Ново Село — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во крајниот североисточен дел на територијата на Општина Демир Хисар, непосредно до патот Демир Хисар-Крушево. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 670 метри.

Атарот на селото зафаќа простор од 5,4 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 282 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 151 хектар, а на пасиштата 81 хектар.

Историја

Во XIX век, Ново Село било христијанско село во рамките на Битолската Каза (нахија Демир Хисар), на Отоманското Царство.

Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.

Стопанство

Селото во основа има полјоделска функција.

Население

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Ново Село имало 200 жители, сите Черкези.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 240. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ново Село имало 300 жители.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.

Селото е мало, коешто во 1961 година броело 239 жители, а во 1994 година 50 жители македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 35 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 29 жители, од кои 28 Македонци и 1 останат.

Родови

Ново Село е македонско село, а во минатото било албанско.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1951 година родови во селото:

Доселеници: Ѓоревци (2 к.), Вртигазовци (10 к.), Велевци (8 к.), Пејковци (3 к.), Димовци (1 к.), Кузмановци (2 к.), Цветановци (1 к.), Митановци (1 к.), Мијаковци (4 к.), Десановци (1 к.) и Котевци (1 к.), сите овие родови се доселени од селото Радово, повеќето родови во Радово имаат истоимени роднини; Настевци (1 к.), доселени се од селото Ракитница; Гуревци (2 к.), доселени се од селото Горно Дивјаци, Крушевско; Петревци (1 к.), доселени се од селото Душегубица, Кичевско; Деспотовци (1 к.), доселени се од селото Мало Илино и Мојсовци (1 к.), доселени се од селото Кошино, Прилепско.

Самоуправа и политика

мини|300п|десно|Поглед на главната селска црква „Св. Архангел Михаил“ над селото

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на Општина Демир Хисар.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Демир Хисар, во која покрај селото Ракитница, се наоѓале и селата Бараково, Вардино, Белче, Граиште, Единаковци, Журче, Кутретино, Мургашево, Ново Село, Лесково, Прибилци, Растојца, Сладуево, Слепче, Стругово и Суви Дол. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната Општина Растојца, во која влегувале селата Зашле, Кочиште, Ново Село, Растојца, Радово и Ракитница.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 629 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на општествена зграда.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 24 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Над Црквата — црква од средниот век; Видрауци — населба и некропола од средниот век; Над Селото — населба, црква и некропола од средниот век; и Ракински Дол — населба и некропола од средниот век.

Цркви Црква „Св. Архангел Михаил“ — главна селска црква

Иселеништво Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до 1951 година:

Од Ѓоревци во: Јабука во Војводина, Србија (едно семејство). Од Велевци во: Романија (едно семејство). Од Пејковци во: Параќин во Србија (две семејства). Од Димовци во: Крагуевац во Србија (едно семејство). Од Десановци во: Битола (едно семејство). Од Котевци во: Битола (едно семејство). Од Гуревци во: Скопје (едно семејство). Од Мојсовци во: Битола (едно семејство).

Личности

Родени Борис Христовски — македонски партизан Ратка Стојанова Јошеска (1924-) — учесник во НОВ на Македонија Веле Смилевски — македонски писател, поет, критичар и универзитетски професор.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Демирхисарски села Категорија:Села во Општина Демир Хисар