Никола Минчев (2 ноември 1915 - 6 април 1997) ― македонски комунист, политичар и учесник во Народноослободителната војска на Македонија.
Животопис
Рани години Основното образование го добил во Кавадарци, а Учителска школа завршил во Скопје пред Втората светска војна. Учителствувал во неколку села во Македонија, во времето на Кралство Југославија. Пред самата Втора светска војна, од 1940 година, бил учител во скопското село Љубанци.
Народноослободителна борба Во Народноослободителната војска на Македонија се вклучил во 1941 година и станал член на КПЈ во 1943 година. Во текот на војната бил член на Месниот комитет на КПЈ за Кавадарци, командант на партизанскиот одред „Добри Даскалов“ и командант на Третата оперативна зона на НОВ и ПОМ. Избран е за член на Второто заседание на АВНОЈ и на Првото заседание на АСНОМ.
Политичка и државничка дејност лево|мини|Првата македонска влада, 1945. По ослободувањето, тој вршел низа раководни функции. Тој е прв министер за просвета во Владата на НР Македонија (1945-1948), а потоа е потпретседател на Владата (1948-1951) и министер за финансии (1951). Тој ја потпиша одлуката за првата македонска азбука и првиот македонски правопис и учествува при основањето на Филозофскиот факултет во Скопје.
мини|лево|Кралот на Белгија, Бодуен, и Никола Минчев вршат смотра на почесниот баталјон, 20 јули 1973 година. Бил член во собранијата на Македонија и Југославија, министер во Сојузната влада на Југославија (1958-1962), претседател на македонската Влада (1965-1968) и на Народното собрание на Македонија (23 септември 1968 - 6 мај 1974)Биографија на Собранието на Република Македонија во времето кога се создава Уставот од 1974 година во чие создавање и донесување најактивно учествувал. До 1983 година е член на Советот на Федерацијата.
Наводи
Категорија:Претседатели на Собранието на Македонија Категорија:Македонски партизани Категорија:Делегати на Првото заседание на АСНОМ Категорија:Политичари од Кавадарци Категорија:Делегати на АВНОЈ Категорија:Делегати на Второто заседание на АСНОМ