Железнец — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Селото е познато по изворите на Црна Река, а воедно од 2004 година претставува заштитен споменик на културата, поради препознатливата архитектура присутна во селото.

Географија и местоположба

Селото Железнец се наоѓа во северозападниот дел на Општина Демир Хисар, сместено во непосредна близина на изворот на Црна Река. Атарот зафаќа простор од 12,8. На него најголема површина заземаат пасиштата од 547,2 хектари, на шумите отпаѓаат 350,8 хектари, а на обработливото земјиште 151,1 хектар. Селото е сместено на 720 метри надморска височина.

Во атарот на самото село се наоѓаат изворите на Црна Река. Најголемиот извор е врелото Црна Дупка што се наоѓа над селото Железнец, додека во месноста Горно Маало има уште два извори, иако со помала издашност, никогаш не пресушиле.

Железнец е сместено во клисура на самиот регионален пат Битола-Кичево.

Околни села: Големо Илино од запад, Велмевци од север, Брезово од исток, Доленци од југоисток и Мало Илино и Бабино од југозапад и југ.

Историја

Наоѓалиштето Железник е сместено високо над селото. Потекнува од античкиот период, а во историските извори се јавува под три имиња: Градиште, Сидеро Кастрон и Железник. Во римскиот период овој град бил забележан како Сидеро Кастрон, а во средновековието како Железник, под кои име постоел сè до XIV век, кога бил „избришан“ од географската карта.

Во век, Железнец било село во Битолската Каза, нахија Демир Хисар, на Отоманското Царство.

Денешните остатоци од градот го исцртуваат главниот дел, во елипсоиден облик, со димензии север-југ околу 300 м. и исток-запад 55-70 м. Градот бил природно заштитен од јужниот и југозападниот дел со стрмните падини високи над 8 м. Бедемот од источната страна сè уште може да се следи во целина. Влезната капија сè уште се забележува. На север, каде се соединуваат источниот и западниот бедем се наоѓаат остатоци од заштитната кула. На тврдината се забележуваат и остатоци од црква, бунар и камена рачна мелница.Демир Хисар и Демирхисарско низ вековите и денес - Ванѓелко Лозаноски, Битола 2005

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.

Стопанство

Најголем дел од постојаните жители на селото Железнец се занимаваат со земјоделство, како и со собирање печурки, билки и разни други шумски плодови.

Население

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Железнец имало 320 жители, сите Македонци христијани.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 239. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Железнец имало 320 жители.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Железник се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 58 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.

Од Железнец потекнува значителна емиграција на населението. Така, селото во 1961 година броело 311 жители, а во 1994 година 86 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Железнец живееле 57 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 16 жители, од кои 13 Македонци, 1 останат и 2 лица без податоци.

Родови

Железнец е во целост населено со родови на Македонци од православна христијанска вероисповед.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1951 година родови во Железнец живееле следните родови, поделени според потеклото на:

Староседелски: Пејчиновци (4 к.), Волчевци (4 к.), Ночевци (6 к.), Ѓоргијовци (6 к.), Бачковци (6 к.), Гроздановци (5 к.), Шеповци (7 к.), Секуловци (10 к.) и Димовци (4 к.). Доселеници со непознато потекло: Малевци (2 к.). Доселеници со познато потекло: Ламбовци (4 к.) доселени се од селото Брежани, Дебрца. Го знаат следното родословие: Стојан (жив на 70 г. во 1951 година) Богоја-Стојко-Трајан, кој се доселил од Брежани; Неделковци (4 к.) доселени се од селото Оздолени, Дебрца. Го знаат следното родословие: Симјан (жив на 90 г. во 1951 година) Илија-Неделко-Огнен-Ноче, се доселил негов дедо.

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Сопотница.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Долнени, во која покрај селото Железнец, се наоѓале и селата Бабино, Базерник, Брезово, Големо Илино, Доленци, Мало Илино и Средорек. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Железнец, во која влегувале селата Големо Илино, Железнец и Мало Илино.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 649 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на селска зграда.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 24 гласачи.

Културни и природни знаменитости

мини|300п|десно|Поглед на изворот на Црна Река

Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Во Гарон — населба и топилница од доцноантичкото време; Градиште — населба од раноантичко време, опидум од доцноантичко време и средновековна тврдина; Даркојца — населба од доцноантичко време; Спилје — населба од доцноантичко време.

Цркви Црква „Св. Богородица“ — главна селска црква.

Реки Црна Река — изворите на Црна Река се наоѓаат во самото село

Споменици Споменик од НОБ за загинатите селани

Култура и спорт

Селото од 2004 година претставува заштитен споменик на културата како целина.

Иако било заштитено од страна на државата, сепак многуте стари селски куќи пропаѓаат, напуштени од самите сопственици, а без соодветна заштита од страна на властите.

Личности

Секула Сиљановски — македонски револуционер од ВМОРО. Магден Дуков Златановски — македонски револуционер од ВМОРО. Никола Вељанов Јованоски — македонски револуционер од ВМОРО. Јордан Иваноски — македонски партизан, учесник во НОВ на Македонија Вељан Милошевски — македонски партизан, учесник во НОВ на Македонија Елена Бобевска — учесник во НОВ на Македонија

Иселеништво Иселеници од селото до 1951 година имало во Бугарија (3 семејства, во Софија и во Русе), Битола (3 семејства), Србија (11 семејства, во Крагуевац и во Ниш), САД (1 семејство), Романија (9 семејства), Скопје (2 семејства).

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Демирхисарски села Категорија:Села во Општина Демир Хисар