ВМОРО. Ванчо Ристов Фиданоски — македонски револуционер од ВМОРО. Ѓоргија Јанкулески — македонски револуционер од ВМОРО. Неделко Трајчев Јосифоски — македонски револуционер од ВМОРО. Вецко Видановски — македонски партизан
Иселеништво
До 1951 година од селото имало иселеници во САД (1 семејство), Србија (11 семејства, во Јабука, Белград, Стари Бечај, Рума и во Крагуевац), Романија (4 семејства), Крушево (4 семејства) и во Бугарија (2 семејства). По иселувањето на муслиманите од селото Кочиште неколку семејства од Зашле се населиле во тоа село.
После 1960 година голем број од населението е иселено во Скопје, Демир Хисар, Битола, прекуокеанските земји (САД, Канада, Австралија) и низ Европа.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Демирхисарски села Категорија:Села во Општина Демир Хисар Категорија:Села со слава Илинден во Македонија